Направете вода која ја регулира работата на штитната жлезда и ги симнува масните наслаги! (рецепт)

Оваа вода ја регулира работата на штитната жлезда  и помага во намалување на масните наслаги. 

Освен што е мошне вкусен, ананасот е и здраво овошје.

Без оглед дали го јадете плодот или пиете негов сок, не можете да згрешите ако го вметнете во секојдневна исхрана.

Можеби најдобриот начин е да пиете вода со ананаса – само исцедете малку ананас во чаша вода и ќе ви случат следни 8 одлични работи.

-Ананасот е богат со витамини и минерали па успешно се бори против воспаленија. Содржи и важен ензим на бромелаин, кој е важен за борба против воспаленија и инфекции.

-Ги исфрла паразитите од вашиот организам и го чисти телото од токсини.

-Го подобрува здравјето на црниот дроб и бубрезите .

-Го забрзува губењето на килограмите.

-Ја регулира работата на штитната жлезда.

-Делува како природен избелувач на забите.

-Го подобрува видот затоа што содржи доста витамин А.

-Превентивно делува против ракот.

Дали ви треба уште некоја причина да почнете секој ден да пиете вода со ананас? На здравје.

Дијана Тоска од Европскиот фронт: Мораториум на новите градби во Чаир

Јас сум Дијана Тоска, магистер по меѓународни односи, директорка на Театарот за деца и младинци, поранешна учителка на нашите деца и жител на Чаир.

Денеска се кандидирам за пратеник и ја барам вашата поддршка.

На Чаир му треба промена и ова ќе го донесеме заедно.

Ја злоупотребија нашата поддршка и доверба во Чаир, многу ја злоупотребија и го доведоа во непогодна состојба за живеење, без тротоари, без паркинзи, без патишта, без нови паркови, без игралишта, без водовод и канализација, без никаква капитална инвестиција, но само со узурпација на јавни површини, згради во паркови, непотизам, корупција и злоупотреба.

Денеска ви се обраќам како кандидат за пратеник за сериозно прашање кое не засега сите нас.

Масовните градби без дозвола и без план во парковите во нашата општина, во

нашиот Чаир, не гушат.

Секоја населба на Чаир е преполна, граѓаните немаат место за паркирање, луѓето немаат каде да да се движат.

Над 30 висококатници во Чаир се изградени надвор од законот и немаат ниту имотен лист, ниту градежна дозвола.

Челниците на Чаир во овие 20 години ја злоупотребија нашата доверба, ги измамија граѓаните и инвеститорите, но и нивните соседи за лична корист.

Граѓаните, измамени од општина Чаир, со последните пари купиле станови кои немаат имотни листови и дозволи, а инвеститорите своите пари ги вложиле во објекти кои го немаат регулирано имотно-правното прашање.

Ниту граѓаните што купија станови, ниту инвеститорите што ги изградија, не се виновни,виновни се челниците на општина Чаир што ја злоупотребија нашата

доверба за лична корист и за уништувањето на нашиот Чаир.

Затоа, ние како Европски фронт и пратениците во идното Собрание, од причина што граѓаните и инвеститорите не се виновни за овој урбанистички хаос во Чаир, вчера предложивме закон за легализирање на објекти изградени без дозвола за да се спасат граѓаните и инвеститорите, а ќе бараме правна одговорност за оние кои ја дозволија ваквата состојба, челниците на општина Чаир, се наведува во партиското соопштение.

ЈО: Притворот за Палевски почнува веднаш по неговото испорачување од Турција

Јавното обвинителство тукушто е известено дека Министерството за правда добило официјална информација од Република Турција дека се одобрува екстрадицијата на лице осомничено за две кривични дела грабнување, како и за две убиства на свиреп начин.

Постапката за екстрадиција ќе биде спроведена преку Министерството за внатрешни работи.

По предлог на Основното јавно обвинителство Скопје на осомничениот веќе му е определена мерка притвор која треба да започне да се применува веднаш по неговото испорачување, соопштуваат од Обвинителството.

МОН: Се реконструира студентскиот дом Кузман Јосифовски – Питу во Скопје

Активностите за реконструкција на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје, започнаа да се реализираат на терен. 

Активностите за реконструкција на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје предвидени во договорот кој на почетокот на годината МОН го потпиша со австриската компанија „Штрабаг“, како најповолен понудувач на меѓународниот тендер, започнаа да се реализираат на терен. За 18 месеци објектот ќе добие подобрена одржливост, ќе биде енергетски ефикасен што значи ќе придонесе за почиста животна средина, но и ќе обезбеди финансиски заштеди.

Ова е прва фаза од проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови во Македонија. Наскоро ќе започне и реконструкцијата на „Стив Наумов“ во Скопје, а потоа, во следните две фази ќе се реконструираат уште 7 други студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид.

Предвидена е промена на водоводната инсталација отстранување на причините за појава на влага во објектите, промена на комплетната електрична инсталација и поставување на енергетски ефикасни LED светилки, промена на инсталацијата за греење, комплетна промена на санитаријата, изработка на енергетски ефикасни фасади на објектите, поставување на фотоволтаици за производство на електрична енергија, а ќе се опремуваат и соби за студенти со посебни потреби.

Проектот се реализира со заем од Германската развојна банка (KfW) од 20 милиони евра и грант од 5 милиони евра преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија.

Министерство за образование и наука

притисни ентер