„Модерна" во фаза на клинички испитувања на засилувачка доза вакцина, насочена против омикрон - Канал 5

„Модерна" во фаза на клинички испитувања на засилувачка доза вакцина, насочена против омикрон

Американската компанија Модерна синоќа објави дека започнала клинички испитувања на засилувачка доза на вакцина дизајнирана специјално за борба против варијантата на коронавирусот Омикрон.

„Модерна" во фаза на клинички испитувања на засилувачка доза вакцина, насочена против омикрон

Во истражувањето учествуваат вкупно 600 возрасни лица, од кои повеќето примиле две дози од вакцината Модерна пред шест месеци. Но, има и такви ревакцинирани пред три месеци. Така, новата вакцина ќе се тестира и како трета и четврта доза.

Компанијата, исто така, ги објави резултатите од ефикасноста против Омикрон на бустер вакцината што се користеше досега. Шест месеци по ревакцинацијата, нивоата на неутрализирачки антитела против Омикрон се намаличе шест пати од врвот забележан 29 дена по инјектирањето, но сепак биле присутни кај сите имунизирани пациенти. Тие податоци се добиени од тест на крвта на 20 луѓе кои примиле засилувачка доза.

На 25 јануари Фајзер и нејзиниот германски партнер Бионтек почнаа клинички испитувања на новата верзија на нивната вакцина против Ковид-19, која е конкретно против варијантата Омикрон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Извештајот на Светска банка мотив за уште поголема работа и посветеност

Извештајот на Светска банка според кој Македонија е со најголем раст на авио летови и туризам во Европа и Централна Азија мотив за уште поголема работа и посветеност

Николоски: Извештајот на Светска банка мотив за уште поголема работа и посветеност

“ИЗВЕШТАЈОТ НА СВЕТСКА БАНКА СПОРЕД КОЈ МАКЕДОНИЈА Е СО НАЈГОЛЕМ РАСТ НА АВИО ЛЕТОВИ И ТУРИЗАМ ВО ЕВРОПА И ЦЕНТРАЛНА АЗИЈА, МОТИВ ЗА УШТЕ ПОГОЛЕМА РАБОТА И ПОСВЕТЕНОСТ”– напиша заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук стaтус и додаде:

“Македонија забележува рекордна статистика во растот на туризмот преку авиосообраќајот во услови на светска криза, исклучителен успех што е препознаен од страна на Светска банка.

Успехот и растот на авиосообраќајот во Македонија е нотиран во анализата на Светска банка за раст на туризам.

Со раст од 40% на годишно ниво, Македонија е препознаена како најдобар пример за држава со најголем раст во патници на пристигнување во Европа и Централна Азија.

Со мерката за субвенционирање на нови авиолинии и успесите што ги постигнуваме, Македонија е позиционирана на врвот во привлекување нови туристи и придвижување на економијата преку туризмот.

Овие успеси се потврдуваат и преку работата на охридскиот аеродром каде само во еден ден опслужени се рекордно преку 3 илјади патници, што за аеродром од овој тип е огромен успех.

Продолжуваме во следниот период со уште повеќе инвестиции во авиосообраќајот и туризмот.

Линк до објавата: https://www.facebook.com/share/p/1BgoJgFzdZ/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Претпоследна фаза од реконструкцијата на „Ленинова“

Претпоследна фаза од реконструкцијата на „Ленинова“, асфалтиран и кружниот тек на крстосницата со „Орце Николов“.

Герасимовски: Претпоследна фаза од реконструкцијата на „Ленинова“

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните активности во рамки на претпоследната фаза од реконструкцијата на улицата „Ленинова“.

Во тек е поставување на втор слој асфалт на потегот од булеварот „Партизански одреди“ до крстосницата со улицата „Илинденска“, во должина од 412 метри.

Се асфалтира и кружниот тек на крстосницата со улицата „Орце Николов“. Ова сообраќајно решение останува како трајно, бидејќи се покажа како успешно во намалување на бројот на сообраќајни несреќи.

Во рамки на досегашните активности, од двете страни на улицата се поставени нови пешачки патеки со вкупна должина од 825 метри. Подигнати и нивелирани се сите сливници и улични шахти, а поставени се и нови рабници. Паралелно се работи на реконструкција на постојната мрежа за јавно осветлување, додека во наредниот период е предвидено и поставување ново урбано зеленило, делумно во жардињери.

Реконструкцијата на вториот дел на „Ленинова“ го опфаќа потегот од булеварот „Партизански одреди“ до објектот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во должина од над 600 метри.

„Со ова го заокружуваме уредувањето на улицата „Ленинова“ како една од клучните сообраќајници во општината. Општина Центар континуирано вложува во современа, безбедна и функционална инфраструктура, со цел побезбеден и поефикасен сообраќај за сите учесници“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.

Првиот дел од улицата беше реконструиран во 2023 година, од булеварот „Партизански одреди“ до „Клубот на пратеници“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре отворен ден во О. Карпош

Во среда (29.07.2026), од 13:00 до 17:00 часот, во холот во Општина Карпош, градоначалникот Сотир Лукровски и раководителите од општинските сектори, ќе одржат средба со граѓаните на Карпош. 

Утре отворен ден во О. Карпош

Отворениот ден во Општина Карпош , ќе се реализира по втор пат изминатиот период.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер