„Motorola“ има прв телефон со најдобриот „Snapdragon“ чип - Канал 5

„Motorola“ има прв телефон со најдобриот „Snapdragon“ чип

Беше потребно малку повеќе од една недела за да се појави првиот телефон со најновиот „Snapdragon 8 Gen 1“ чипсет.

„Motorola“ има прв телефон со најдобриот „Snapdragon“ чип

„Qualcomm“ на 1 декемри го претстави најновиот „Snapdragon 8 Gen 1“ чипсет а сега е претставен и првиот телефон во кој е имплементиран споменатиот чип.

Станува збор за „Motorola Edge X30“, кој доаѓа во станардна варијанта и „X30 Special Edition“ верзија.

„Motorola Edge X30“ користи 6,7 инчен „OLED“ дисплеј со „FHD+“ резолуција и 144Hz стапка на освежување. Стандардниот модел има мал отвор за 60 мегапиксели селфи камера, додека „Special Edition“ го користи истиот модул но тој е сместен под дисплејот.

Според тестирањата објавени од „Motorola“, „X30“ би требало да понуди за околу 20% подобри „CPU“ перформанси, за 30% бодобри „GPU“ перформанси и за 400 процети подобар „AI“ во однос на „Snapdragon 888+“ чипот.

Ова се совпаѓа со статистиката спомената од „Qualcomm“, за време на официјалното претставување на „Snapdragon 8 Gen 1“ чипсетот.

На задниот дел „Edge X30“ има 50 мегапиксели главна камера, со „OmniVision“ сензор, а тука е и втората ултраширока камера од 50 мегапиксели и модул од 2 мегапиксели. Изворно е поддржана опција за снимање 8К видео.

Телефонот се напојува со батерија од „5000mAh“, со поддршка за 68W брзо полнење, додека за софтверска поддршка е задолжен оперативниот систем „Android 12“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Економските ‘’експерти’’ од талогот на СДС кои ја уништија државата шират хистерија

Економските ‘’експерти’’ од талогот на СДС кои ја уништија државата шират хистерија, официјалните податоци ги демантираа и ја покажаа вистинската слика за економијата.

Стојаноски: Економските ‘’експерти’’ од талогот на СДС кои ја уништија државата шират хистерија

Додека СДС го градеше својот летен наратив од паника и невистини, во сенка на нивните преписки излегоа официјалните податоци на Државниот завод за статистика за инфлацијата и цените на мало во јули годинава. И тие податоци се јасни, проверливи и за жал талогот од СДС, не може да ги побие

Инфлацијата во јули 2026 година изнесува 2,3% на годишно ниво. За споредба, просекот во Европа е 2,9%. Значи, Македонија денеска има една од најниските стапки на инфлација.

Еве како се движеше инфлацијата од март до јули годинава. Во март, инфлацијата изнесуваше 4,9%, а цените на мало 3,4%. Во април, инфлацијата се искачи на 5,7%, со цени на мало од 5%. Во мај, инфлацијата беше 4,8%, а цените на мало 5,6%. Во јуни, инфлацијата падна на 3,4%, со цени на мало од 3,6%. А во јули пак, инфлацијата изнесуваше 2,3%, а цените на мало 1,8%.

Од априлскиот врв до јули, годишната стапка на инфлација падна за 3,4 процентни поени односно скоро 60% пониска во однос на априлското ниво.

Особено охрабрувачки е трендот кај храната и безалкохолните пијалаци, каде цените во јули се намалија за 1,1% во однос на јуни, а стапката падна од 5,6% во мај на 1,8% во јули пад од 3,8 процентни поени за само два месеца. Единствениот посериозен месечен притисок доаѓа од транспортот, со раст од 4,4%, но тоа не го менува општиот тренд на смирување.

Само за споредба, просечната инфлација во периодот март-јули 2022 година, кога економијата ја водеа токму нивните т.н. „експерти“, изнесуваше 12,34%. Во истиот период годинава, 4,22%. Кај цените на мало, разликата е слична: 12,1% тогаш, наспроти 3,88% сега. Тоа е сооднос од речиси 3:1 во корист на денешниот период, иако двата периоди не се споредуваат затоа што станува, во овој момент, збор за историски најголемата криза што ја има доживеано човештвото.

СДС сакаше народот да поверува дека пониска инфлација значи замрзната економија. Бројките го покажуваат спротивно. Извозот во првите пет месеци од 2026 година е зголемен за околу 8% на годишно ниво.

Индустриското производство во јуни бележи раст од 6,5%, а преработувачката индустрија дури 7,9% раст. БДП во првото тримесечје порасна за 3,1% на годишно ниво. Бројот на вработени е повисок отколку минатата година, а невработеноста падна од 11,7% на 11,3%. Даночните и вкупните буџетски приходи бележат раст.

Почитувани,

Талогот се обидува да шири хистерија затоа што реалните бројки не одговараат на нивната стратегија, немаат интерес од официјални податоци кои ја рушат нивната кампања базирана на лажни тези и вештачки создадена хистерија. Логиката на СДС е веќе позната, колку се поголеми нивните лаги, толку погласна треба да биде таа нивна хистерија за да ги прикрие. Затоа нема да видите нивна објава со бројките од јули за инфлацијата, ниту реален осврт на состојбата на Буџетот.

Ние ќе продолжиме со политиките кои го штитат стандардот на граѓаните, кои носат нови вложувања и отвораат нови работни места, а бројките потврдуваат дека се движиме во правилна насока. Економските експерти т.н. нормално, од СДС кои сега делат совети оставија уништена држава, а ние градиме економија што реално им го подобрува животот на граѓаните.

Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФЗО: Здравственото осигурување се активира автоматски по евидентирање на уплатените придонеси

Фондот за здравствено осигурување ја информира јавноста дека состојбата со здравственото осигурување на вработените во Министерството за внатрешни работи не е резултат на технички проблем или застој во системот на Фондот.

ФЗО: Здравственото осигурување се активира автоматски по евидентирање на уплатените придонеси

Според податоците евидентирани во системот, во Министерството за внатрешни работи се регистрирани вработени кои се вратени на работа врз основа на судски одлуки. За дел од овие лица во моментот не е евидентирана соодветна уплата на придонесите за здравствено осигурување за периодот за кој се пријавени.

Станува збор за системски воспоставен механизам кој подеднакво се применува за сите правни субјекти во државата. Пријавувањето на вработените, пресметката и уплатата на придонесите се процеси поврзани со системот за наплата на придонесите преку Управата за јавни приходи, додека Фондот го евидентира статусот врз основа на податоците за извршената уплата.

Во вакви случаи, кога кај правен субјект дополнително се пријавуваат вработени за претходен период, потребно е да се изврши соодветна корекција на пресметката на плата за тој период и да се доплатат придонесите и за дополнително пријавените лица. По евидентирањето на уплатата, здравственото осигурување се активира автоматски.

Оттука, не станува збор за поединечна административна одлука на Фондот, ниту за рачно исклучување на осигурениците од страна на вработените во ФЗО. Процесот е системски и автоматизиран и истите правила важат за сите работодавачи и институции без исклучок.

Фондот и самиот во минатото се соочил со идентична ситуација кај сопствените вработени, што дополнително потврдува дека механизмот се применува еднакво за секој правен субјект.

Кај институции со голем број вработени, како што е Министерството за внатрешни работи, дополнителното пријавување лица по основ на судски одлуки може да има поширок ефект доколку навремено не се изврши потребната корекција и уплата на придонесите.

Во моментов, претставници на Фондот и на Министерството за внатрешни работи се во директна координација за спроведување на потребните постапки и надминување на состојбата во најкраток можен рок. Фондот ги стави на располагање сите потребни податоци и стручна поддршка во рамките на своите надлежности.

Фондот истовремено апелира до сите институции и работодавачи, при враќање или дополнително пријавување вработени за претходен период, особено врз основа на судски одлуки, паралелно и навремено да ги спроведат потребните корекции на пресметката и уплатата на придонесите. На тој начин ќе се избегнат ситуации во кои привремено може да биде засегнат статусот на здравственото осигурување и на останатите вработени.

Апелираме ова прашање да не се политизира и да не се создава непотребна загриженост кај осигурениците. Станува збор за јасно утврдена системска постапка која подеднакво важи за сите правни субјекти, а по евидентирањето на потребната уплата здравственото осигурување автоматски се активира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во јуни намалување на бројот на странски туристи за 13%

Летната турстичка сезона е во полн ек, но статистика регистрира значително намалување на бројот на странски туристи во јуни годинава, во однос на истиот месел лани.

Во јуни намалување на бројот на странски туристи за 13%

Годинава во јуни имало 87.618 странски туристи што е за 13% помалку во однос на јуни лани, кога имало над 100.000. Просечно тие остануваат во земјава по две ноќевања.

И натаму најбројни се туристите од Турција, околу 25.000, а потоа следат Србија со 8.500, Германија нешто на 4.000 и Бугарија со 3.200 туристи.

Вкупно, во првите шест месеци од годинава, во земјава дошле 396.633 странски туристи што е за 0.3% повеќе во однос на првото полугодие лани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер