Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
2Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
Забава Модното дуо Љупка и Горан Митров направија спектакл кој ја одбележа годината - Триумфално отворање на MITROFFМодното дуо Горан Митров и Љупка Митрова кои стојат зад новиот моден бренд MITROFF, завчера вечерта приредија спектакуларен настан во центарот на Струмица. Во гламурозен амбиент во стилски уредениот ентериер MITROFF ги претстави своите модни колекции – креации кои го отелотворуваат софистицираниот стил и безвременската елеганција. Настанот ги собра на едно место најголемите модни ентузијасти од цела Македонија, во духот на чиста уметност и естетика. Пред многубројните гости настапи Викторија Лоба, заедно со Љубомир Митровски, додека харизматичната Миа Костова беше водител на вечерта. “Нашата визија за брендот не е локална, достапни сме за клиенти од цела Македонија и пошироко. Вложуваме многу енергија, многу љубов, многу душа во сите детали кои придонесуваат за задоволство на нашите клиенти. Го остваривме нашиот сон, ништо не е случајно, MITROFF е последицата на тоа што долги години беше некако очекувано да се случи од нас. “изјави Горан Митров, коосновач на брендот MITROFF. “Многу ми е драго што нашата приказна почнува во старата Струмичка чаршија, тука се нашите корени и драго ми е што привлековме и ќе продолжиме да привлекуваме многу луѓе тука во нашето ателје. Нашата смелост, нашата самодоверба и љубов кон модата не донесоа до остварување на нашата визија.” –изјави Љупка Митрова, коосновач на MITROFF. Во ателјето на MITROFF, на продажба се екслузивни колекции на бизнис и церемонијални одела за мажи, како и бизнис, свечена линија за жени и венчаници. Префинетата селекција на аксесоари, чевли, чанти и накит, совршено ја надополнуваат модната приказна на MITROFF. Ателјето нуди и уникатна изработка на креации (custom made) со цел да се задоволат и најспецифичните вкусови на клиентите. Изграден на соништата и визијата на Љупка и Горан, во центарот на Струмица, а достапен за клиенти од цела Македонија и регионот, MITROFF се развива не само како моден бренд – тој постанува симбол на префинетост и модна револуција. View this post on Instagram A post shared by MITROFF (@mitroff.official) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
МакедонијаПретрес во Кочани, пронајдена дрога, лишени од слобода три лицаНа 22.09.2026 во 21:00 часот, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода С.Д.(30), Р.К.(30) и 24-годишната Д.А., сите од Кочани. При претрес во домот на С.Д. во кој биле затекнати Р.К. и Д.А., извршен со наредба од Основен суд Кочани, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, марихуана, бела прашкаста материја, дигитални ваги и пари во различни апоени. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНапаѓачот кој пукаше кај училиште во Маниса го најавил нападотПо вчерашниот вооружениот инцидент во средно улилиште во Маниса во кое беа повредени 11 ученици, истрагата утврдила дека напаѓачот преходно го најавил нападот не негов роднина, но дека не бил сватен сериозно.Истрагата утврдила и дека напаѓачот, кој пукаше со пушка кон учениците, претходно околу еден месец пред нападот вежбал пукање со пушката на неговата баба, муницијата ја купил во продавница за ловна опрема за 600 турски лири што му ги дала неговата баба. Меѓу приведените се и родителите на осомничениот,неговите баба и дедо, како и сопственикот на продавницата за ловна опрема каде што била купена муницијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Собранието разгледана националната стратегија за спречување на корупцијатаНа две собраниски комисии денеска беше разгледана национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година. Според првиот човек на антикорупциската и дел од рпатениците стратегијата не смее да остане на хартија и порачаа дека е потребна заедничка воља за нејзино спроведување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook