Поп-Илиоски: Менторот Филипче и Горан Бетон Герасимовски, ветуваа затворање на Дебар Маало, а го прават животот на жителите уште потежок
1Поп-Илиоски: Менторот Филипче и Горан Бетон Герасимовски, ветуваа затворање на Дебар Маало, а го прават животот на жителите уште потежок
Македонија „НаТочак“: Решението за БРТ не смее да биде на сметка на пешаците и велосипедистите„НаТочак“ бара јавноста да го види целото решение пред да започне деталното проектирање на системот што ќе ги промени главните скопски булевариВоведувањето на БРТ може да биде важен чекор за Скопје, но не смее да се претвори во изолиран проект за автобуски траси, туку треба да биде дел од интегриран систем со железницата, останатиот автобуски превоз, пешачењето и велосипедизмот, предупредува „НаТочак“. Иницијативата на 2 октомври достави допис до Град Скопје и ЈСП (целосен текст достапен на линкот) со низа предлози за проектот. Причината за дописот, велат, е што БРТ нема само да пренамени 2 автомобилски во 2 автобуски ленти, туку ќе го промени целокупното сообраќајно решение на дел од главните булевари (пресек на булеварите, подземни инсталации, крстосници). Еден од најголемите ризици што го посочуваат е начинот на кој ќе се распредели ограничениот простор. Булеварот „Јане Сандански“, со профил од околу 60 метри, овозможува различни решенија. Но, „Партизански одреди“, „Климент Охридски“, „Кочо Рацин“, „11 Октомври“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ се значително потесни, 30, 40, максимум 50 метри и ја немаат истата комоција. „Концептот треба да почне од најслабите точки“, сметаат од „НаТочак“, односно од делниците каде просторот е најограничен, за да се избере решение со најмалку штета за останатите видови транспорт. Особено го проблематизираат решението на „Партизански одреди“, каде во делот кај Буњаковец и Архитектонскиот факултет пешачките и велосипедските површини се со искористен капацитет и веќе се на граница на функционалност. Според „НаТочак“, доколку таму дополнително се намалат тротоарите за да се обезбеди простор за новиот концепт, пешаците и велосипедистите би можеле да бидат ставени во меѓусебен конфликт. „Пешачкиот и велосипедскиот сообраќај не се споредна инфраструктура во однос на БРТ. Тие се дел од истиот систем на одржлив транспорт и директно го хранат БРТ“, велат од иницијативата. „Само заедно со таков пакет можеме да дадеме алтернатива на автомобилската доминација“. Од „НаТочак“ посочуваат дека времето на патување со јавен превоз не е само времето поминато во автобус. Во него влегува и времето потребно за пешачење (или возење велосипед) до станицата, преминување улици и трансфер од една линија на друга. Затоа бараат станиците на БРТ да бидат добро поврзани со другите автобуски линии и железницата, со кратки и безбедни пешачки врски, усогласени возни редови и интегриран билетен систем. Десни или леви врати - прашање што го менува целиот профил Една од клучните дилеми е и позицијата на БРТ во сообраќајниот профил и типот на врати на возилата. Решението автобусите на БРТ да се движат во најлева лента, а да бидат со десни врати може да има предности, но, според „НаТочак“, мора да се пресмета и што ќе чини тоа решение во простор: нови или проширени жардињери, двојни станици, преместување инсталации (атмосферска, гасовод, топловод…) и можни интервенции во постојните велосипедски и пешачки површини. Од друга страна, централното поставување на станиците или користењето леви или двојни врати може да има поголеми трошоци за автобусите, но и да овозможи подобро искористување на ограничениот простор и помали трошоци за градежни работи. Кое решение е подобро, велат, не треба да се одлучува само по принцип „што е подобро за постојните автобуси“, туку врз основа на конкретни податоци за времето на патување, трошоците и последиците врз целиот сообраќаен систем, oсобено пешачката и велосипедската инфраструктура. Од иницијативата бараат да се објават и различните разгледувани варијанти (повеќе од 2-те кои ги илустрираат), предностите и недостатоците на секоја од нив, како и критериумите според кои е избрана сегашната варијанта и како таа се бодува според меѓународните стандарди. БРТ како можност за подобар град „НаТочак“ бара во проектот да се предвидат и услови за идниот развој на системот - меѓу другото, можност БРТ коридорите во иднина релативно лесно да се адаптираат за трамвајски превоз, а сите улици кои се планираат за градежни работи (како на пр. „Цветан Димов“) од старт да ги земат предвид барањата за втората БРТ линија, а не да се прекопува за неколку години. Бараат и БРТ да има приоритет на семафорите, да се решат конфликтите со останатиот сообраќај и да се обезбеди универзална пристапност на станиците, тротоарите и премините. Посебно внимание посветуваат на јавниот простор околу станиците, кој според нив не треба да биде само место за влез и излез од автобус, туку квалитетен простор со зеленило, сенка, места за седење, вода, информации и безбедни паркинзи за велосипеди. Сепак, најголемото барање е транспарентност. Од „НаТочак“ велат дека јавноста сè уште нема можност да го види целосното избрано решение, туку главно располага со изјави и неофицијални визуелни материјали. „Не е доволно јавноста да добие само една сликичка од решението и усни раскажувања“, велат од иницијативата, барајќи да се објават напречните профили, анализите, алтернативите и податоците врз основа на кои е избрана конкретната варијанта. За проект од ваков обем, сметаат, јавната дебата не треба да се случи откако решенијата веќе ќе бидат донесени. „Ако еден мал ДУП кој засега стотина жители заслужува јавна презентација и анкета, уште повеќе тоа го заслужува проект кој засега стотици илјади жители на Скопје“, велат од „НаТочак“. Од иницијативата нагласуваат дека не се против БРТ и дека нивната цел е системот да биде успешен и долгорочно функционален. „БРТ треба да се искористи како можност Скопје да добие интегриран, пристапен и одржлив транспортен систем, а не само нова автобуска инфраструктура. Развојот на БРТ мора да биде пропратен со развој на пешачката и велосипедската инфраструктура, а не нивна деградација“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоп-Илиоски: Менторот Филипче и Горан Бетон Герасимовски, ветуваа затворање на Дебар Маало, а го прават животот на жителите уште потежокДенес сме на улицата „Рузвелтова“, каде што се отвора сериозно прашање за безбедноста на граѓаните. Почитувани центарци, Почитувани претставници на медиумите, Денес сме на улицата „Рузвелтова“, каде што се отвора сериозно прашање за безбедноста на граѓаните. Влезот во објектот е предвиден од главната улица, наместо од задната страна, со што се отвора прашањето за безбедноста на пешаците и возилата. Во населба каде што паркирањето е огромен проблем, а зеленилото сè помалку, секое вакво решение дополнително го оптоварува просторот. Господине Горан Бетон Герасимовски, ветувавте дека ќе го затворате Дебар Маало за да го заштитите квалитетот на живот на жителите. А денес, наместо да им го олесните животот, дополнително им ги отежнувате секојдневието и движењето! Каде се ветените решенија за безбедноста, паркирањето и зеленилото? Герасимовски, граѓаните заслужуваат да знаат кој ги одобрил ваквите решенија и дали е направена соодветна процена на безбедноста. Не може да се ветува уредено и хумано Дебар Маало, а притоа да се носат одлуки што отвораат нови проблеми за луѓето што веќе живеат таму. Дебар Маало не е простор за експериментирање на сметка на граѓаните! Бараме Општина Центар да ја преиспита безбедноста на влезот од „Рузвелтова“ и јавно да објасни како ќе ги заштити пешаците, ќе го решава паркирањето и ќе го зачува зеленилото. Жителите заслужуваат решенија, а не уште едно неисполнето ветување! Сашо Поп-Илиоски, претседател на правна комисија на ОК Центар Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаХоџа: Пет дигитални модули за поголема транспарентност и поефикасна заштита на животната срединаМинистерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на денешната прес-конференција ги презентираше петте модули на иницијативата „Зелен пресврт низ дигитализација“, насочени кон поголема транспарентност.Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на денешната прес-конференција ги презентираше петте модули на иницијативата „Зелен пресврт низ дигитализација“, насочени кон поголема транспарентност, поефикасни административни постапки и подобро управување со податоците и процесите поврзани со животната средина. „Дигитализацијата за нас не е само софтвер. Таа е политичка алатка за правда. Таа е сурова транспарентност. Каде што има дигитален систем, нема простор за криење. Таму завршува неефикасноста на системот“, истакна Хоџа. Првиот модул, „ТЕМЕЛИ“, ќе овозможи граѓаните, медиумите и граѓанските организации да имаат увид во проектите што ги реализира Министерството, нивната вредност, роковите, локациите и изворите на финансирање. Модулот „ЈАДРО“ опфаќа дигитализација на архивата и просторно-информативниот систем. Дигиталната архива ќе овозможи електронско следење на предметите, увид во нивниот статус и информација за службеникот задолжен за нивното постапување. Овој процес се реализира во соработка со Министерството за дигитална трансформација. Дигитализацијата на просторно-информативниот систем е веќе завршена и овозможува подобро управување со геопросторните податоци за заштитените подрачја и поголема транспарентност во постапките поврзани со нив. Преку модулот „ВРЕМЕ“, Министерството учествува во реформите за поедноставување на административните постапки. Целта е граѓаните да се ослободат од сложени процедури. Од околу 30 чекори за поедноставување на постапките поврзани со Министерството, 15 се предвидени во првата фаза, која треба да заврши до крајот на годината. Модулот „ЗЕМЈА“ предвидува дигитално мапирање на дивите депонии во општините, со цел полесно планирање на средствата и ресурсите за нивно расчистување, како и подготовка за воспоставување на регионалните центри за управување со отпад. Функционалноста на платформата ќе биде предмет на консултации со граѓанските организации, ЗЕЛС и стручната јавност, а нејзината реализација е предвидена во буџетот за 2027 година. Паралелно, во неколку општини се спроведува пилот-проект за видео-надзор на дивите депонии. Петтиот модул, „ВОЗДУХ“, предвидува воспоставување дигитален регистар во кој 140 иматели на А-интегрирани еколошки дозволи ќе ги објавуваат податоците за емисиите согласно условите од издадените дозволи. Регистарот е поврзан со Законот за контрола на емисиите во воздухот, кој стапува во сила во септември 2027 година. Во наредниот период Министерството ќе ги презентира модулите поединечно, со детални информации за нивната функционалност и придобивките за граѓаните. „Ова не е само дигитализација. Ова е нов вредносен систем. Ова е нашиот зелен пресврт“, порача Хоџа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеВакцинацијата против сезонски грип забрзува – вакцини има доволно за ситеОд почетокот на кампањата на 14 октомври, досега се пријавени вкупно 66.821 граѓанин, со просек од 4.455 пријави дневно. Најголем дел од пријавените се лица над 65 години, а следат хроничните болни. Најмногу пријави има во Скопје (19.767), Битола (4.845), Прилеп (3.844), Струмица (3.585) и Тетово (3.581). Досега се закажани 6.710 термини, а вакцинирани се 3.266 граѓани – во последните три работни дена по околу илјада дневно. Реализацијата на термините што веќе поминале изнесува 86,7%, а 503 граѓани (13,3%) не се појавиле на закажаниот термин. Ги повикуваме граѓаните што не можат да дојдат навреме да го откажат терминот, за тој да се додели на друг пријавен. Денес ќе започне нова група закажувања, со што бројот ќе се зголеми на околу 1.700 вакцинации дневно. Денес е склучен договор за дополнителни 26.000 вакцини, од производителот Санофи, кои ќе пристигнат до 15 ноември, или досега вкупно 56.000 вакцини, а најавени се уште 30.000 вакцини до крајот на ноември. Со тоа ќе бидат обезбедени вкупно 86.000 вакцини – најмногу досега, и околу 20.000 повеќе од бројот на моментално пријавени граѓани. „Сезоната на грип е најизразена во јануари и февруари. Вакцинацијата спроведена до првата недела од јануари обезбедува навремена заштита. Словенија и Хрватска ќе започнат со вакцинација во ноември – и тоа не е доцна. Вакцини има доволно за сите пријавени, затоа ги молам граѓаните за трпение – секој ќе биде повикан на термин. Исто така, од неделава тимови на здравствените домови вакцинираат во домови за стари лица, а од следната недела и во центрите за дијализа“, изјави министерот за здравство, Сашо Клековски.Тагови: вакцина грипот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook