Шоу биз„Невозможна мисија“ во живо: Том Круз спасува снимател од покривот на воз во движење (ФОТО)Иако го скрши скочниот зглоб на снимањето на филмот „Невозможна мисија 6“ што го одложи производството на таа хит-франшиза за шест месеци, Том Круз (58) сè уште е бестрашен.Така, во „Невозможна мисија 7“, тој, на ужас на продуцентите, инсистира на тоа сам да ги изведува своите акробации наместо вообичаените каскадери, што е докажано од најновите фотографии од снимањето на тој филм во Велика Британија. Сцената е железничка пруга во Северен Јоркшир, а дејството се одвива на покривот на товарен воз, кој секако е во движење, а покрај нив трчаат и главните ликови, вклучително и филмската девојка на Круз, Хејли Атвел. Секако, филмската екипа мора да биде со нив во возот, но не се во завидна позиција, и покрај исклучителните безбедносни мерки, покажа тој вчера на сетот. И токму поради вистинската драма и спасување, Том Круз е претставен во медиумите - вистински акционен херој, човек кој спасува не само на големите екрани, туку и во реалниот живот. Имено, за време на снимањето на сцената на бркотницата во воз кој превезувал јаглен, еден од снимателите се лизнал, изгубил рамнотежа и останал да виси, за среќа прицврстен со појаси. Круз застана и започна да му помага на снимателот за да го спречи да се лизне надолу, влечејќи го назад на покривот на возот. Не беше лесно во најмала рака, бидејќи снимателот имаше голема, многу тешка камера со себе. Колку што може да се види од фотографиите, 58-годишниот актер бил безбеден, но само со тенки, едвај видливи кабли, за да не се забележи на филмот. „Дејли меил“ пишува дека 39-годишната Хејли Атвел ја гризела усната од нервоза додека ја гледала драмата, а и другите членови на филмската екипа кои биле на другиот крај од покривот на возот, исто така набрзина дојдоа на помош. Подоцна, актерот е виден како разговара со снимателот кој се лизна, очигледно сè уште под стрес од драмата. Инаку, епидемијата на корона ги уништи плановите и продукцијата на „Невозможна мисија 7“, така што новите авантури на Том Круз како агент Итан Хант треба да пристигнат во киносалите на 27 мај 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во Кочани, лишени од слобода две лицаНа 27.08.2026 полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода Д.С.(42) и В.З.(26) двајцата од Кочани, по претходни оперативни сознанија дека се сторители на повеќе тешки кражби на подрачјето на ОВР Кочани. Извршен е претрес во нивните домови, со претходно издадена судска наредба, при што биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривично дело по член 236 од Кривичниот законик на РМ. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.Тагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода возач од Шведска, на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволенатаНа 27.08.2026 околу 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „фолксваген“ со српски национални ознаки, управувано од М.С.(39) од Шведска. При извршена проверка преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.С. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно на автопатот А-1, во близина на Демир Капија, управувал со возилото со брзина од 175 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час. М.С. е лишен од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Тагови: поголема брзина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаГаши: Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлинаПретседателот на собранието Африм Гаши упати честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упатувам искрени честитки до сите православни верници и до сите граѓани кои го одбележуваат овој значаен празник. Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина и нека нè потсети на вредностите што нè обединуваат како општество. Во духот на соживотот и почитувањето на различностите, да продолжиме заеднички да градиме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува почитуван и еднаков. На сите кои го празнуваат, им посакувам добро здравје, благосостојба и пријатни празнични мигови со своите најблиски. Со почит, Африм ГашиТагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40