Македонија„Независни граѓански иницијативи“: Бараме итно носење на измените во Изборниот законик Бараме итно носење на измените во Изборниот законик за намалување на прагот за поднесување независни кандидатски листиИтни измени во Изборниот законик што во моментот не ги вклучува можностите за независните кандидати и кандидатски листи на претстојните локални избори побараа денеска претставници на „Независни граѓански иницијативи“: „Зелен хуман град“,Град Скопје, „Шанса за центар“, „Независни за Карпош“, „Поинаку“, Битола, „Зелените“ од Гази Баба, „Подобро за Тетово“ и „Стига“ од Струмица, Босилово и Ново Село. Бараат да бидат вклучени во работната група на Собранието за носење на законските измени, поднесени до Министерство за правда, Собрание на Република Северна Македонија и до координаторите на сите пратенички групи во Собранието. - Нашите барања се однесуваат на правната празнината што настана со укинување на членот од изборниот законик, со кој се подигна прагот за собирање потписи за независни листи на 1 посто, што уставниот суд го оцени како неуставен, а ние како граѓани веќе имаме искуство кандидирање на независни и со учество на истите во советите. Мислам дек анезависните прикажаа интегритет, поинакво водење политички дискусии, го подигнаа нивото на транспарентност во општините во кои делуваат, во поголема соработка се со граѓаните и пореспонзивни се на барањата на граѓаните. И тоа што веднаш пред парламентарните избори се подигна прагот на толку високо ниво, на праг што оневозможува, тоа покажува дека имаат некаков зтрав од независните. И она што кај нас е карактеристично е што политичките партии тешко постигнуваат консензус за некакви политички и државни прашања, а за оневозможување на учество на независните, брзо успеаја да го постигнат тој чекор и таа измена беше направена со заеднички барања од неколку политички партии, изјави претставничката од независните иницијативи. Според нив, Северна Македонија со ова е на листата држави кои не покажуваат никакви демократски капацитети. - Сметам дека на овој начин ги браниме Европските можности за активен плурализам. Сведоци сме дека политичките партии секојдневно го губат бројот на гласачи на сите избори, едвај стигнуваат до 50 % од гласачите, што е показател дека го губат кредибилитетот. Тоа треба да им биде сигнал за измени, но не за оневозможување на другите, туку за промени и внатрешни реформи. Со овие измени бараме да се пополни таа правна празнина на следните избори да ни се овозможи учество на што поголем број независни кандидати на листите, да имаме чисти и јасни услови со кои ќе настапиме. Бараме да се донесе ново законско решение. Од Министерство за правда и до Собранието бараме да не вклучат во работната група за носење на законот, бидејќи имаме искуство и знаења и сме заинтересирани. Бараме дополнително, по искуство од претходните локални избори, на кои не дозволија нашите имиња, имињата на групите да стојат на ливчето. Да бидат вратени и имињата на групите до имињата на кандидатите, додаваат од „Независни граѓански иницијативи“. Бараат пристап до медиумскиот простор, почитување на независните листи и кандидати, како и ДИК да ни овозможи увид во избирачкиот список. Барањата се со 50-тина потписи да се настапи на кандидатска листа, за да може да се овозможи учество и во помалите општини, зашто, велат, единствената канцеларија на ДИК во помали, рурални општини, не е секогаш пристапна за сите жители што се дисперзирани низ населените места и ги оневозможува и обесхрабрува независните кандидати да соберат потписи. Побараа законските измени да се донесат во најбрз рок, бидејќи во јули месец изборите ќе бидат распишани. Горјан Јовановски од „Зелен хуман град“ рече дека доколку не се донесат измени, мора да биде отворена, не затворена можноста за учество на независни. - Ако не се донесат нови услови, може да се примени постоечкиот закон, секој кандидат со своја изјава и пријава да може да се смета како кандидат, се зависи од толкувањето на законот од страна на Собранието и ДИК. Круцијално е да се има единствен пристап и клучно е да се донесат измените. За нас е прифатливо со 50-тина потписи за да може да се кандидира независна листа, по Европски тренд е, Европски стандарди кадешто се отвора а не се затвора слободата во кандидирањето. Ставањето бројки и проценти ќе овозможи слобода во кандидирањето само во мал број општини. Според она што го поништи Уставен суд и се накачува бројот од 1000 на 4500 потписи, е 4.5 пати пати повеќе од потребните потписи за основање партии. Како може да бидат многу поголеми услови за независните од партиите и од што се плашат партиите зад нас? Бараме да има минимален праг 50 – тина потписи, стоиме на тоа и да се овозможи уставното право секој да може да се кандидира и да учествува во работата на локалната и националната самоуправа, додаде Јовановски. Порача дека како независни, секогаш се сполотени и дејствуваме заедно за многу горливи теми што ги засегаат, како и денес. Целта е, рече, не само дали ние ќе можеме, туку законските измени да овозможат секој да може во иднина да се кандидира.Тагови: избори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
ТехнологијаКолекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата играАко се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“. Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите. Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра. Што добивате? „Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“. Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало. Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“. За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта. „GTA VI“ без физички диск Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск. Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите. Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија. „Rockstar“ има направено нешто слично и претходно Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта. Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето. Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно. Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите. Извор: Б92Тагови: GTA 6 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објаваЛука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака. На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата. „Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ. Најмладото од трите деца Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб. Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи. Извор: Индекс.хрТагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредувањеРускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики. Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес. Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград. „Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин. Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи. Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина. Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter