„Неуралинк“ доби одобрение за клинички испитувања со луѓе - Канал 5

„Неуралинк“ доби одобрение за клинички испитувања со луѓе

„Неуралинк“, компанија основана од милијардерот Илон Маск, доби одобрение за првото клиничко испитување со мозочен имплант врз луѓе.

„Неуралинк“ доби одобрение за клинички испитувања со луѓе

Истражувањето ќе трае околу шест години, и сега се одбираат првите испитаници доброволци. Тоа ќе вклучува вградување интерфејс мозок-компјутер („БЦИ“) со помош на хируршки робот „Р-1“ во местото во човечкиот мозок коешто служи за движење.

„Неуралинк“ објави дека добил одобрение од независен етички одбор да почне со избор на учесници за првото клиничко испитување на нивниот мозочен имплант за пациенти со парализа на екстремитетите. Испитувањето наречено „ПРИМЕ“ (Прецизен роботски имплантиран мозок-компјутер интерфејс), има за цел да ја оцени безбедноста на имплантот „Н-1“ и хируршкиот робот „Р-1“, како и функционалноста на „БЦИ“.

Во мај оваа година, „Неуралинк“ доби зелено светло од американската Управа за храна и лекови (ФДА) да ги почне своите клинички испитувања на луѓе. Во тоа време компанијата веќе беше под строга регулаторна контрола за тестирањето животни.

Компанијата првично планираше да вклучи 10 пациенти, но ФДА предложи тој број да се намали поради загриженоста за безбедноста на испитувањето. Кандидати можат да бидат лица кои страдаат од парализа поради оштетување на 'рбетниот мозок или амиотрофична латерална склероза. Сепак, компанијата не откри колку луѓе ќе бидат подложени да учествуваат во испитувањата. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крвава престрелка во близина на Париз: Маж пукал од автомобил, има мртви и ранети

Најмалку едно лице е убиено, а неколку други се ранети во пукотница што се случи утрово во департманот Ивлин, во западниот дел од регионот на Париз, кога маж отворил оган од возило на улицата, објавија француските медиуми.

Крвава престрелка во близина на Париз: Маж пукал од автомобил, има мртви и ранети

Според извори запознаени со случајот, осомничениот отворил оган од возило на улиците на градовите Трап и Ла Вериер околу 10:30 часот, објави BFM.

Мажот отворил оган на улица во Трап, во Ивлин, користејќи автоматска пушка, убивајќи едно лице и ранувајќи неколку други, објави Le Parisien, потврдувајќи ги информациите од весникот „Aktu17“.

Осомничениот за пукотницата е уапсен од Бригадата за борба против криминалот (BAC), објави парискиот весник, а телевизијата BFM објави дека е уапсен во градот Коањер.

Префектурата Ивлин соопшти дека службите за итни случаи моментално реагираат.

„Утрово, едно лице отвори оган од своето возило врз неколку луѓе со кои се сретна во Трап и Ла Вериер. Со жалење известуваме за смртта на едно лице во оваа фаза“, напиша градоначалникот на градот, Али Рабех, на Фејсбук.

Според претходните информации, најмалку две лица се тешко повредени, а бројот на повредени може да биде поголем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрога

Акциска контрола во угостителски објект во Тетово, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.

Двајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрога

На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово и од мобилниот тим „Task Force“ во координација со претставници од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во угостителски објект во Градскиот трговски центар во Тетово.

Притоа, пред објект бил затекнат М.Р.(48) од Тетово и при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, по што е лишен од слобода. Додека, внатре во објектот, кај сопственикот Ј.Т.(54) од село Требош биле пронајдени 15 пакувања со бела прашкаста материја, по што и тој е лишен од слобода.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Муцунски ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 23 Октомври

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Министерот Муцунски ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 23 Октомври

По повод празникот, министерот Муцунски истакна дека 23 Октомври е потсетник на идеалите за слобода, самостојност и државотворност и ден на почит кон генерациите што го трасирале патот кон современата македонска држава.

„Наша обврска е тие идеали да ги чуваме со достоинство и да градиме силна, стабилна и меѓународно почитувана држава, одговорно водејќи ја кон напредок и нови достигнувања“, порача Муцунски.

Свои на своето – нека е честит Денот на македонската револуционерна борба!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер