„Нарконон Балкан" доби признанија за успешната борба против зависности од дрога и алкохол

„Нарконон Балкан" од  Конопиште доби признанија за успешната борба против зависности од дрога и алкохол.

Центарот „Нарконон Балкан" од Конопиште доби признанија за успешната борба против зависности од дрога и алкохол. Од Центарот кој постои 17 години, денеска информираа дека досега, 190 лица, од земјава и странство, ја поминале нивната програма. Најголем дел од нив се спасиле од зависноста.

-Програмата „Нарконон" постои во педесетина земји од целиот свет, па и кај нас во кавадаречкото село Конопиште. Наградите за успешна работа се доделуваат од централата на „Нарконон", на интернационално ниво. Тоа значи дека на европско ниво, по временски квартали се движиме на второ, трето место. Тука се земаат во предвид повеќе статистики, како квалитетот на испорака на програмата, број на луѓе ослободени од дрога во дадениот период, полн капацитет постојано и слично, појасни Александра Димевска-Јокиќ, директор во Центарот.

Таа нагласи дека ова не е натпревар само колку се дадени поени, ова е потврда за спасени животи.

-Морам да истакнам дека лицата кои ја завршуваат успешно нашата програма, а такви се во најголем дел, подоцна постигнуваат многу повеќе и од очекуваното. Тој високопроцентен успех и признанијата кои редовно ги добиваме, говорат дека сме навистина успешни во спасување човечки животи од дрога и алкохол. Јас и мојот тим сме горди што еден мал центар во споредба со останатите други центри низ светот котира на високо место, а со тоа и ја претставуваме нашата земја во оваа област, во најдобро светло, не само во регионот, туку и во целиот свет, децидна беше Димевска-Јокиќ. /МИА

Уапсен е уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва, во кој загинаа 145 луѓе

Уште едно лице е уапсено во врска со терористичкиот напад на салата Крокус во Москва на 22 март, изјави денеска портпаролот на полицијата за Тас.

„Уапсен е уште еден потенцијален осомничен во случајот со терористичкиот напад на Крокус. Инспекторите ја истражуваат неговата улога во тој напад“, изјави претставник на полицијата.

Според РБЦ, полицијата го уапсила таџикистанскиот државјанин Џумохон Курбонов.

Досега во врска со случајот се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица извршители на нападот.

Според последните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 145 лица.

Битиќи:На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби,за сплотена и силна Македонија

„Грешките во владеењето можеме да ги поправиме, но поделбите во општеството нема да ги залечиме доколку на 8-ми мај не се спротивставиме на политиките  на раздорот, на национализмот, на сеењето страв.“

Социјалдемократскиот сојуз е единстваната обединувачка политичка партија за силна и сплотена Македонија – земја и европски дом во кој ќе има место за секого, независно од неговата етничка, религиозна, културна, политичка или социјална припадност“, порача на денешните средби со жителите на Топаана и Шуто Оризари, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Тој порача дека резултатите од првиот круг на претседателските избори не треба да се прифатат со малодушност ниту пак да се обесхрабрувачки, туку треба да се перцепираат како предизвик кој во себе носи можност за сплотување на сите прогресивни сили во државата за двојните избори на 8-ми мај.

„Со нашата предизборна програма нудиме повеќе од економски раст и развој, повеќе од повисоки плати и пензии, многу повеќе од европски животен стандард, ние нудиме иднина во која секој граѓанин ќе биде прифатен, почитуван, градиме земја во која ќе владее дијалогот, меѓусебното разбирање, а не раздорот. Затоа на 8-ми мај, победата на СДСМ и коалицијата ќе значи пораз на стравот од различностите, на поделбите. Ќе зачекориме кон заедничка и споделена европска иднина“, порача Битиќи.

Зборувајќи за концептот на едно општество за сите, како суштинска политичка вредност на СДСМ, тој ја нагласи потребата граѓаните да го отфрлат национализмот како свој политички избор, затоа што тој е наметнат избор.

„Ве повикувам заеднички да го отфрлиме национализмот кој е надвиснат над Македонија, да кажеме НЕ на ксенофобијата, да се ослободиме од стравовите и да го прифатиме единството, единството во различностите бидејќи таму лежи нашата сила. Верувам во вас, во граѓаните, верувам дека тоа ќе го препознаете, дека ќе ги отфрлите политиките кои ви се наметнуваат од елити кои немаат што да ви понудат освен да ве туркаат кон минатото и поделбите“, рече Битиќи и порача дека Македонија не е само ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е многу повеќе, таа е на сите, на Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Бошњаци, Власи.

„Нашата сакана земја е на сите нас кои се бориме за европска држава, а кои сме повеќе, многу повеќе од тие што се прикажуваат како победници во првиот круг на претседателските избори. Затоа нема откажување, заеднички, едни покрај други, рамо до рамо, сите различни, продолжуваме и победуваме на 8-ми мај“, порача Битиќи, се наведува во партиското соопштение.

Петровска: 1198 т.н. проекти на ВМРО-ДПМНЕ значат само бројки

„ Bараат промени за да не' вратат назад, кога добиваа наредби од еден центар на моќ и граѓаните освен што гледаа скапо платени реклами, не добиваа ништо. “

Ќе ставиме акцент на прашањата за кои граѓаните сме воочиле дека чувствуваат слабост кај нас. Можеби гласачите што гласале во првиот круг за Османи, Таравари или Димитриевски во вториот круг нема да бидат мотивирани да гласаат, од тука не би прифатила дефиниција за префрлање гласовии. Со оглед на пристапот што и до сега го имаше Претседателот Пендаровски го имаше изминатите пет години и неделбата на граѓаните по социјална или верска основа, можеби ќе му донесе и повеќе гласови во втор круг, а со тоа можен е пресврт. Се што нудат од 1198 т.н. проекти на ВМРО-ДПМНЕ значат само бројки, а бараат промени за да не' вратат назад, кога добиваа наредби од еден центар на моќ и граѓаните освен што гледаа скапо платени реклами, не добиваа ништо. Клучните проблеми на граѓаните не ги решаваа, и сега ја извртуваат тезата сакајќи да играат на картата на патриотизам и непотребно го билдаа, а кај нив знаеме дека е лажен. Прво повикуваа на обединување само на Македонските партии, а потоа кога сфатија дека им е погрешна стратегијата, ја променија, рече Славјанка Петровска носител на листа во ИЕ6 во вечерашната Само Вистина.

притисни ентер