„MrBeast“ ги собори сите рекорди на „YouTube“ - Канал 5

„MrBeast“ ги собори сите рекорди на „YouTube“

Моментално најпопуларниот јутјубер во светот, Џими Доналдсон или „MrBeast“, за неколку дена успеа да ја надмине границата од 200 милиони претплатници и да пласира уште едно видео меѓу рекордите.

„MrBeast“ ги собори сите рекорди на „YouTube“

Од минатата година, најследениот Јутјубер во светот, Џими Доналдсон, попознат како „MrBeast“, продолжи да го акумулира бројот на претплатници на својот канал. Кога во ноември минатата година официјално го престигна Феликс Кјелберг, познат по прекарот „PewDiePie“, кој имаше повеќе од 111 милиони претплатници.

Ниту една година подоцна, 25-годишната ѕвезда на „YouTube“ ја проби новата „магична“ граница – од 15 октомври неговиот канал има повеќе од 200 милиони претплатници.

Тоа е најголемото достигнување на приватен канал во историјата, надминато само од легендарниот индиски музички канал „T-Series“ со 251 милион претплатници. Каналот на „MrBeast“ започна во февруари 2012 година, кога тој имаше само 13 години, а во последните неколку години стекна светска слава преку различни предизвици, споделување пари и други атрактивни содржини, во кои инвестира милиони долари. Сигурно му се враќаат преку спонзорски договори, разни франшизи (ресторан за брза храна и линија за бонбони,), а Доналдсон има многу интересна деловна стратегија - огромен дел од заработените пари ги дели на победниците на неговите предизвици, или едноставно го троши на новата продукција.

Покрај рекордот по број на следбеници, видеото објавено викендов му донесе уште еден рекорд. Видеото кое покажува како изгледаат куќите вредни од еден долар до повеќе од 100 милиони долари, во првите 24 часа е прегледано повеќе од 60 милиони пати. Тоа е нов рекорд за немузичко видео на „YouTube“, а претходниот рекорд го држеше - погодувате - исто така „MrBeast“, со видео за преживување на сплав објавено во август.

YouTube video

Кон крајот на минатата година, Форбс ја процени нето вредноста на околу 500 милиони долари, што ги вклучува неговиот канал, студио, бренд и сите франшизи. Во тоа време, се проценуваше дека тој лесно може да стане првиот милијардер на „YouTube“ наскоро, ако, на пример, реши да продаде мал удел во својата компанија.

Минатата есен, самиот „MrBeast“ изјави дека одбил понуда за преземање од милијарда долари за целата негова видео империја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Екс манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли ужива во одморот со својот славен сопруг, холивудскиот актер Џејсон Стетам и децата.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Познатото семејство летниот одмор го мининува на егозтичната Малта, каде што Роузи повторно позира во провокативно бикини.

Убавата Роузи Хантингтон-Вајтли ја покажа својата извајана фигура во минијатурни бикини за време на луксузниот семеен одмор со Џејсон Стетам.

39 годишната манекенка моментално ужива на Малта со 20 години повозрасниот Џејсон и нивните две деца – деветгодишниот син Џек и четиригодишната ќерка Изабела.

Парот веќе објави фотографии од одморот, но кога станува збор за Роузи, никогаш не е доволно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Француските обвинители покренаа истрага за сомнително убиство откако во станот на еден пар во градот Оранж, во југоисточна Франција, беа пронајдени посмртните останки на пет новороденчиња, соопштија локалните правосудни органи.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Остатоците од бебињата биле пронајдени во картонски кутии за време на претрес на станот во историскиот центар на градот, спроведен од 32-годишниот партнер на жената, откако тој – според обвинителството – дури во напредна фаза дознал дека таа повторно е бремена, пренесува „Франс 24“.

Жената во неделата дома родила здраво дете, по што била пренесена во болница.

По пристигнувањето во станот, нејзиниот партнер пронашол остатоци за кои се сомневал дека се човечки остатоци и ги известил болничките вработени, кои го пријавиле случајот во обвинителството. Според првите наоди на судскиот испитувач, остатоците најверојатно им припаѓаат на пет бебиња, а причината и околностите на нивната смрт ќе бидат утврдени со обдукции.

Истражителите сè уште не разговарале со мајката, соопштија од обвинителството.

Двојката има и две деца на возраст од осум и девет години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена одлучи да проговори по бројните гласини што ја поврзуваат со сè попопуларниот фудбалер Феран Торес.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена категорично демантираше дека е во врска со напаѓачот на Барселона, Феран Торес – освојувач на Светското првенство во 2026 година со шпанската репрезентација – и ги нарече таквите тврдења „глупости“ и „апсурдни“, откако беа видени заедно за време на прославата на светската титула.

Пејачката веднаш реагираше на гласините што се појавија во медиумите деновиве, особено на оние што ја поврзуваат со фудбалерот на Барселона.

„Ова е бесмислица, за име на Бога. Навистина е смешно“, им изјави таа на собраните новинари, пренесува Goal.com.

Медиумите почнаа да ги поврзуваат Ана Мена и Феран Торес откако беа видени заедно на прослава на плоштадот Сибелес, организирана од Шпанската фудбалска федерација, а потоа и на приватна забава во еден од најпознатите ноќни клубови во Мадрид.

Шпекулациите дополнително се разгореа кога пејачката се појави во дрес со бројот 7, кој Торес го носи во шпанската репрезентација.

Кога ја прашале Анна зошто го носела токму тој дрес, Ана Мена кратко одговори: „Па, тоа е дресот што ми го дадоа, не знам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер