„Најтажната жена на светот“ била сместена на клиника, што чини 43.000 евра неделно - Канал 5

„Најтажната жена на светот“ била сместена на клиника, што чини 43.000 евра неделно

Принцезата од Монако, Шарлин, „најтажната жена на светот“, како што некои медиуми ја нарекоа на денот на нејзината венчавка, се врати дома откако помина четири месеци во установа за ментално здравје.

„Најтажната жена на светот“ била сместена на клиника, што чини 43.000 евра неделно

И палатата објави сè.Тие истакнале дека Шарлин е подготвена да ги продолжи своите кралски должности со нејзиниот сопруг принцот Алберт и нејзините деца, близнаците Жак и Габриела, пренесува магазинот People.

„Нејзиното враќање дома е резултат на големата грижа што ја имаше на клиниката, а се беше одобрено од нејзините психијатри“, додаваат од палатата.

Дејли Мејл пишува дека престојот на принцезата Шарлин во луксузната швајцарска клиника чинел 43.000 евра неделно. Се наведува дека ова е една од најдобрите клиники за ментално здравје, но и за борба против зависности.

Клиниката на своите пациенти им нуди индивидуализирани програми, а сите пациенти се сместени во луксузни соби или апартмани. Имаат библиотека, деловни канцеларии, сликарски простории и спа центар, а храната ја подготвуваат најдобрите готвачи.

Да потсетиме, принцезата Шарлин заврши на лекување само десет дена по враќањето од Јужна Африка.

"Таа очигледно беше исцрпена, физички и емоционално. Беше преоптоварена и не можеше да се справи со службените должности, животот воопшто, па дури и со семејниот живот. Тоа секако беше фактор", рекол тогаш нејзиниот сопруг, принцот Алберт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дошол на погреб на пријател, па случајно пропаднал во гробот на татко му и починал (ВИДЕО)

Адилсон Марсаро (48) од Бразил го загуби животот во необична несреќа на гробиштата, кога пропаднал во гробот на сопствениот татко. 

Дошол на погреб на пријател, па случајно пропаднал во гробот на татко му и починал (ВИДЕО)

Трагедијата се случила додека тој престојувал на гробиштата на погреб на пријател, а бетонската конструкција на која седел наеднаш се урнела.

Несреќата се случила во средата, на 21 октомври, на градските гробишта Сао Хозе во Линхарес, во бразилската држава Еспирито Санто.

Марсаро дојде тој ден да присуствува на погребот на пријател кој загинал во сообраќајна несреќа претходниот ден.

Според гробарот Назаре Бравин, човекот пристигнал на гробиштата со мотор, ги поздравил присутните и прашал каде ќе биде погребан неговиот пријател.

После тоа, тој ги оставил моторот и кацигата, а потоа се упатил кон гробот на својот покоен татко, кој се наоѓал на истите гробишта.

Кога стигнал до гробот на својот татко, Адилсон седнал на бетонскиот надгробен камен.

Во тој момент структурата наеднаш попуштила под неговата тежина и човекот пропаднал во гробницата.

Силен тресок го привлече вниманието на луѓето во близина. Кога сфатиле што се случило, веднаш повикале брза помош.

На местото на настанот пристигнале припадници на противпожарната служба и брзата помош, но несреќниот човек не можел да се спаси.

Лекарите можеле само да констатираат смрт. Неговото тело е извлечено од урнатата гробница и пренесено на обдукција.

Како што пишува Њујорк Пост, Марсаро бил погребан веќе следниот ден, на истите гробишта каде што го загубил животот.

Градските власти на Линхарес изразија сочувство до семејството и пријателите на жртвата.

Во соопштението тие наведуваат дека вработените на гробиштата веднаш ги известиле надлежните органи, но дека обидите за спасување биле неуспешни.

Воедно, тие ги потсетија граѓаните да бидат особено внимателни при посетата на гробните места, особено во пресрет на празникот Денот на мртвите, кога се очекува поголем број посетители.

По трагедијата се отвори и прашањето за безбедноста на гробните градби.

Градската управа соопшти дека е надлежна за одржување на заедничките површини, патеките и другите јавни делови на гробиштата.

Сепак, одржувањето на поединечните гробови и надгробни споменици, според локалните правила, е обврска на семејството на починатиот.

Бразилската цивилна полиција покрена истрага за да се утврдат сите околности на несреќата.

Засега не е соопштено зошто попуштила бетонската конструкција или дали претходно имало знаци на нејзино оштетување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Мора да го запрам убивањето на иранските лидери

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора да престане да убива ирански лидери за да утврди со кого преговараат САД и го повтори својот став дека на Иран никогаш не смее да му биде дозволено да развива нуклеарно оружје.

Трамп: Мора да го запрам убивањето на иранските лидери

„Морам да престанам да убивам ирански лидери затоа што морам да сфатам со кого, по ѓаволите, преговараме“, рече Трамп на предизборен митинг во Џорџија, објави Дејли експрес. Трамп повтори дека Иран повеќе нема авиони, нема бродови и нема лидери.

„Лидерот од прво ниво го нема, лидерот од второ ниво го нема“, рече Трамп.

Тој, исто така, ја бранеше својата одлука од 2018 година да ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, постигнат под тогашниот американски претседател Барак Обама, велејќи дека ја донел одлуката во клучно време за да го спречи Техеран да добие нуклеарно оружје.

„Го раскинав еден од најлошите договори што некогаш биле склучени, Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA) на Барак Хусеин Обама, познат и како нуклеарен договор со Иран, што доведе до тоа Иран да добие нуклеарно оружје. За среќа, го раскинав токму на време“, тврдеше Трамп.

Тој повтори дека САД го уништиле капацитетот за збогатување ураниум на Иран во воените операции спроведени оваа и минатата година.

„Ги победивме воено, финансиски и на други начини. Мора да се погрижиме тие никогаш, ама баш никогаш да не добијат нуклеарно оружје“, повтори Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет илјади патници уплатиле крстарење на топлите Бахами, а завршиле во студената Канада (ВИДЕО)

Повеќе од 5.000 патници кои очекуваа еднонеделен одмор на сончевите Бахами завршија во студената Канада откако Ројал Карибиан мораше да го пренасочи своето крстарење поради бура. 

Пет илјади патници уплатиле крстарење на топлите Бахами, а завршиле во студената Канада (ВИДЕО)

Бродот „Оаза оф д Сис“ исплови од Њу Џерси на 18 октомври на планирано седумдневно патување, но патниците дури на половина пат дознаа дека пловат кон Халифакс, Нова Шкотска, наместо кон тропските острови, објави CTV.

Неочекуван пресврт

Ненадејниот пресврт значеше дека патниците се пакувале за сосема погрешни температури. Ситуацијата беше влошена од објавата дека нема да им биде дозволено да го напуштат бродот додека е закотвен во пристаништето.

„Мојот сопруг ме праша: „Ова е шега, нели?““, изјави Мари Дурнинг од Њу Џерси за CTV News. „Донесов зимска капа и грејачи за уши, но го заборавив шалот.“

Патниците кои пристигнаа на крстарењето од подалечни земји немаа зимска облека со себе, ниту пак имаа каде да ја земат пред да се качат.

@chelsea_davis21 Bahamas? Canada? Tomato, tomato 🤷🏼‍♀️ #royalcaribbean #Canada #oasisoftheseas #halifax #novascotia ♬ original sound - Chelsea Davis

Разочарување на социјалните мрежи

Актерката Микајла Ајверсон објави видео на Инстаграм снимено на аеродромот Њуарк кратко откако дозна за промената. Во него, таа се пожали на ситуацијата, а видеото стана вирално со 1,4 милиони прегледи.

„Ни беше кажано, по слетувањето во Њуарк, дека нашето семејно крстарење до Бахамите, кое тргнува за само 12 часа, сега оди во Нова Шкотска? И нема да ни биде дозволено да се симнеме од бродот цела недела. @royalcaribbean, немаме облека за тоа“, напиша таа во објавата.

Меѓу патниците имаше и Канаѓани, кои практично беа испратени дома поради промената на рутата. „Многу сум разочаран“, рече Николас Мели од Торонто. Тој и неговото семејство возеа седум часа до Њу Џерси за да се качат на бродот. „Јас сум од Канада и сакав да одам на Бахамите“.

@katymarie923 It was a not so perfect day at cococay. Now it’s just me and my bonine against the seas. #royalcarribean #utopiaoftheseas ♬ Hoist The Colours (A Cappella) - The Wellermen & Eric Hollaway & Big Brev & Ebucs & Luke G. Taylor & Bobby Bass & Jesse Elkins & Davide Dalmonte

Се обидоа да ги обештетат

И покрај сè, дел од патниците решија да го извлечат најдоброто од ситуацијата. „Бидејќи потрошивме многу пари на ова патување, им реков на сите да ги надминат своите фрустрации пред да се качиме на бродот. Откако ќе се качиме на бродот, не сакам повеќе да слушам за тоа“, рече Двејн Хикс од Филаделфија.

„Така се среди, но сум благодарен и ќе се обидам да го извлечам најдоброто од ситуацијата“, додаде Џим Метјуз од Њу Џерси. „Освен тоа, слушнав дека Халифакс е прекрасен град.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер