Груби за една недела излегува од куќен притвор, нуди гаранција над 335.707 евра за враќање на пасошот
1Груби за една недела излегува од куќен притвор, нуди гаранција над 335.707 евра за враќање на пасошот
Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
2Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
Култура„Неопланта“ на МОТ во изведба на новосаѓаните „Ујвидеки синхаз“„Неопланта“ е претставата со која вечерва во МКЦ во рамки на МОТ гостува Новосадскиот театар „Ујвидеки синхаз“. „Неопланта“ во режија на Андраш Урбан е работена според истоимениот и во последниве неколку години најпреведуван и најпретставуван во разни земји роман на Ласло Вегел. Таа на свој начин, се наведува, опуштено раскажува како се живее во мултинационални/мултикултурни градови какви што се, на пример, Нови Сад – некогаш Неопланта, или Скопје или кој било друг град на кој било меридијан во светот. Новосадскиот театар „Ујвидеки синхаз“ е формиран 1974 година со цел да помогне во зачувувањето на културниот идентитет на Унгарците во Војводина. Меѓутоа, набрзо станува место каде што растат многу посериозни и покомплексни театарски приказни… Со текот на времето, овој театар успева да прерасне не само во место каде што се собира унгарската елита, туку и во место каде што се надраснува унгарската рамка и кое денес важи за еден од најрелевантните театри во Србија и регионот. Во терминот од 18 часот на сцената на МНТ, МОТ-овската публика ќе може да ја проследи претставата „Дневникот на лудакот“ во изведба на Moving Music Theatre (ММТ) од Битола. Станува збор за моноопера базирана на класичен текст, инвентивен проект зад кој стојат композиторот и режисер Марјан Неќак и главниот изведувач Озрен Грабариќ заедно со креативниот тим на младиот ММТ. - Театарот насловен со впечатливото име создава современа музика за театар и танц, современи форми на опера, музички и театарски експериментални изведби. Таква е и претставата/монооперата Дневникот на лудакот, базирана на истоимениот краток расказ од рускиот мајстор на раскажувањето Николај Васиљевич Гогољ, наведуваат од МОТ. Последниот термин од 22:30 часот е резервиран за „Кој пукаше на 21-ви?“, продукција на МКЦ. Револуцијата во Романија, 1989-та е земена како главна тематика на драмата Мад Форест на британската авторка Керил Черчил, а нејзиното поставување во 2014 година во Македонија прави паралела со тековната општествена ситуација. - Тргнувајќи од ваква драмска предлошка, според принципите на трендот на документарниот театар, општествениот контекст е претставен низ конкретни семејни и интимни приказни на ликовите, а фабулата, според фрагментарната драмска структура на авторката е прикажана низ три основни поглавја. Режисерката Нина Николиќ создава претстава што е позиционирана на неколку плана, со цел да се направи сложувалка од главниот настан и ликовите вклучени во него. И видеоматеријалот и конкретните сценски изведби, како и вмрежувањето на неколкуте доминантни микростории, се поставени како своевидна текстура од која треба да се нагласи главното прашање поставено и во насловот на претставата, се наведува за претставата. Актерската игра е колективна, составена од актери од различни театри и слободни уметници, целосно фокусирана на драмското дејство, поточно на совладувањето на трагиката и на нејзино поставување на главен елемент околу кој се развива самата претстава. - Тоа значи дека благодарение на актерите и нивната непосредна игра одбегнато е класичното, емотивно поврзување со приказната и е направена современа актерска интервенција во создавањето на претставата. Претстава што опоменува, влијае, дише, се движи, претстава што е актуелна во еден актуелен миг и претстава што треба да се види, велат од МОТ за претставата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
МакедонијаГруби за една недела излегува од куќен притвор, нуди гаранција над 335.707 евра за враќање на пасошотАртан Груби од 13 октомври ќе се брани од слобода – поранешниот прв вицепремиер кој е второобвинет во случајот со милионски злоупотреби во Државна лотарија, за точно една недела отсега ќе излезе од домашен притвор. Според судот, истекувањето на законските рокови во кои тој може да остане во притвор, се главна причина зошто оваа мерка престанува да важи. -Обвинителниот предлог, по кој е заведен кривичниот предмет, е поднесен на 13 август 2026 година. Согласно член 470 од Законот за кривична постапка, притворот може да трае најдолго 60 дена од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог. Заради тоа, како што беше посочено и претходно, а истото беше потенцирано и од страна на судијата кој постапува по предметот, по сила на Законот, мерката куќен притвор за овој обвинет истекува на 13 октомври 2026 година,- – Кривичен суд Скопје. По 13 октомври Груби ќе биде на слобода, но пасошот и натаму ќе му биде одземен, како мерка која што ќе продолжи да важи и по истекувањето на мерката домашен притвор. Сепак, одбраната веќе понудила гаранција од над 330.000 евра во недвижен имот за да му биде вратен пасошот. На потег се обвинителството и судот. -Одбраната понуди недвижен имот во вредност од 335.707 евра како гаранција дека обвинетиот ќе биде достапен на органите на прогонот во текот на кривичната постапка. По понудената гаранција е оформен предмет, кој е доставен на мислење до надлежното јавно обвинителство. По добивањето на мислењето, Кривичниот совет ќе постапува по предлогот,- – Кривичен суд Скопје. Случајот со злоупотреби во Државна лотарија од 9,7 милиони евра е во фаза на испитување на сведоци на обвинителството, а првообвинет е поранешниот директор на лотарија Перпарим Бајрами, кој како и Груби на почетокот од оваа постапка беше во бегство. Покрај Бајрами и Груби пак, за предметот државна лотарија на обвинителната клупа се уште шестмина други лица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
МакедонијаМицкоски без големи очекувањат од средбата во Софија: Очекувам дијалог на „коњопој“... Премиерот Мицкоски нема никави очекувања во пресрет на средбата меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и неговата бугарска колешка Велислава Петрова Чамова, која по предлог на Урсула Фон дер Лајен би требало да се одржи задутре во Софија.До овој момент во МНР не е стигнат официјален одговор од Бугарија на барањето кое Муцунски го испрати уште во петокот. Од бугарска страна засега има само порака дека на маргините на конференцијата за Коридорот 8 во Софија ќе има можност за билатерална средба, но без потврда дека таа е договорена и без прецизиран термин. -Имајќи ја предвид мојата анализа, којашто вчера му ја кажав на министерот за надворешни работи, ќе бидам дипломатски некоректен, а имајќи го предвид однесувањето на официјална Софија не очекувам потврда, не очекувам ништо, очекувам некој дијалог ‘пул а сајд’, ние така го викаме, на коњопој, и тоа отприлика да биде тоа, рече премиерот Мицкоски. Од опозицискиот СДСМ, пак, реагираат дека Мицкоски намерно го кочи европскиот пат и разгорува тензии со Бугарија пред средбата на министрите за надворешни работи во Софија, откако претседателката на ЕК, како што велат, му ги разобличила лагите за загрозениот идентитет и јазик. -Сега ќе бидеме сведоци, веќе сме сведоци, за жал, на една стратегија на поткопување на целата оваа состојба, целата атмосфера околу средбата којашто треба да се случи со нашиот источен сосед. Уште пред да се случи таа средба, гледаме стратегија на поткопување на таа средба. Премиерот Мицкоски, сега ќе не тера да размислуваме и да зборуваме само за она што се случувало во минатото, изјави Жерновски. За дел од аналитичарите евентуална средба меѓу шефовите на дипломатиите во Софија е добар обид за обновување на директната комуникација и би дала позитивен импулс во заладените односи меѓу двете страни. Марко Трошановски не очекува суштински поместувања, но смета дека ваква средба е почеток на поконструктивен дијалог меѓу Скопје и Софија. -Мислам дека станува збор за средба којашто исклучително поволно би влијаела за подобрување на тензичните односи. Не очекувам суштински поместувања секако, меѓутоа е позитивен импулс во насока на некакво разбирање. Мислам дека треба да се случи, со што двете страни би требало да се воздржат од победнички тон во изјавите или некаква ултимативна нота. Би требало да биде официјална билатерална средба, не спорадична, како што досега беа ситуациите, смета Марко Трошановски. Муцунски и Петрова Чамова имаа една официјална средба во мај, годинава, на маргините на состанокот на НАТО во Шведска. Средбата се одржа во амбиент на затегнати билатерални односи и на иницијатива од македонскиот министер Муцунски, но заврши без поместување на позициите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПензискиот систем е под контрола, уверува премиерот МицкоскиНема простор за грижи, пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Христијан Мицкоски и покрај тоа што дефицитот на ПИОМ надмина 1 милијарда евра. Вели дека секогаш која се кројат владините политики се земаат предвид и анализите на експертите, но не се согласува со ставот на Фискалниот совет и директорот на фондот Мемов кои вчера дадоа предлози за реформи, меѓу кои и зголемување на придонесите. Засега промени нема да има, ниту во делот на зголемување на старосната граница, кажа премиерот, кој вели дека пари има, само треба да се пренасочуваат од таму кадешто има злоупотреби. -„ Ние во моментот имаме стабилен пензиски систем и во таа насока ќе продолжиме и во иднина. Не треба апсолутно никој да се грижи. / Ние сме процениле дека политиката којашто значеше зголемување на пензиите линеарно, од една страна значеше дополнителен товар на буџетот, но од друга страна значеше намалување на стапката на сиромаштија во државата, по која бевме лидери во регионот. Сега тоа е променето. “-Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Наспроти тврдењата на премиерот, опозициската СДСМ обвинува дека ПИОМ е пред колапс. Оценуваат дека власта не води сметка за пензионерите и ги става во неизвесност, со план финансиската дупка да се покрива на штета на работниците. „ Исплатите на пензиите на сегашните и идните пензионери се во ризик. И што прави криминалната власт? Посегнува по џебот на граѓаните, по парите на компаниите, најавува зголемување на придонесите за пензиско осигурување. Нов арамилук. “-Јованка Тренчевска – потпретседател на СДСМ. Во однос на минималецот за кој СДСМ имаше предлог и во Собрание да се покачи на 600 евра, премиерот изјави дека тој е за повисоки плати, но овој процес според него треба да се одвива преку дијалог меѓу работодавачите и работниците. Таа во моментов изнесува 26.046 денари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter