3Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море
Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
2 Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
Здравје„Натура Терапи” донираше пренослив ЕХО апарат за ултразвучна дијагностика на Детска клиникаДенес клиниката за детски болести во Скопје доби значајна донација од компанијата Натура Терапи. Станува збор за современ, пренослив ЕХО апарат за ултразвучна дијагностика, во вредност од 10.000 евра, набавен во договор со одговорните лица во клиниката. Апаратот овозможува брза, точна и сигурна дијагностика, и ќе помогне децата да добијат квалитетни медицински прегледи. “Покрај бројните функционалности за навремено и прецизно дијагностицирање на одредени болести кај децата, предноста на овој апарат е што е пренослив и може да се употребува по потреба во разни одделенија, да се користи во ургентни ситуации и во приемните одделенија. Добивме значајна донација која многу ќе ни помогне во работењето, во третманите и лекувањето на клиниката”, изјави Директорката на детската клиника Проф. Д-р Аспазија Софијанова. “Натура Терапи” дел од оваа заедница и од животните приказни на луѓето од Македонија и токму поради тоа ја реализираме оваа донација, која беше резултат на неколку месечна добротворна акција насловена „Секое дете заслужува да расте здраво и среќно“ во која можеше да се вклучи секој поединец кој се чувствува хуман и е дел од оваа заедница. Се надеваме дека со оваа донација ќе се овозможат подобри здравствени услови за децата на кои тоа им е најпотребно. Секое дете заслужува да расте здраво и среќно, а сите ние заедно треба да помогнеме и да им обезбедиме подобра нега и грижа. Денес, обврска на една компанија не е само да произведува здрави и квалитетни производи кои им помагаат на луѓето во секојдневниот живот, туку и да помага во локалната заедница. Да покаже грижа, емпатија, да едуцира и континуирано да биде активна со општествено корисни активности од интерес на сите”, изјави Сашко Дрвошански, нутриционист, Менаџер за истражување, развој и едукација во Натура Терапи и еден од иницијаторите на оваа хумана акција. Како општествено одговорна компанија “Натура Терапи” континуирано иницира и помага проекти од хуманитарен карактер отсликувајќи ја својата заложба за подобар живот за сите и развивајќи го чувството за помош, поддршка и солидарност во соработка со локалната заедница. Таа заложба ќе биде императив во работењето и во иднина, велат од компанијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Балкан15 случаи на вирусот Западен Нил во Хрватска, 10 имаат тешка форма на болестаВо Хрватска годинава се пријавени петнаесет случаи на инфекција со вирусот на Западен Нил, кај десет лица со симптоми се развила невроинвазивна форма на болеста и било потребно болничко лекување.Во Хрватска годинава се пријавени петнаесет случаи на инфекција со вирусот на Западен Нил, кај десет лица со симптоми се развила невроинвазивна форма на болеста и било потребно болничко лекување, според податоците на Хрватскиот институт за јавно здравје (HZJZ). Не се регистрирани смртни случаи, додека пет од пријавените случаи биле асимптоматски. Заклучно со 4 септември, Хрватскиот институт за јавно здравје имал регистрирано 10 инфекции, кои опфаќаа шест хоспитализирани пациенти и четири асимптоматски случаи. Оттогаш се пријавени уште пет случаи, а бројот на хоспитализирани пациенти се зголеми од шест на десет. Сите лица кај кои се појавиле симптоми имаат невроинвазивна форма на болеста, што значи дека инфекцијата го зафатила централниот нервен систем. Ова може да се манифестира како менингитис, енцефалитис или други тешки невролошки состојби. Повеќето од заболените се постари мажи, шема за која Хрватскиот институт за јавно здравје забележува дека е типична за оваа инфекција. Институтот не објави детална статистика според возраста и полот со цел да се заштити приватноста на пациентите. Сите пет асимптоматски инфекции се откриени кај доброволни дарители на крв. Еден од овие случаи е регистриран по 4 септември. Тестирањето на дарителите на крв овозможува откривање на инфекции кај поединци кои не покажуваат симптоми – мерка што се спроведува за заштита на примателите на крвни продукти. Досега, инфекции се пријавени во градот Загреб и во окрузите: Загреб, Крапина-Загорје, Осиек-Барања и Копривница-Крижевци. И покрај порастот на пријавените случаи, Хрватскиот институт за јавно здравје (HZJZ) продолжува да ја оценува епидемиолошката состојба како вообичаена за овој период од годината. Тие исто така ја истакнуваат изразената сезонска варијабилност на инфекциите со вирусот на Западен Нил. Институтот очекува појава на нови случаи во наредниот период, во зависност од временските услови што влијаат врз активноста на комарците. Вирусот на Западен Нил првенствено се пренесува преку каснување од заразен комарец. Повеќето инфекции се асимптоматски, додека невроинвазивните форми на болеста се ретки и почесто се јавуваат кај постари лица и кај лица со хронични заболувања.Тагови: Западен Нил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во СкопјеВо Народната канцеларија во Скопје, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средби со граѓани кои пројавиле интерес директно да споделат со неа и со Кабинетот лични проблеми.Во Народната канцеларија во Скопје, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средби со граѓани кои пројавиле интерес директно да споделат со неа и со Кабинетот лични проблеми, но и успеси, да изразат критички поглед кон определени појави, институции и односи, но и пофалба и поддршка, да презентираат идеи и иницијативи за решавање на воочените институционални недоследности и аномалии, или за доградба и усовршување на добрите состојби. Дел од посетителите ѝ укажаа на тешкотиите и неправдите при обидите за вработување, за примерите на потценување на стручноста и компетентноста и преценување на фамилијарната, политичката и партиската припадност, други, на соочување со занемарување на посебните потреби на лицата со попреченост и недоволната грижа за нив, како и за нивна исклученост од процесите на одлучување, трети, на честата незаинтересираност на државната и локалните власти за користење на нивното докажано знаење надвор. Сиљановска-Давкова, откако со своите соработници ги ислуша граѓаните, го поздрави нивното доаѓање, ги запозна со претседателските надлежности, како и со улогата на нејзиниот Кабинет во информирањето на надлежните органи за добиените предлози, идеи и иницијативи, како и во доставувањето на граѓанските претставки до нив. Таа, исто така ги сподели своите ставови и видувања за поставените прашања и можните решенија на истите. На крајот, таа и членовите на Кабинетот им ја предочија отвореноста и достапноста на Народната канцеларија за свикување поширока дебата за проблемите и прашањата што ги засегаат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното мореКина побарала од Иран да го искористи своето влијание врз јеменските Хути. Целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море.Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија активностите долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика на воздржаност, дијалог и безбедна пловидба.според ирански извори, Техеран смета дека стабилноста зависи од завршувањето на конфликтот. Пекинг е загрижен за безбедноста на клучните енергетски и трговски маршрути.Кина е најголем трговски партнер на Иран и значаен купувач на неговата нафта. Пекинг во 2023 година посредуваше и во приближувањето на односите меѓу Иран и Саудиска Арабија. Сепак, не е јасно дали Техеран ќе постапи според барањето на Кина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter