„МТВ“ И „МНТ“ за Гугл веќе се „С-МРТ“ И „С-МНТ“ - Канал 5

„МТВ“ И „МНТ“ за Гугл веќе се „С-МРТ“ И „С-МНТ“

Македонската Радио Телевизија стана Северна Македонска Радио телевизија, а Македонскиот Народен Театар, Северно Македонски Народен театар.

„МТВ“ И „МНТ“ за Гугл веќе се „С-МРТ“ И „С-МНТ“

– Засега само на мапите од светскиот пребарувач број 1, Гугл, но овој потег го отвори прашањето што ќе биде со институциите кои во своето име ја имаат придавката „македонска/македонски“.

На ова прашање нема јасен одговор уште од времето на потпишувањето на Преспанскиот договор, но во упатството што МНР го издаде за странските новинари, стои дека придавката северно македонски не е согласно со договорот

-Правилни примери за државата, нејзините официјални органи и останати јавни институции: Влада на Република Северна Македонија, Претседател на Северна Македонија, Министер за надворешни работи на Северна Македонија, Министерот за одбрана на Северна Македонија, Општина Охрид од Северна Македонија, Универзитет Св. Кирил и Методиј од Северна Македонија.

Неправилни примери: Други придавки, вклучително и „Северно македонски”, „Македонски”, „С. Македонски” и „СеверноМакедонски”, не треба да се употребуваат во овие случаи.

Што ќе биде со имињата на МТВ, МНТ, но и Македонска филхармонија, како и државните компании Македонски пошти, Македонски железници, Електрани на Македонија и слично, ќе биде појасно по утре...

Генералниот секретар на владата Драги Рашковски, кој раководи и со меѓуресорската група за спроведување на договорот од Преспа, за Канал 5 вели дека на редовната владина седница ќе се решаваат сите детали за новите имиња на институциите.

За сега прва институција која го примени името е НБРМ. Таа сега е НБРСМ.

Народната банка засега е меѓу првите институција која го промени името, на сајтот на банката стои Народна банка на Република Северна Македонија.

Кога станува збор за промена на називите на институциите кои во себе го содржат името Република Македонија, договорот е јасен, пред нив мора да има придавка Северна. Во овој дел најсензитивно е прашањето за АРМ, кое е кратенка од Армија на Република Македонија.. Како ќе биде нејзиното именување во иднина, одговор засега нема..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар во близина на Карпош 4 (ВИДЕО)

Попладневно избувна голем пожар во Карпош 4 во Скопје , во близина на бунарите Лепенец. 

Голем пожар во близина на Карпош 4 (ВИДЕО)

Голем пожар избувна пред половина час во близина на бунарите Лепенец, покрај кејот на Вардар во Карпош 4.

Според видеата, се гледа голем пожар и чад што зафати сува трева и грмушки во близина на објектот на ЈП Водовод.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешна шпанска министерка: Влезот на 80.000 мигранти беше хибриден напад врз ЕУ

Поранешната шпанска министерка за надворешни работи Аранча Гонзалес Лаја изјави дека масовниот влез на околу 80.000 мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута бил „хибриден напад“ врз надворешната граница на Европската Унија.

Поранешна шпанска министерка: Влезот на 80.000 мигранти беше хибриден напад врз ЕУ

Според неа, целта била „миграцијата да се искористи како алатка“ за ослабување на Европската Унија во период кога миграцијата претставува особено чувствително општествено и политичко прашање. И покрај овие наводи, шпанскиот премиер Педро Санчез застана во одбрана на Мароко. Гонзалес Лаја оценува и дека случувањата во сеута покажуваат дека миграцијата може да се претвори во средство за политички притисок врз Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јеменските Хути ја нападнаа Саудиска Арабија, над 70 ранети

Јеменските Хути, поддржани од Иран, нападнаа енергетски постројки и градови во Саудиска Арабија, сојузник на САД, при што беа повредени повеќе од 70 лица.

Јеменските Хути ја нападнаа Саудиска Арабија, над 70 ранети

Нападите доаѓаат откако Иран предупреди дека енергетската инфраструктура низ заливот, вклучувајќи ги и американските нафтени и гасни интереси, е ранлива по последната размена на напади помеѓу САД и Иран. Хутите, кои ги контролираат најнаселените делови од Јемен и поголемиот дел од северот, започнаа напади врз Саудиска Арабија откако прогласија поморска блокада на земјата во јули, загрозувајќи го извозот на нафта преку Црвеното Море. Во исто време, Иран вети дека во наредните денови ќе објави нова ограничена зона во заливот, заедно со мапи на нов бродски коридор низ Ормускиот Теснец, како одговор на економската војна на САД. Саудиските воени авиони извршиле серија воздушни напади врз повеќе области во Јемен, јави телевизијата „Ал Масира“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер