„Ноќите на дивиот крал“: Уште една тужба против Диди - Канал 5

„Ноќите на дивиот крал“: Уште една тужба против Диди

Во новата тужба поднесена против американскиот рапер Шон Комбс, познат како „Диди“, негов поранешен вработен дава увид во контроверзните забави на некогаш познатиот музичар. 

„Ноќите на дивиот крал“: Уште една тужба против Диди

Тужителот, според наводите, морал да чисти по неколкудневните секс-забави.

Филип Пајнс го тужи Диди за сексуална злоупотреба, сексуално вознемирување и секс-трговија.

Мажот ги опишува „подготовките на хотелските соби за повеќедневните оргии на Пи Диди со жени“, коишто тој ги нарекувал „Ноќите на дивиот крал“. Таму, наводно, требало да има црвени светла, кофи за мраз, мед „за машкото либидо“, масло, лубриканти, крпи, алкохол, марихуана, други опојни средства и секс-играчки.

Музичарот, според тужбата, за чистењето крв, телесни течности, дрога итн. оставал и поголем бакшиш за вработените во хотелот, со надеж дека штетата ќе остане непријавена.

Натаму, Пајнс тврди дека Диди го принудил на секс додека овој гледал, а тужителот се чувствувал „како животно кое мора да ја докаже својата лојалност“, се наведува.

Тимот на Пи Диди ги отфрли наводите од тужбата, велејќи дека раперот „ќе победи на суд“ и дека се уверени во тоа.

„Без разлика колку тужби ќе бидат поднесени, тоа нема да го промени фактот дека г-н Комбс никогаш сексуално не нападнал или силувал некого, ни мажи, жени, ниту малолетници“, се вели во одговорот.

За потсетување, Диди беше уапсен на 16 септември во Њујорк, а сега е во притвор, каде што ќе остане до почетокот на судењето закажано за 5 мај 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски во Вести Плус: Се разговара, на маса се и уставни измени со одложено дејство

Македонија има само план А за ЕУ, вели министерот Тимчо Муцунски..

Муцунски во Вести Плус: Се разговара, на маса се и уставни измени со одложено дејство

Во Вести Плус на Канал 5 Муцунски изјави дека се разгледуваат повеќе механизми за откочување на процесот,а повторно на маса се и уставни со одложено дејство.

За назначувањето на поранешниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи за специјален претставник во Брисел , решение кое предизвика бројни политички реакции, Муцунски вели дека за Владата тој бил најкометенетнен за оваа позиција. Се школувал во Белгија, имал двојно државјанство но и контакти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДОМ: Не ни требаат уверувања, туку јасни правила за изградба на дата центри

Изјавата на министерот за дигитална трансформација дека изградбата на дата центри нема да ја загрози животната средина доколку се почитуваат стандарди отвора едно многу важно прашање – кои стандарди, каде се тие и кој ќе гарантира.

ДОМ: Не ни требаат уверувања, туку јасни правила за изградба на дата центри

Изјавата на министерот за дигитална трансформација дека изградбата на дата центри нема да ја загрози животната средина доколку се почитуваат стандарди отвора едно многу важно прашање – кои стандарди, каде се тие и кој ќе гарантира дека ќе се почитуваат?

ДОМ не е против дигиталната трансформација. Напротив, Македонија има потреба од современа дигитална инфраструктура и технолошки развој. Но, зелениот и дигиталниот развој мора да одат заедно.

Во последните години сведоци сме на бројни случаи во различни области за кои институциите требаше да гарантираат дека нема да имаат негативни последици, а подоцна јавноста плаќаше висока цена поради недоволна транспарентност, слаб инспекциски надзор и недоследно спроведување на законите.

Токму затоа не се доволни политички уверувања дека „нема да има штета“. Потребни се јасни и јавно достапни правила.

ДОМ бара Владата да одговори на неколку клучни прашања:

• Дали веќе постојат јасно дефинирани еколошки критериуми за избор на локации за дата центри?

• Дали за секој проект ќе биде задолжителна проценка на влијанието врз животната средина согласно природата и карактеристиките на самиот проект?

• Дали ќе се објавуваат анализи за потрошувачката на електрична енергија и вода, како и мерките за нивно одржливо користење?

• Каков ќе биде системот за контрола и надзор врз работењето на дата центрите?

• Дали Македонија ќе ги следи најдобрите европски практики и стандарди за енергетска ефикасност, користење обновливи извори на енергија и одржливо управување со ресурсите?

Дата центрите можат да придонесат за развој на дигиталната инфраструктура, но тие истовремено претставуваат значителни потрошувачи на електрична енергија и вода. Затоа нивното планирање не смее да се сведува на политички изјави, туку мора да биде засновано на научни анализи, транспарентност и строги еколошки критериуми.

ДОМ нема да прифати и поддржи било каков проект што се темели на ветувања наместо на јасни правила, независен надзор и целосна отчетност пред јавноста.

Дигиталната иднина на Македонија мора да биде одржлива, зелена и во интерес на сите граѓани, а не на поединечни приватни интереси,се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гатузо го прекина тренингот на Лацио и го избрка највредниот фудбалер во тимот (ВИДЕО)

Тренерот на Лацио, Џенаро Гатузо, утрово го исфрли 24-годишниот Кенет Тејлор од тренингот. 

Гатузо го прекина тренингот на Лацио и го избрка највредниот фудбалер во тимот (ВИДЕО)

Снимките објавени од Радио Лацијале покажуваат како Гатузо го прекинува тренингот, луто гестикулирајќи кон холандскиот играч од средниот ред и испраќајќи го во соблекувалната.

Според информациите од Радио Лацијале, на инцидентот му претходела остра вербална расправија помеѓу тренерот и играчот. Потоа Гатузо го прекинал тренингот, му се приближил на Тејлор и му наредил да замине во соблекувалната. Холанѓанецот го извадил својот маркер и го напуштил теренот, а точната причина за конфликтот сè уште е непозната.

За Тејлор

Кенет Тејлор пристигна во Лацио од Ајакс за време на јануарскиот преоден рок за приближно 17 милиони евра. Во 21 натпревар за клубот, тој постигна три гола и запиша две асистенции. Минатата сезона, тој стигна до финалето на Купот на Италија со тимот, каде што Лацио беше поразен од Интер со резултат од 2:0. Тејлор е највредниот играч на Лацио според Трансфермаркт, со проценка од 25 милиони евра.

Раководството на Лацио го назначи Гатузо за тренер кон крајот на јуни, кога го наследи Маурицио Сари на клупата. Пред тоа, тој го водеше Хајдук Сплит, каде што помина една сезона и беше трет во првенството зад Риека и Динамо, и италијанската репрезентација, со која не успеа да се квалификува за Светското првенство откако загуби во плејофот од Босна и Херцеговина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер