Живот„Myworld“, наследникот на Лајонес во стечај – која е причината?Платформата MyWorld за враќање пари при секое купување која се спои со Lyoness од вчера е во стечај. Со ова е неизвесна и судбината на Lyconet која работи мрежен маркетинг, која работи единствено за MyWorld. Со банкрот се соочува фирмата MyWorld International AG која е истовремено сопственик и на фирмата MyWorld Macedonia чиј сопственик е Радован Витошевиќ кој до пред извесно време бил и оперативен директор на MyWorld International AG. Се обидовме да стапиме во контакт со Витошевиќ, но до почетокот на овие вести одговор сеуште немаме. Фирмата Lyconet Austria е сопственик на Lyconet Macedonia, чија судбина за иднината е доведена во прашање поради банкротот на MyWorld. Македонскиот претставник и акционер во Lyconet Austria, Зоран Витанов вели дека не може да зборува во име на МyWorld, но за дел од медиумите дал потврден одговор за стечајот. Според информациите на странски медиуми услугите за користење кешбек преку Lyoness платформата ја следат низа скандали и се целосно забранети во Италија и Норвешка, кадешто се прогласени за функционирање на принципот на илегална пирамидална шема. Овие скандали најчесто вклучуваат измамени инвеститори и компанијата постојано се обидува да се ребрендира, но скандалите ја следат. Во Шведска, Полска, Франција, Унгарија, Литванија и Грција се воделе истраги за целата платформа, но официјални одлуки за забрана на користење нема. Во Швајцарија и Австрија, пак, повеќе судски одлуки и регулаторни тела ја класифицирале платформата како пирамидална шема, но иако формална државна забрана не е донесена, моделот е широко оспоруван и дискредитиран како нелегален и небезбеден. Фирмата MyWorld Macedonia низ годините бележела раст на приходите, но и големи зголемувања во расходите. Пред три години фирмата остварила профит од 66 илјади евра, а следната година добивката била трипати поголема. Значителен пад на профитот фирмата доживеала лани кога остварила 45 илјади евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола Денеска почнува исплатата на средства за клиентите на Алта банка во Битола кои немаат платежни картички.Народната банка вчера информираше дека парите ќе се подигнуваат од шалтерите во главната филијала на Банката.За таа цел ќе бидат отворени повеќе шалтери на улицата Добривое Радосављевиќ број 21. Граѓаните ќе можат да подигнат најмногу 20.000 денари во период од две недели.мерката особено се однесува на пензионерите и примателите на социјална помош.од утре , филијалата ќе работи во две смени, вклучително и во сабота. Граѓаните ќе добиваат СМС-пораки со точниот ден и час за подигање на средствата.од Народната банка апелираат да се почитуваат определените термини за да се избегнат гужви.За оние кои нема да можат да дојдат во закажаниот термин, ќе бидат обезбедени дополнителни термини.на шалтерите ќе се врши исклучиво исплата на готовина, без други банкарски трансакции.во тек е подготовка за отворање вакви шалтери и во други градови во земјата.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЏеј Ди Венс предизвикува вознемиреност во Вашингтон со изјава по дебаклотПотпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, предизвика бурна реакција во Вашингтон откако директно ја посочи војната со Иран како причина за тешкиот изборен пораз на Републиканската партија на среднорочните избори за Конгресот.Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, предизвика бурна реакција во Вашингтон откако директно ја посочи војната со Иран како причина за тешкиот изборен пораз на Републиканската партија на среднорочните избори за Конгресот, се наведува во анализата на Би-Би-Си. Во политичките кругови, овој говор масовно се толкува како обид на Венс да се дистанцира од претседателот Доналд Трамп, во пресрет на негова можна претседателска кандидатура во 2028 година. Во внимателно срочена објава од шестотини зборови на социјалната мрежа „Икс“ (X), потпретседателот отворено призна дека гласачите кои во 2024 година гласале за Трамп, на овие избори им свртеле грб на републиканците. „Причината за нашиот пораз е војната“, напиша Венс, додавајќи: „Тоа синоќа го изјави и самиот претседател“. Во интервјуата доцна во вторникот и во текот на целата среда, Трамп ја бранеше војната, но истовремено призна дека токму тој конфликт бил клучниот фактор што довел до тоа демократите да преземат контрола и врз Претставничкиот дом и врз Сенатот. Според Би-Би-Си, ставот на Венс за војната во Иран бил „јавна тајна“ во Вашингтон – иако јавно го поддржувал конфликтот по американско-израелскиот напад врз Техеран во февруари, во приватни разговори со претставници на администрацијата изразувал противење. Сепак, досега овие несогласувања остануваа скриени од јавноста. Само неколку часа откако Трамп и неговата партија претрпеа тежок пораз, Венс јасно стави до знаење дека одлуката за влегување во војна ја смета за очигледен политички гаф. „Ако некој сака да тврди дека тоа вредело – дека вредело да се изгуби Сенатот во следните шест години – нека излезе и нека го каже тоа. Нека тврди дека тоа била цена што вредело да се плати. Без разлика дали се согласуваме или не, тоа е барем искрен став“, изјави Венс. Би-Би-Си забележува дека станува збор за настан без преседан во поновата американска политичка историја; ретко може да се најде пример каде што актуелен потпретседател толку отворено и остро се спротивставува на претседателот во однос на некој клучен потег во надворешната политика. Потоа следеше можеби уште поголемо изненадување: самиот Трамп – кој вообичаено бара безусловна лојалност од своите соработници – се согласи со Венс дека војната, во голема мера, го одредила исходот од изборите. Тој додаде дека, во истата ситуација, „повторно би го направил истото“. Трамп не чувствува лутина: „Знаев што правам“ Според анализа на Би-Би-Си, реакцијата на Трамп е ран показател дека претседателот можеби ќе му остави значителен простор за маневар на Венс, доколку тој одлучи да се кандидира за претседател. „Знам што мисли тој за тоа. Мислам дека тоа е во ред“, им рече Трамп на новинарите кога го прашаа за изјавата на Венс. „Знаев што правам кога се впуштив во тоа; ги спречивме да дојдат до нуклеарно оружје, и тие никогаш нема да го имаат.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно,со температура од 8 до 15 степениПроменливо облачно, во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Во почетокот на следната седмица ќе има услови за слаб локален дожд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter