Култура„Ние сите сме сами во ова“ на Иваноска и Чаловски ќе ја претставува Македонија на Венециското биенале Проектот „Ние сите сме сами во ова“ на Христина Иваноска и Јане Чаловски ќе ја претставува Македонија на годинашното 56. Биенале на уметноста во Венеција. Станува збор за инсталација со три ѕида на кои архитектонски и математички е отсликана димензијата на црквата „Свети Ѓорѓи“ од Курбиново, од 12. век, во размер 1:2. Преку ова свое дело, двајцата уметници се занимаваат со вербата како емотивна и интелектуална состојба, но и како своевидна социо-патолошка анамолија. Според комисијата која го направи изборот, „Ние сите сме сами во ова“ е квалитетно и современо осмислен проект, компатибилен со светските трендови, содржински и ликовно високо изграден, технички многу лесно изводлив, читлив за стручната јавност и пошироката публика. - Авторите Иваноска и Чаловски нудат сериозен уметнички квалитет и иновативност, јасен и актуелен концепт, техничка изводливост, комуникативност со публиката и стилско толкување на модерната, современа македонска уметност, истакна министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска на денешната прес-конференција по повод претставувањето на делото. Проектот, додаде, е вклопен и во темата на годинашното Венециско биенале „Сите иднини на светот“ преку која уметничкиот директор Окви Енвезор симболично ќе ги обедини националните павиљони на 53 земји од целиот свет со што ќе се создаде релевантно средиште на актуелните глобални културни, политички и економски текови. - Тематските определби на Иваноска и Чаловски - иконографијата и јазикот, архивираното и недокументираното, научното наспроти изворното познавање на нештата, го прават проектот несекојдневно визуелно и интелектуално искуство за гледачот, нагласи кураторката Маја Чанкуловска - Михајловска. „Ние сите сме сами во ова“ е создаван во повеќе етапи, а произлегува од силниот интерес за реконтекстуализирање на сликарското дело на анонимниот автор - зографот од Курбиново во современите концепти за истражувачката и концепт-базираната уметност. - Инсталацијата ќе се доработи и ќе биде збогатена со дополнителни уметнички интервенции. При поставувањето, ќе се обидеме максимално добро да ја адаптираме спрема просторот што ќе ни биде понуден за да го извлечеме нејзниот квалитет во целост, а можеби и за да и дадеме некоја друга, поинаква димензија, објасни авторката Иваноска. Трите ѕида на инсталацијата кореспондираат со јужниот, источниот и северниот ѕид на црквата „Свети Ѓорѓи“, а западниот е изоставен - го симболизира влезот. На нив се наоѓа првото дело - минималистички ѕиден цртеж кој го отсликува фрескописот во црквата, изведен во современа технологија, но согласно стариот начин на цртање, со малтерна основа и апликација на пигмент. Во ѕидниот цртеж потоа, се инкорпорирани поединечни дела на Иваноска и Чаловски во вид на текст цртежи, хартиени конструкции и објекти. Иваноска и Чаловски соработуваат од 2000 година. Имаат завидни уметнички остварувања дома и во странство, голем број самостојни и учества на групни изложби. На конкурсот за Венециското биенале пристигнале пет проекти, сите од Националната галерија на Македонија. Комисијата изрази жалење за слабиот одѕив. Нејзините членови, како што рекоа, очекувале со свои проект да конкурира барем Музејот на современа уметност. Причините за ваквата состојба не ги посочија, но укажаа дека Министерството за култура можеби треба да апелира до институциите повеќе да работат во периодот меѓу две изложби. Канческа - Милевска во овој контекст напомена дека конкурсите се секогаш отворени за секој што ги исполнува условите. На Биеналето во Венеција што се одржува од 9 мај до 22 ноември, Македонија досега се претставувала шест пати. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
МакедонијаЈон Фрчкоски на „Кавга со Иван“Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Јон ФрчкоскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
Здравје Зимско или летно сметање на времето? Научниците откриваат кое е подобро за здравјетоДодека се расправа за укинување на сезонското менување на времето, се поставува клучно прашање: кој временски стандард треба трајно да се усвои – летното сметање на времето или зимското? Нова канадска анализа заклучува дека за здравјето подобар избор е зимското сметање на времето бидејќи порано овозможува пристап до утринска светлина, пренесува ScienceAlert. Усвојувањето на трајно летно сметање на времето би обезбедило подолги вечери, но истовремено би го одложило изгрејсонцето во зима за еден час. Тоа значи дека луѓето што стануваат рано за работа или училиште би поминале поголем дел од утрото во темнина. Психијатарот Рејмонд Лам од Универзитетот во Британска Колумбија и неговите колеги ги процениле здравствените последици од трајното летно сметање на времето наспроти трајното зимско време. Нивната анализа ги вклучува постојните истражувања за биолошките ритми, сонот, расположението и економските влијанија, а исто така ги проучува и искуствата на земјите што веќе вовеле трајно сметање на времето. Влијание врз биолошкиот часовник Главниот биолошки часовник во мозокот ги регулира сонот, будноста и другите телесни функции; за да функционира правилно, потребна му е секојдневна синхронизација со денот. Утринската светлина помага да се помести кон порано време, додека вечерната светлина го поместува кон подоцнежно време. Еден од авторите на студијата, Ралф Мистлбергер од Универзитетот „Сајмон Фрејзер“, го објаснува ова преку едноставна аналогија: „Тоа е како да имате рачен часовник што доцни десет минути секој ден, па секое утро мора да го поместите напред.“ Со помалку утринска светлина, ритамот на спиење може да се помести кон подоцнежно будење, додека обврските како училиште и работа и понатаму почнуваат во исто време. Па, будењето навреме често резултира со кратко спиење. Разликата помеѓу биолошкиот часовник и општествениот распоред, се поврзува со полошо физичко и ментално здравје. На пример, во Торонто, со зимското сметање на времето сонцето би изгревало во 7:51 часот наутро на почетокот на јануари, додека со летното сметање на времето тоа би се случило дури во 8:51 часот. Жител што се буди во 7:00 часот би станал пред изгрејсонце и во двата случаја, но со зимското сметање на времето, денот всушност би започнал еден час порано. Искуства и ризици Истражувачите, исто така, анализирале географски податоци. Студиите покажуваат дека луѓето што живеат на западниот раб од нивната временска зона - каде што сонцето изгрева подоцна – во просек спијат помалку и имаат полоши здравствени и економски исходи. Иако овие асоцијации не докажуваат директна причинско-последична врска, тие сугерираат негативно влијание поврзано со подоцнежното изгрејсонце. Исто така се разгледувало и сезонското афективно нарушување - форма на депресија што често се јавува во зима. Едно водечко објаснување е дека биолошкиот часовник заостанува поради доцнење на утринската светлина. Додека терапијата со јака утринска светлина помага да се помести биолошкиот часовник на порано време, подоцнежното изгрејсонце има сосема спротивен ефект. Тинејџерите и младите лица може да бидат особено ранливи, бидејќи нивниот биолошки часовник природно се поместува кон подоцнежно будење во оваа фаза од животот. И покрај ризиците, некои региони веќе се одлучија за трајно летно сметање на времето. Британска Колумбија, Алберта и Северозападните Територии во Канада повеќе нема да ги поместуваат часовниците во ноември. Во САД, Претставничкиот дом во јули усвои предлог-закон за трајно летно сметање на времето, кој во моментов чека одлука од Сенатот. Сепак, историјата покажува дека таквите одлуки не се секогаш долготрајни. САД воведоа летно сметање на времето во 1974 година, но после една година се откажаа од него поради грижата за децата кои патуваат на училиште во темница. Русија го повлече истиот потег во 2014 г. откако во 2011 г. беше воведено летно сметање на времето во текот на цела година. Препораки од научниците Авторите на студијата, објавена во списанието *Canadian Medical Association Journal*, се свесни дека трајно зимско сметање на времето резултира со порано заоѓање на сонцето во текот на зимата, додека многу раното изгрејсонце во лето би можело прерано да буди некои луѓе. Сепак, тие истакнуваат дека поголем дел од доказите одат во прилог на стандардното време како поздрава опција. Нивната примарна препорака е усвојување на трајно зимско сметање на времето. Доколку властите сепак одлучат трајно да воведат летно сметање на времето, научниците советуваат воведување мерки за ублажување на последиците. Овие мерки вклучуваат можност за подоцнежно почнување на наставата и работниот ден, подобрено изложување на силна светлина во затворени простории во утринските часови, како и следење на показателите како што се проблемите со спиењето, зимската депресија и бројот на сообраќајни несреќи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
ЖивотКако клима-уредот да ви троши најмалку, а да го загрева цел стан?Подобро веднаш да ја наместите температурата што ви е пријатна, наместо да клима-уредот да го поставите на максимум, а подоцна да намалувате.Кога температурите наесен почнуваат да опаѓаат, но сè уште нема потреба од целодневно греење, инвертер-клима уредот може да биде практичен начин за затоплување на просторот. Поставувањето на температура од околу 21 °С во режимот за греење („HEAT“) може да биде добро за многу домаќинства. Сепак, не постои единствена поставка за температура што гарантира најниска потрошувачка на енергија за секое домаќинство. Ефикасноста зависи од големината на просторијата, надворешната температура, како и моќноста и степенот на енергетска ефикасност на уредот. Грешка е веднаш да го поставите клима уредот на 30 степени. Многу луѓе веруваат дека просторијата ќе се загрее побрзо ако клима- уредот веднаш се постави на 28 или 30 степени. Меѓутоа, кај инвертер-уредите, повисоката целна температура не мора да значи и побрзо загревање. Клима-уредот се обидува да ја постигне зададената температура, па изборот на превисока вредност може да предизвика уредот да работи со висок интензитет подолг временски период. Затоа, подобро е веднаш да ја поставите температурата на пријатно ниво, наместо да ја поставувате на максимум и подоцна да ја намалувате. Како можете да ја намалите потрошувачката на енергија во преодниот период? Колку е поголема разликата помеѓу надворешната и внатрешната температура, толку повеќе енергија троши уредот за да ги одржува посакуваните услови. Ова ги прави инвертер уредите особено практични во текот на есента, кога надворешните температури сè уште не се екстремно ниски. Откако ќе се постигне дадената температура, компресорот на инвертерот може да го намали интензитетот на работа и да се прилагоди на моменталните потреби на просторијата. Ако го користите клима- уредот поголемиот дел од денот, честото рачно вклучување и исклучување не мора да биде најдобриот начин за заштеда на енергија. Во многу ситуации, попрактично е уредот да одржува релативно стабилна температура. Важна е и положбата на крилцата за насочување на воздух При греење, корисно е да се обрне внимание на насоката на струењето на воздухот. Бидејќи топлиот воздух природно се крева нагоре, насочувањето на крилцата малку надолу може да помогне топлината порамномерно да се распореди низ просторијата, наместо поголемиот дел од топлиот воздух да се собира близу до таванот. За секојдневно греење можете да ја користите и автоматската поставка на брзината на вентилаторот, доколку вашиот модел на клима-уред ја поддржува таа опција. Валканите филтри можат да ја отежнат работата Потрошувачката на енергија не зависи само од поставките на далечинскиот управувач; валканите филтри можат да го намалат протокот на воздух и да ја попречат ефикасноста на уредот. Затоа, треба редовно да се чистат во согласност со упатствата на производителот. Освен тоа, лошата изолација, значителната загуба на топлина низ прозорците и вратите, или клима-уред со недоволен капацитет за просторот што се загрева, можат да ја зголемат потрошувачката на енергија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter