„На децата им дадовме сè што имавме, а еве што нè снајде“ - Канал 5

„На децата им дадовме сè што имавме, а еве што нè снајде“

 Еден постар брачен пар ја сподели својата приказна со целиот свет.

„На децата им дадовме сè што имавме, а еве што нè снајде“

Исповедта на една старица и нејзиниот сопруг, кои дочекале внуци, а сега никој не сака да ги погледне, им го скрши срцето на многумина. Тие откриваат болни детали од својот живот и, се чини, до последниот здив нема да се помират со тажната судбина што ја доживеале.

-Мојот сопруг и јас ги сакавме нашите деца и во сè им удоволувавме. Кога другите не критикуваа и ни велеа дека тоа не е добро за нив, ние не ги слушавме бидејќи сметавме дека го правиме најдоброто за нив. И сега сме разочарани – се пожалила очајната старица на почетокот на својата исповед.

Прво, како што открива, сè тргнало наопаку со нејзината ќерка.

- Ќерка ми ни го заврте грбот поради една расправија што изби кога јас и сопругот ѝ кажавме дека не се однесува добро кон своето дете. Внукот плачеше во ноќните часови и мораше под казна да стои, а тоа нас нè повредуваше. Потоа кажа дека е гладен, а таа му одговори дека под казна што не јадел навреме, може да се напие само вода. Ѝ кажавме дека тоа не е добро за детето. Таа се налути и ни упати страшни зборови. Потоа целосно нè напушти – истакнала старицата.

-Не сме се слушнале со години и не сме ги виделе ниту ќерката ниту внуците. Неколку години после тоа, на сопругот му се слоши, дојдоа да го посетат, но само на кратко. Не сме добри за нив, колку и да ги сакаме – рекла очајната жена.

Се надевале на синот, но набргу и тој ги оставил.

- Синот беше грижлив, многу добра личност, сè додека не се ожени. Снаата нè омаловажуваше и исмеваше од самиот почеток, третирајќи нè како помалку вредни. Синот ѝ го дозволуваше тоа, постојано беше на нејзина страна... Сè им простивме кога се роди внуката. Конечно, сè беше во ред, дури и ја чувавме одвреме-навреме – открива бабата.

Сепак, тоа не потрајало. Новата ситуација настанала кога синот и снаата дошле кај бабата и дедото и им соопштиле дека снаата е повторно бремена. Старицата ја погледнала сликата од ултразвукот и на шега прашала: „Што е тоа?“, на што од снаата ѝ одговорила: „Вонземјанин“.

- Гледав немо и не разбрав зошто таков одговор. После тоа, пак по старо - синот не ни се јавува, ниту доаѓа – се жалела бабата.

Набргу сфатиле дека и покрај двете деца и петте внуци, немаат никого.

Следниот проблем настанал кога синот ја организирал крштевката на својата ќерка, па на родителите им се јавил само по телефон. Како што изјавиле старците, не ги удостоил ни со покана, па биле целосно скршени. Двајцата сфатиле дека не се добредојдени, и на крајот не отишле ни на крштевката на внуката.

- Од сè срце на сите им посакувам убав и среќен живот, никогаш да не ја почувствуваат болката што се јавува во срцето и душата кога вашите живи деца „умираат“, кога нивните срца и души стануваат ладни и забораваат на родителите и семејството од кое потекнуваат. Сите нè оставија и нè заборавија, но Господ е со нас и со нив. Тој ги благослови и ги заштити од сето зло на овој свет. Драги деца и внуци, кои не ве познаваме, ве сакаме и се молиме за вас - порачува оваа очајна баба за „Моје време“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полициските службеници изминатите три дена констатираа 2720 сообраќајни прекршоци

Лишени од слобода 67 лица за безобѕирно управување на возило.

Полициските службеници изминатите три дена констатираа 2720 сообраќајни прекршоци

Во текот на изминатите три дена (23/24/25.10.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 2720 издадени платни налози, 1360 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 67 лица, од кои седум за возење под дејство на алкохол, 21 за возење без возачка дозвола, осум поради претходно изречена забрана за управување со возило, три поради возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, а едно лице поради возење со брзина поголема од дозволената надвор во населено место.

Во истиот период одземени се 27 возила по член 300-б од Кривичниот законик.

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите три дена евидентирани се 328 прекршоци за неправилно паркирање, како и 57 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 33 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем. Исто така санкционирани се 239 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 23 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а четири заради техничка неисправност. Санкционирани се и осум возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милошоски – Холовња: Продлабочување на парламентарната соработка и континуирана поддршка од Полска за европските интеграции

Потпретседателот на Собранието на Македонија, Антонијо Милошоски, денеска оствари средба со потпретседателот на Сејмот на Република Полска, Шимон Холовња, кој престојува во официјална посета на Собранието, придружуван од парламентарна делегација.

Милошоски – Холовња: Продлабочување на парламентарната соработка и континуирана поддршка од Полска за европските интеграции

На средбата беше изразено заемно задоволство од добрите и пријателски односи меѓу двете држави, како и подготвеност за нивно натамошно продлабочување преку интензивирање на политичкиот дијалог, парламентарната соработка и економските врски.

Потпретседателот Милошоски ја истакна важноста на парламентарната дипломатија како инструмент за унапредување на билатералните односи, нагласувајќи дека постои значителен простор за зајакнување на соработката меѓу Собранието и полскиот Сејм. Во таа насока, беше нагласено значењето на почестите меѓупарламентарни средби, размената на искуства и соработката меѓу пратеничките групи за пријателство и парламентарните комисии.

Посебно внимание беше посветено на процесот на европска интеграција на Македонија. Милошоски изрази благодарност за принципиелната и континуирана поддршка што Република Полска ѝ ја дава на нашата држава на патот кон полноправно членство во Европската унија. Тој нагласи дека европската интеграција останува стратешки приоритет, при што напредокот во пристапниот процес треба да се темели на објективни критериуми, спроведени реформи и постигнати резултати.

Соговорниците го истакнаа значењето на политиката на проширување на Европската Унија како важен фактор за стабилноста, безбедноста и економскиот развој на европскиот континент. Во тој контекст, беше нагласена важноста од задржување на кредибилната европска перспектива на земјите од Западниот Балкан.

Во разговорите беше отворено и прашањето за унапредување на економската соработка, со посебен акцент на можностите за зголемување на трговската размена и поттикнување на меѓусебните инвестиции.

На крајот од средбата, двајцата потпретседатели ја потврдија заедничката определба за натамошно унапредување на пријателските односи и интензивирање на соработката меѓу законодавните домови на двете држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовски: Го решивме проблемот што 12 години го кочеше македонското пливање

По повеќе од 12 години, македонското пливање конечно исплива на површина. 

Ристовски: Го решивме проблемот што 12 години го кочеше македонското пливање

Националната пливачка федерација (НПФ) со поддршка од Министерството за спорт, го надмина долгогодишниот проблем со блокираната сметка и целосно се враќа во функција. Решавањето на овој проблем е значаен чекор кон финансиска и организациска стабилизација на Федерацијата и создавање услови за понатамошен развој на македонското пливање.

На денешната прес-конференција, на која присуствуваа министерот за спорт, Борко Ристовски, и претседателот на Националната пливачка федерација, Сашо Лазаревски, официјално беше соопштено дека обврските се исполнети и проблемот е надминат.

„По речиси една и пол година од состанокот што го имавме во Министерството за спорт и кој за македонското пливање значеше тргнување од мртва точка, еве денеска имаме уште поконкретен резултат. Секој си ги исполни зацртаните задачи во рамките на своите ингеренции и тоа донесе резултат. Обврската на Министерството за спорт и на Владата беа да се обезбедат средства и да се одблокира сметката на Федерација што беше блокирана 12 години и ние тоа во целост го исполнивме. Обврската на Националната пливачка федерација и на претседателот Сашо Лазаревски беше да обезбедат непречено функционирање, сите клубови да бидат во една федерација, да нема поделби и проблеми како претходно. Пливањето ќе ја има нашата поддршка затоа што во федерацијата има луѓе кои се посветени и одговорни, искрено го сакаат спортот и сакаат да напредуваат и сигурен сум дека во иднина ќе имаме уште поголеми успеси во овој спорт“ – рече министерот Борко Ристовски.

Министерот за спорт истакна дека решавањето на долгогодишниот проблем е важен чекор кон враќање на стабилноста и создавање нови перспективи за македонското пливање. Во насока на долгорочно унапредување на пливањето, Министерството за спорт, во соработка со општините и раководството на НПФ, работи на создавање услови дел од базените што ги гради државата да бидат предадени на управување и користење на Федерацијата.

„Нашата обврска како Министерство за спорт е да ги отстрануваме пречките што го кочат спортот и да создаваме услови во кои спортистите ќе можат да напредуваат и да остваруваат резултати. Ова е важен чекор, но продолжуваме и со конкретни мерки за подобрување на спортската инфраструктура и условите за тренинг. Во таа насока е и новиот модел на стопанисување со спортските објекти што ги гради државата. Еден од новите базени веќе е предаден на управување на Националната пливачка федерација, а наскоро ќе биде завршена процедурата за уште два други, сѐ со цел спортистите да добијат подобри услови за работа, со овие спортски објекти правилно да се стопанисува и тие во целот да ја исполнат својата намена“ - посочи Ристовски.

Овој пристап има за цел да овозможи подобро искористување на спортската инфраструктура, поголема достапност на базените за пливачите, за Федерацијата и за клубовите и создавање подобри услови за развој на младите таленти.

Претседателот на Националната пливачка федерација, Сашо Лазаревски, изрази благодарност за поддршката и добрата соработка со Министерството за спорт и најави почеток на нова ера за македонското пливање.

„Со огромно задоволство сакам да соопштам дека заедно со Министерството за спорт успеавме да исполниме сите задачи што ги поставивме пред една и пол година и дека Националната пливачка федерација сега работи со одблокирана сметка,функционира одлично обединета и сите клубови заедно работат на тоа. Благодарност до министерот за спорт кој даде ветување и се заложи за нашата федерација, благодарност и до Владата која изнајде средства и начин да ни помогне и еве денеска ние започнуваме една нова ера“ – рече Лазаревски.

Со решавањето на проблемот со блокираната сметка и со активностите за подобрување на инфраструктурните услови, Министерството за спорт продолжува со поддршката на македонското пливање и со заложбите за негова стабилизација и враќање на патот кон нови спортски успеси.

Министерство за спорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер