„Недела на италијанскиот филм – ITALIAN SCREENS“ - Канал 5

„Недела на италијанскиот филм – ITALIAN SCREENS“

Од денеска до 14 јуни во Кинотека на Македонија ќе се одржува XXV издание на „Неделата на италијанскиот филм – ITALIAN SCREENS“. 

„Недела на италијанскиот филм – ITALIAN SCREENS“

Тој е организиран од италијанската амбасада во Скопје, во соработка со Италијанскиот културен институт во Белград и Кинотеката на Република Македонија.

Фестивалот е под покровителство на проектот ITALIAN SCREENS, проект за поддршка на интернационализацијата на италијанскиот аудиовизуелен сектор, чија цел е промовирањето на најдоброто од италијанската филмска продукција во странство и вклучува и алатки за поддршка на италијанската кинематографија како што се даночни кредити и средства за дистрибуција и копродукции.

-На овогодишното издание ќе бидат прикажани шест од најуспешните филмски остварувања на современата италијанска кинематографија. Филмовите, сите дистрибуирани помеѓу 2024 година и првите месеци на 2025 година, се учесници на престижни меѓународни фестивали и добитници на значајни награди и признанија од критиката и јавноста. Темата што совршено ги обединува насловите во програма е патувањето: интерпретирано во буквална смисла со значење на пат кон родната земја или далеку од неа - но исто така и како визуелно, внатрешно, егзистенцијално, временско или емоционално патување, велат организаторите.

Фестивалот денеска ќе го отвори „Партенопе“ (2024), најновото ремек-дело на наградуваниот Паоло Сорентино: филм кој претставува единствен склоп на поезија, носталгија и љубов кон Неапол, родниот град на режисерот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

JП Комунална хигиена спроведе акција за чистење во гимназијата „Орце Николов“

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше акција за генерално чистење во СУГС „Орце Николов“. 

JП Комунална хигиена спроведе акција за чистење во гимназијата „Орце Николов“

Во текот на акцијата беа собрани и транспортирани 20 кубни метри претежно кабаст отпад од училишните простории и дворот на гимназијата.

ЈП Комунална хигиена-Скопје секоја година спроведува и едукативни активности во оваа скопска гимназија, во чиишто рамки учениците се запознаваат со активностите на Претпријатието и како преку правилното постапување со отпадот и примарната селекција да ја заштитат својата животна околина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Работна посета на министерот Муцунски на Лондон

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Лондон.

Работна посета на министерот Муцунски на Лондон

Во британскиот Форин офис, министерот Муцунски ќе оствари средба со својот хомолог, државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ивет Купер.

Во насока на унапредување на надворешната трговија и поттикнување на извозот, министерот Муцунски ќе присуствува на отворањето на првиот вински саем на земјите од Централна и Источна Европа во Лондон, а воедно ќе го посети и македонскиот павилион на овој саем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно и топло со температура до 34 степени, утре предупредување за невреме

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди, а попладне на повеќе места се очекува развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

Променливо облачно и топло со температура до 34 степени, утре предупредување за невреме

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 9 до 18 степени, додека максималните ќе достигнат меѓу 28 и 34 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 14 до максимални 32 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, и во наредните денови ќе се задржи топло време. Утре на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, а локално се можни и поинтензивни процеси со пообилни врнежи и ретка појава на град. Од четврток следува претежно сончево време со променлива облачност и слаб до умерен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер