Наградна игра на првата македонска детска апликација за читање и слушање книги Бокси! - Канал 5

Наградна игра на првата македонска детска апликација за читање и слушање книги Бокси!

Бокси е првата македонска детска апликација за читање и слушање книги.

 Наградна игра на првата македонска детска апликација за читање и слушање книги Бокси!

Тимот на Бокси е спремен за уште едно изненадување и ја организира најголемата наградна игра за ова лето.

Главната мисија на Бокси е да ја разбуди љубовта кон читањето кај најмладите и да создаде една убава навика кај сите додека времето поминато пред екраните е корисно за нив. Светот на книгите е сега блиску до секојдневието на дечињата.

Скоро сите издавачки куќи во Македонија и неколку странски како HarperCollins се партнери на Бокси и библиотеката може да се пофали со над 1000 детски наслови во моментот и континуирано бројката расте.

Наградната игра започна на 5ти април и ќе трае цели два месеци. Секој може да учествува и да се натпреварува. По случаен избор, Бокси води двајца најсреќни читатели и нивните најдобри другарчиња на летен камп во Каливас, Грција од 26.06. - 02.07.2023 година на незаборавно патување. Кампот е организиран од Супер Распуст во покровителство на Балкан Фан. На 1ви јуни ќе се одржи извлекувањето на добитниците.

Но, наградите не застануваат тука. Останатите читатели се потенцијални добитници на разни други награди меѓу кои и викенд во Маврово за четворица, ваучер од BabyCenter, кадифени играчки од „Светот на Биби“, индивидуални часови по англиски јазик во English Language Academy, Barner - Banz очила за сонце и многу други. (погледнете ја целосната листа тука)

“Имаме е-книги и аудио-книги на македонски, англиски и албански јазик. Присутни сме на пазарот од крајот на октомври 2022 година и досега можеме да се пофалиме дека нашите верни Бокси читатели прочитале повеќе од 3 Милиони зборови! Особено нѐ радува тоа што можеме директно да влијаеме во збогатувањето на речникот кај младите во нашата држава.

„Секој месец Бокси го наградува најдобриот читач со награда или вредносен ваучер. Но ова лето, тимот на Бокси сака да ги поттикне најмладите читатели да читаат уште повеќе, но и да се заблагодари за довербата на сите свои корисници, па затоа ја организираме најголемата наградна игра досега.“ додава Димитар Најденов, еден од основачите на Бокси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Рита Ора во секси бикини ги покажа стомачните!

Мегапопуларната пејачка со потекло од Балканот, Рита Ора ги покажа своите извајани стомачни мускули во сребрен бикини, споделувајќи впечатливи фотографии од својот одмор на Миконос на Инстаграм.

Фото: Рита Ора во секси бикини ги покажа стомачните!

35 годишната Рита на фотките позира на луксузна јахта на која уживала заедно со пријателите.

Покрај сребреното бикини, Рита имаше и зелен шал за да ја заштити косата и беше совршено стилизирана.

„Ми треба ресетирање на душата, сонце, бикини и музика“, напиша пејачката во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ким Кардашијан во микро бикини го рекламира својот бренд

Најпознатата американска старлета, Ким Кардашијан не престанува да ги промовира различните делови од колекцијата на нејзиниот бренд SKIMS, а тоа значи само едно – нејзините фанови ќе уживаат во атрактивните новитети на старлетата.

Фото: Ким Кардашијан во микро бикини го рекламира својот бренд

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан секогаш има свои решенија за привлекување внимание. Откако сите пишуваа за нејзината врска со Луис Хамилтон, која веќе не е тајна бидејќи возачот на Формула 1 редовно ја изјавува својата љубов кон ѕвездата, таа сега го насочи својот фокус кон својот бренд SKIMS.

Уште од самиот почеток, таа имаше провокативни рекламни кампањи во кои се појавуваше таа или нејзините сестри, облечени во многу малку облека, минијатурни бикини и слично.

Сега таа ги почести своите обожаватели со серија фотографии

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ова се најдобрите половни автомобили до 10.000 евра

Ако планирате да купите половен автомобил со цена до 10.000 евра, петте модели што се сметаат за најдобри се VW од седмата генерација, Mazda 6, BMW серија 3, Honda Accord и Volvo S60.

Ова се најдобрите половни автомобили до 10.000 евра

Кои се најдобрите половни автомобили со цена до 10.000 евра?

Покрај самото одржување, важна е и сервисната мрежа во вашиот град или во околината.

Денес, сите производители имаат широка мрежа за сервисирање и набавка на резервни делови, што го става сопственикот во поволна положба; на него останува „само“ да вложува во своето возило, односно редовно да го одржува – да врши мали и големи сервиси и да ги заменува истрошените делови кога ќе дојде време за тоа, пред да настане сериозен дефект.

Ако планирате да издвоите 10.000 евра за купување половен автомобил, на пазарот секогаш се достапни неколку одлични модели кои се многу барани токму поради нивната репутација. Кај нас најчесто се возат дизел-автомобили, но и моделите на бензин се многу достапни и поволни.

1.VW Golf од седмата генерација – за сума до 10.000 евра може да се најде верзија со бензински мотор 1.4 TSI или дизел мотор 2.0 TDI. Достапни се и мануелни и автоматски менувачи, но доколку DSG менувачот нема сервисна историја, подобро е да го избегнете поради скапите поправки.

2.Mazda 6 од втората генерација – возило од средна класа кое нуди добар компромис меѓу удобноста, сигурноста и моќноста. Најразумен избор се дволитарските бензински мотори MZR со околу 147 КС (коњски сили) или 2.5 MZR, додека дизел моторите 2.0 и 2.2 MZR CD нудат помала потрошувачка за оние што возилото го користат главно за возење на отворен пат.

3. BMW Серија 3 – генерацијата F30 се движи во ценовниот опсег до 10.000 евра и обично доаѓа со поголема километража. Најдобар избор е дизел моторот 318d или 320d со мануелен менувач, а ако најдете добро одржуван примерок, нема потреба многу да се двоумите.

4. Honda Accord – ова е еден од најсигурните автомобили во средната класа. Најбарани се бензинскиот мотор 2.0 i-VTEC и дизел моторот 2.2 i-DTEC, при што вториот е малку поскап за одржување од бензинецот.

5. Volvo S60 од втората генерација – ова е веќе премиум возило што може да се најде по цена на „обичен“ половен автомобил.

Најбарани се дизел моторите D3 и D4 доколку планирате да потрошите до 10.000 евра, додека бензинската верзија со мотор T5 нуди подобра динамика на возење, но и малку повисоки трошоци за одржување.

Важно е да се напомене дека ова се модели што се застапени на бројни веб-страници за продажба на половни автомобили и не се единствените квалитетни опции во ценовниот опсег до 10.000 евра; затоа, потребно е темелно да ги истражите сите модели што ве интересираат и внимателно да ја донесете таа важна одлука. Исто така, секогаш одвојте најмалку 500 евра при купување половен автомобил, за случај веднаш да биде потребен некаков сервис или поправка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер