„Молитви на моето тело“ - балетски триптих по повод 100 години од раѓањето на Ацо Шопов - Канал 5

„Молитви на моето тело“ - балетски триптих по повод 100 години од раѓањето на Ацо Шопов

 „Молитви на моето тело“ е балетски трилтих што премиерно ќе се одржи на 20 декември во Национална опера и балет (НОБ), по повод 100 години од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, а по идеја на костимографот Александар Ношпал.

„Молитви на моето тело“ - балетски триптих по повод 100 години од раѓањето на Ацо Шопов

Станува збор за балетски триптих, работен по мултидемијален принцип. Како што потенцираше на денешната прес-конференција драматургот Соња Здравкова Џепароска, претставата се базира на циклусот „Молитви на моето тело“, кон кој е и приклучена песната „Раѓање на зборот“, и сите циклуси формираат една органска целина.

-Бидејќи секоја претстава која се пренесува во нов медиум бара потчинување на тие закони, оваа поезија е структуирана во три дела. „Раѓање“ е првиот дел кој се однесува на раѓањето на зборот, на раѓањето на телото, на раѓањето на идејата и секој од овие циклуси беше обоен во одредена боја бидејќи тоа некако органски мене ми се наметна како драматург, а целиот тим го прифати, појасни Здравкова Џепароска.

Таа додаде дека вториот дел е „Преплетување“. Тоа е, како што рече, преплетување или ткаеж, односно игра со зборови, со човечки тела и тука акцентот е ставен на тој дел, а бојата е пурпурно црвена.

Третиот дел е „Вознесување“. Вознесување во една нова димензија, вознесување на телото, на идејата, на исчекорување надвор во некоја нова димензија.

-Кога се работи за преработка на одредена матрица литературна, мора да внимаваме да останеме доследни на авторот. Се надевам дека останав доследна на авторот и дека подготвивме една предлошка која даде доволно простор на кореографите да се изразат, додаде Здравкова Џепароска.

Костимографот Александар Ношпал на прес-конференцијата посочи дека ова е негово прво чедо кое се роди како идеја и напомена оти е чест и задоволство да се работи со овој тим.

Раководителка на балет Олга Панго рече дека на претставата работат три македонски кореографи, со три различни изразувања поврзани во една целина.

-Станува збор за три различни изразувања поврзани во едно цело, а тоа едно цело е и поезијата на Ацо Шопов. Сметам дека ова ќе биде многу голема и комплексна работа за нас како балет и колектив бидејќи работиме три различни дела од три различни кореографи со три различни изрази и сметам дека на 20-ти ќе имаме прекрасна премиера која ќе биде за паметење, рече Панго на прес-конференцијата.

Во претставата настапуваат Мими Поп-Алексова Атанасовска, Илијана Данилов, Наташа Трендафилова, Ангела Велевска, Ована Димковска, Меланија Гоцевска, Ангела Богатинова, Аманда Роча, Франциско Хименес Руис, Балаш Лочеи, Игор Веланоски, Ендру Кук, Веселин Трајковски и Алфред Јаго. Сценограф е Михајло Стојановски.

Премиерниот датум - 20 декември е роденден на поетот Ацо Шопов и пред почетокот на претставата ќе биде свечено затворање на јубилејот кој се отвори во март оваа година во седиштето на УНЕСКО. Во однос на дополнителната содржина во фоајето на НОБ ќе бидат отворени и две изложби едната насловена „Патот по кој чекорам“ и втрата „Величествен поетски мост што ги поврзува сите континенти“.

Првата реприза на претставата е на 22 декември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовска -Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура - шефот и банкарот на ОКГ

Додека Давор Мацура седи во притвор во Србија за изнесени близу 400 милиони евра и сомнежи за печатење лажни банкноти од 500 евра, во Македонија ВМРО-ОКГ и Мицкоски ја бранат Алта банка. 

Серафимовска -Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура - шефот и банкарот на ОКГ

Латас, Бетмен и други квази-експерти излегуваат да ја бранат Вучиќевата пералница на пари. Да го бранат банкарот на Мицкоски.

Сега се обидуваат да ја префрлат одговорноста спојувајќи ја СДСМ со ДУИ.

Извадија документ од „Службен весник“ од јуни 2023 година како наводен доказ дека претходната влада склучила зделка со Алта банка.

Тоа е целосна манипулација.

Станува збор за пакет од 7.213 акции (околу 1,85% од капиталот на Стопанска банка АД Битола) што државата ги конфискуваше од Сашо Мијалков и фирмата „Ексико“ со правосилната пресуда за случајот „Империја“.

Одлуката од 6 јуни 2023 година е само редовна законска процедура според Законот за управување со конфискуван имот — формална согласност Агенцијата за управување со одземен имот да ги продаде запленетите акции за да влезат пари во буџетот. Истиот ден се дадени идентични согласности и за други запленети акции.

Овие акции воопшто не беа продадени во мандатот на СДСМ. Алта банка тогаш воопшто не беше присутна во државата. Влезот на српската Алта банка и преземањето на Стопанска банка се случија во есента 2025 година со одлука на Мицкоски и неговата власт.

Запленетиот пакет беше продаден на Алта банка во јануари 2026 година за околу 375.000 евра.

Повторно фатени во лага. Мицкоски ја внесе Вучиќевата Алта банка во Македонија.

Трајко Славески му даде дозвола, јавно призна, во консултација со Мицкоски. Парите на јавните претпријатија и на граѓаните завршија таму исто така со одлука на владата на Мицкоски.

Сега кога во Србија се отвораат истрагите, ВМРО-ОКГ се обидува да го заташка скандалот.

Нема да помине. СДСМ поднесе кривични пријави против гувернерот и против сите инволвирани. Следува одговорност!

Затоа ВМРО, Латас и Мицкоски ги бранат Вучиќ и Мацура — својот шеф и својот банкар. Така изгледа кога власта е дел од мафијашки синдикат, дел од балканскиот картел.

Вистината излегува. Бандата ќе одговара.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма на израелскиот аеродром: Исчезна двегодишно дете, пронајдено на лента за багаж

Двегодишно дете накратко исчезна на меѓународниот аеродром Бен Гурион во Израел откако се качило на лента за багаж и пешачело неколку метри до местото каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони.

Драма на израелскиот аеродром: Исчезна двегодишно дете, пронајдено на лента за багаж

Инцидентот се случил во четврток, кога семејство кое се подготвувало за лет за Ларнака, Кипар, се соочило со исчезнувањето на своето дете, објави денес Канал 12. Откако родителите не успеале да го пронајдат детето, ја известиле полицијата, која започнала потрага по исчезнатото дете на аеродромот.

Двегодишното дете било пронајдено неколку минути подоцна на лента за багаж, каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони.

Аеродромските власти соопштија дека детето е пронајдено неповредено и во добра состојба, откако пешачело само неколку метри на лентата.

Во соопштението се наведува и дека детето не било под надзор на своите родители во времето на инцидентот. Израелските аеродромски власти започнале истрага за да ги утврдат околностите на инцидентот, а според извештаите на медиумите, полицијата ја разгледува и можноста за покренување истрага.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос на аеродромот во Мајами: Судир на два авиона, има повредени ВИДЕО

Товарен авион на „UPS“ и авион на „Copa Airlines“ се судрија на пистата на меѓународниот аеродром во Мајами во текот на ноќта, при што беа повредени две лица.

Хаос на аеродромот во Мајами: Судир на два авиона, има повредени ВИДЕО

Во судирот учествуваа „Boeing 767“ на „UPS“ и „Boeing 737“ на „Copa Airlines“, објави „CBS“.

„Околу 21:15 часот, авион што пристигнуваше и се повлекуваше се судрија на раскрсницата на две писти“, вели Грег Чин, директор за комуникации на меѓународниот аеродром во Мајами.

Чин вели дека противпожарната служба на Мајами им пружила помош на двајца пациенти на местото на настанот за полесни повреди и дека не им бил потребен медицински превоз, како и дека летовите биле пренасочени кон други писти, па судирот не влијаел врз работењето на аеродромот.

Карго авионот на „UPS“ требало да полета од Мајами до Богота, Колумбија, а авионот на „Copa Airlines“ слетал од Панама Сити, Панама.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер