„Направи Selfie со твојата омилена книга" – кампања на НУУБ „Св.Климент Охридски" – Битола - Канал 5

„Направи Selfie со твојата омилена книга" – кампања на НУУБ „Св.Климент Охридски" – Битола

 Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски" – Битола започна јавна кампања „Направи Selfie со твојата омилена книга". 

„Направи Selfie со твојата омилена книга" – кампања на НУУБ „Св.Климент Охридски" – Битола

Станува збор за нова, иновативна програма, креирана за редовните членови, но и за привлекување на нови читатели во бибилиотеката.

– Секој читател е уникатен во креирањето навики и ритуали, додека ја чита својата омилена книга. Нашата желба е низ фотографија да ги откриеме омилените места за читање на секој читател во текот на денот, како изгледа дружењето со книгата која во моментот се чита, како и други интересни моменти и навики кои преку фотографија треба да се испраќаат на е-адреса на библиотеката [email protected]. Најуспешните фотографии ќе бидат објавени на веб страницата на библиотеката, а авторите бесплатно ќе добијат едногодишна членарина, посочуваат од НУУБ „Св.Климент Охридски"-Битола

Во текот на празничните денови, секторот за изнајмување книги на читателите им помага во изборот на книга за читање, кој како пракса е општоприфатлив за членовите.

– Секоја книга има своја приказна, а ние на читателите им ги предожуваме Чарлс Дикенс и неговата „Штурец на огништето", петта од неговите познати т.н. Божиќни книги, топла бајка за домашното огниште, со идилична слика за семејната љубов и соседското пријателство, со добра композиција и вешт расплет. Потоа книгата „Се започна со бакнеж" од Миранда Дикинсон или „Нека снежи" од Џон Грин, Морин Џонсон и Лорин Миракл, книга за најстрашната виулица во последните педесет години, препорачуваат од библиотеката.

Од информациите што ги добивме, дознаваме дека битолчани во овој период покажале интерес и за делата „Сфинга на гневот" од Жарко Кујунџиски, „Повикот на кукавицата" од Роберт Галбрајт, „Свекрва" од Сели Хепворд и многу други наслови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русокосата Дилета повторно предизвика вистински хаос на интернет сега од своето работно место

Една од најубавите спортски новинарки на светот, италијанската новинарка Дилета Леота повторно привлече внимание со својот изглед на социјалните мрежи, откако се јави од студиото за време на еден натпревар минатиот викенд. 

Русокосата Дилета повторно предизвика вистински хаос на интернет сега од своето работно место

Таа објави фотографии од своето работно место, а како и обично, беше во провокативна модна комбинација.

За известување од една средба атрактивната Дилета одбрала црна, проѕирна комбинација, под која јасно се гледаше црн градник, истакнувајќи го нејзиниот буен биста.

Со ова издание, таа уште еднаш ги израдува своите повеќе од 9 милиони следбеници, па така не недостигаа коментари и комплименти.

https://www.instagram.com/reel/DepXu-Usoih/?utm_source=ig_embed

Многумина се фалеа дека „направиле зум на фотографијата“, а други ѝ велеа: „Стануваш сè поубава и поубава...“, „Какво чудо...“ и слично.

Дилета Леота во последните години е заштитно лице на британската компанија DAZN во Италија, а откако во мај годинава се породи по вторпат, нејзиниот изглед е постојано под лупа на јавноста и во центарот на медиумското внимание, бидејќи неверојатно брзо ја врати својата совршена линија.

Дилета и нејзиниот сопруг, германскиот голман Лорис Кариус, имаат две деца. Првото дете, ќерката Арија, го добија на 16 август 2023 година, а интересно е тоа што Арија се роди на истиот ден кога е роденден на Дилета. Второто дете, синот Леонард, го роди на 9 мај 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ајкулата Буканги тврдоглаво одбива да си замине: Повторно се врати во каналот

Ајкула по име Буканги, која вчера беше насочена кон излезот откако помина повеќе од еден месец во канал во јужнокорејскиот град Бусан, се вратила во каналот, објави новинската агенција Јонхап.

Ајкулата Буканги тврдоглаво одбива да си замине: Повторно се врати во каналот

Утринава, на 22 октомври, ајкулата била забележана како плива во тесен простор помеѓу пловечка платформа – поставена близу излезот од каналот – и заштитна мрежа.

Според набљудувачите, можно е ајкулата да се вратила пливајќи под платформата. Буканги првпат била забележана во каналот на 18 септември. Оттогаш, блискиот парк стана голема атракција, привлекувајќи повеќе од 1,6 милиони посетители заклучно со неделата, пренесува Танјуг.

По два неуспешни обиди ајкулата да се насочи кон отворено море, градските власти и крајбрежната стража вчера успеаја да ја упатат кон излезот користејќи мрежа прикачена на понтон.

Околу 18:00 часот, ајкулата била забележана близу пристаниште надвор од каналот, иако сè уште не била на отворено море. Некои посетители пријавиле дека ја виделе ајкулата како се враќа во каналот синоќа, околу 23:00 часот.

Властите претходно изразија загриженост дека животното би можело да угине доколку температурата на водата дополнително опадне.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје-Известувањето за неработен ден 23.10.2026 година

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува корисниците на своите услуги дека на ден 23.10.2026 година (петок) шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат.

ЈП Водовод и канализација – Скопје-Известувањето за неработен ден 23.10.2026 година

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува корисниците на своите услуги дека на ден 23.10.2026 година (петок), по повод државниот празник Ден на македонската револуционерна борба, шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат.

Со редовно работно време ќе се продолжи од 24.10.2026 година (сабота).

Воедно, ги повикуваме корисниците да ги користат електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои овозможуваат брз и едноставен пристап до услугите.

Повеќе информации се достапни на www.vodovod-skopje.com.mk и пристап до електронските сервиси е овозможен преку e.vodovod-skopje.com.mk

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер