На ИФФК „Браќа Манаки“ претставен дел од тимот на македонскиот филм „Мајка“ - Канал 5

На ИФФК „Браќа Манаки“ претставен дел од тимот на македонскиот филм „Мајка“

Интернационалниот фестивал  на филмската камера „Браќа Манаки“ денеска во Битола претстави дел од тимот на македонскиот филм „Мајка“ кој синоќа го отвори најновото издание на фестивалот на кинематограферите.

 На ИФФК „Браќа Манаки“ претставен дел од тимот на македонскиот филм „Мајка“

Филмот е баран насекаде и тоа е големо задоволство за тимот, истакна Лабина Митевска, која настапи во филмот „Мајка“.

-Фантастично е чувството да се има филм што толку многу и секојдневно го бараат за емитување. Навистина мене ми е задоволство и чест што тоа го постигнавме. Филмот е снимен со буџет од 4 милиони евра, а имавме 20 денови за снимање во Белгија и 12 денови во Калкута, Индија. Истовремено имавме филмска ѕвезда како што е Наоми Рапасе. Тоа што требаше да се сработи за нас беше како еден сон, а истовремено и кошмар за да се профункционира, но гледано од денешен аспект, успеавме, истакна Митевска.

Како што е познато, филмот „Мајка“ сведочи за периодот од 1948 година кога во Калкута, Мајка Тереза, настојничка на Манастирот на сестрите од Лорето, со нетрпение го чека писмото ѓто конечно ќе и овозможи да го напушти манастирот и да оформи нов ред како одговор на повикот што го добила од Бога.

-Сакав со моите технички инструменти, да ги преточам во слика сите барања на режисерката. Снимавме со голема ѕвезда, актерката Наоми Рапасе, а паралелно имав големи барања од режисерката, но знам дека успеавме бидејќи се што работевме пишував во мојот бележник. Има режисери кои работат конвенционално без да го користат својот потенцијал, но во овој случај тоа не беше така и јас имав можност да го презентирам целото мое искуство, да ги доловам сите чувства врзани со мајка Тереза и се прикажавме со техничките средства што ни беа на располагање, истакна кинематограферката Виржини Сен Мартан.

Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар Митевска е македонско-белгиска-шведска, индијска-данска копродукција и конкурира за главните фестивалски награди на ИФФК „Браќа Манаки“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

„Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин.

Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори.

„Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер