Непотврдено: Груевски во Албанија влегол нелегално кај Дебар?

Граничниот премин “Блато” кај Дебар бил излезот преку кој поранешниот премиер Никола Груевски во неделата на 11 ноември влегол во  Албанија, објавија албанските медиуми, повикувајќи се на извори во полицијата.

Весникот “Дита” пишува дека Груевски со негови сигурни луѓе нелегално влегол на албанската територија, а по влезот со придружба заминал за Тирана. Потоа, како што е познато, со унгарско дипломатско возило вечерта бил префрлен во Црна Гора.

Весникот, наведува дека самиот факт што екс премиерот немал проблеми на излезот од Албанија на преминот “Хани и Хотит” и покрај тоа што нема регистриран легален влез во земјата, говори дека минувањето преку Албанија било добро организирано.

Дел од албанските медиуми пишуваат дека евентуална вмешаност во ова може да има и албанскиот претседател, Илир Мета, но и албански бизнисмен кој има бизниси и во Македонија,

Од македонското МВР за Канал 5 велат дека во истрагата, која е по налог на обвинителството, се прибавени сознанија и информации, но се чека на нивно потврдување и од таа причина деталите за исходот од истражните дејствија ќе бидат соопштени кога таа ќе заврши. Она што е сигурно за МВР е дека Груевски се уште наоѓа во Унгарија.

Според сознанијата со кои располагаме и разговорот со МВР на Унгарија, Груевски се наоѓа во Унгарија каде ја чека одлуката на властите за неговото барање за азил. – соопшти МВР за Канал 5.

По бегството на Груевски, институциите почнаа да си ја префрлаат одговорноста една на друга.

Правниците велат дека судот е најмалку одговорен, бидејќи самиот нема надлежност да одредува притвор и дека во случајот СЈО требало да го побара по изрекувањето на пресудата.. Но, штом тоа не беше случај, главната одговорност да внимава на движењето на Груевски е кај полицијата, вели Канал 5 правниот советник Андреј Божиновски.

„Полицијата би требало да има сознанија за секој субјект на кој му се одземени патните исправи, каде е, што прави во секое време, особено за најпознатиот човек во Македонија и што е субјект на сите обвинителни акти на СЈО. Полицијата требаше да знае и требаше да реагира. Според мене треба да се направи внатрешна проверка и да се реорганизираат да ги зајакнат капацитетите пред да пробаат да го вперат прстот кон Судот. Судот е во голема реформа и не викаме дека судот е златен, но во овој случај судот е најмалку крив и тој постапува во рамки на обвинителен акт, што им се дава од страна на обвинителството. Судот ја заврши својата работа ја донесе пресудата. Неговата надлежност завршува таму. Обвинувањето на полицијата кон Судот е многу несериозно во смисла на ставање невидлив притисок кон судиите, негативен секако, да ја изрекуваат најтешката мерка - притвор во другите случаи кои не се поврзани со овој предмет. “ - – изјави Андреј Божиновски, правен советник.

Сега, македонските власти се надеваат дека Груевски ќе биде екстрадиран од унгарските власти.

Барањето ќе биде испратено штом заврши преводот на списите, информираат од Министерството за правда.

Инаку, и понатаму останува мистерија како Груевски стигнал до Будимпешта.. Ни владата на Орбан, ниту српските власти не соопштуваат детали за тоа кога и како експремиерот го продолжил патот од црногорско-српската граница, каде последно е регистриран во неделата вечерта околу 22 часот.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер