СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!
1СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!
3АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
Шоу биз„Награди за актери“: Харисон Форд со признание за животно дело, „Грешници“ најдобар филмВо Лос Анџелес вчера се одржа 32-то годишно доделување на американските „Награди за актери“ (Actor Awards). Водителка беше Кристен Бел, а настанот беше емитуван во живо на „Нетфликс“.Меѓу најголемите победници на вечерта беа Мајкл Б. Џордан, кој ја освои наградата за најдобар глумец за улогата во наградениот филм „Грешници“, хорор-драмата којашто освои и рекрдни 16 номинации за „Оскар“. Инаку, годинава признанијата првпат официјално се нарекуваат „Награди за актери“, наместо претходното име „Награди на занаетското здружение на актерите од екранот“ (Screen Actors Guild Awards). Официјалната страница ја објасни промената. „Сакавме името на наградата да биде појасно за нашата домашна и меѓународна публика и недвосмислено да покаже кого славиме - глумците во филмот и телевизијата“, се вели во објавата. - „Затоа фокусирањето на името на тие две работи беше наједноставниот пат до ново поглавје на овие награди“. Следат главните добитници за категориите во делот „Филм“. Најдобар глумец во главна улога: Мајкл Б. Џордан за „Грешници“; Најдобра глумица во главна улога: Џеси Бакли за „Хамнет“; Најдобар глумец во споредна улога: Шон Пен - „Една битка по друга“; Најдобра глумица во споредна улога: Ејми Мадиган - „Оружје“; Најдобар филм: „Грешници“. Во делот „Телевизија“, наградени се следните: Најдобар глумец во ТВ-филм или минисерија: Овен Купер за „Адолесценција“; Најдобра глумица во ТВ-филм или минисерија: Мишел Вилијамс за „Да се умре за секс“; Најдобар глумец во драмска серија: Ноа Вајл - „Интензивна нега: Питсбург“; Најдобра глумица во драмска серија: Кери Расел - „Дипломатот“; Најдобар глумец во хумористична серија: Сет Роген - „Студио“; Најдобра глумица во хумористична серија: Кетрин О'Хара - „Студио“; Најдобра драмска серија: „Интензивна нега: Питсбург“; Најдобра хумористична серија: „Студио“. Харисон Форд ја доби наградата за животно дело, којашто му ја врачи неговиот колега Вуди Харелсон. Форд со тоа им се придружи на великаните кои го добиле ова признание, меѓу кои и Џејн Фонда, Сали Филд, Барбра Стрејсенд, Хелен Мирен, Роберт де Ниро и Морган Фримен. - Се наоѓам во просторија со глумци, од кои многумина се тука затоа што се номинирани да добијат награда за нивната неверојатна работа, додека јас сум тука за да добијам награда затоа што сум жив, се пошегува Форд, велејќи дека тоа е „полу-поен“ во неговата кариера. - А пак, кариерата не е успех преку ноќ... Наградава е многу охрабрувачка. - Јас сум навистина среќен човек. Среќен сум што ги најдов моите луѓе. Среќен сум што имам работа што ме предизвикува. Среќен сум што сè уште ја работам, додаде наградениот глумец. Наградите за каскадерска изведба отидоа кај „Невозможна мисија - Последната пресметка“ (за филм) и „Последните од нас“ (за ТВ серија). Тагови: Харисон Форд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!ВМРО-ОКГ вели ширеме паника. Ние не ширеме паника. Ние предупредуваме од декември. Единствената паника е кај ВМРО и шефот на бандата Мицкоски.Уште во декември минатата година објавивме работи поврзани со банката. Финансирање на медиуми преку неа. Врски Вучиќ-Мицкоски. Луѓе на БИА во владата. Бизнис партнерот, хулиган-навивач на кого му пукале во нозе и му го палеле автомобилот, а кого Мицкоски го постави за почесен конзул да ни ја претставува земјата во Србија. Кога објавивме за 5те тони дрога што Мицкоски со холивудски апсења сакаше да ги прикрие, додека дрогата заврши кај сестринската партија СНС. Објавивме и за доаѓањето на Вучиќеви медиуми, спојувањето со Орбановата шема и Латас како началник на пропагандата. На првите објави за Алта банка токму гувернерот што сега ја префрла вината на Мицкоски, Трајко Славески, се закануваше и советуваше Aлта банка да не тужи. Денес Мицкоски топката и одговорноста ја префрла токму на Славески. Во исто време нема реакција на обвинителството. Во Србија апсењата се секојдневни. Кај нас никој од полицијата и обвинителството не се огласува додека Вучиќевата банка, пералница на пари стекнати со криминал и корупција, е под присилна управа. Народот не може да дојде до своите пари, додека гувернерот дозволи компаниите непречено да ги користат своите средства и покрај предупредувањата од Србија дека големи суми пари се префрлаат во Македонија и Русија. Во исто време се поставува прашањето за гувернерот: ако е таква ситуацијата, зошто дозволата не е одземена? Што всушност прави Трајко Славески заедно со Мицкоски? Ако банката официјално е во стечај, треба веднаш да се исплатат по 30.000 евра по штедач. Но вака, исплаќајќи 650 евра месечно (со лимит), за некој да ги извади тие 30.000 евра, ќе бидат потребни четири години! Уште една подмолна работа на оваа банда. На граѓаните мора да им биде јасно дека Мицкоски брза да ја продаде банката со сила, само затоа што не сака да се откријат сметките и трансферите во банката. Наскоро почнуваат истраги што ќе доведат и до овој дел од балканскиот картел, до овој дел од македонската организирана криминална група што ја предводи Мицкоски. Знае арамијата и неговата банда дека деновите им се одбројани. Наскоро доаѓа времето на правдата. Бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионкаАмериканскиот технолошки гигант „Нвидиа“ отвори независна истрага по медиумските извештаи дека нејзиниот извршен директор Џенсен Хуанг имал блиски односи со жена осомничена дека е кинески шпион.Според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки претставници веруваат дека кинеската бизнисменка Алис Хуанг работела за Пекинг. Од компанијата соопштуваат дека одборот на директори засега нема причина да верува дека биле компромитирани деловните тајни или националната безбедност на „Нвидиа“. Хуанг, пак, признал дека бил неверен на сопругата и јавно ѝ се извинил за болката што ѝ ја нанел нејзе и на нивните деца. Од „Нвидиа“, која е меѓу највредните компании во светот и е клучен производител на хардвер за вештачка интелигенција, порачуваат дека Хуанг и натаму е посветен на водењето на компанијата. Независната истрага треба да ги разјасни наводите и евентуалните последици од неговите контакти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВо болница почина убиецот од Полска Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро. „Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението. Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител. Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби. Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook