3Другар од детството му пукал во глава поради „црна лотарија“- детали за убиството на бугарскиот бизнисмен
Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
1Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
Здравје,,Модерна” ја повика ЕУ да побрза со потпишувањето на договорот за нивните вакцини Шефот на американската компанија за биотехнологија „Модерна“ денеска ги предупреди Европејците дека доцнењето во преговорите за купување дози на нивната вакцина против ковид-19 може да ги забави испораките.„Разговараме, но нема договор“, изјави Стефан Бансел за Франс прес, 48-годишен Французин, кој дојде на чело на Модерна во 2011 година во Кембриџ, Масачусетс. Компанијата, основана во 2010 година, вчера објави дека се покажа дека нејзината вакцина против ковид-19 е ефикасна кај 94,5 проценти од луѓето вакцинирани при клиничките испитувања, слично на ефективноста од 90 проценти, пријавена од Pfizer и BioNTech за нивната вакцина минатата недела. Модерна планира да аплицира за вакцината на американскиот пазар „во следните недели“, а САД, по регулаторните проверки и безбедносните потврди, може да имаат две одобрени вакцини и 60 милиони дози за итна дистрибуција во декември заедно со „Фајзер“. Уште на 24 август Европската комисија извести за „напредни преговори“ за набавка на 80 милиони дози на вакцина, но оттогаш не е потпишан договор. Во меѓувреме, Модерна потпиша договори со Канада, Јапонија, Израел, Катар, Велика Британија, не сметајќи ги 100-те милиони дози ветени на Соединетите држави на почетокот на август. „Има многу администрација, досиеја, координација помеѓу земјите и покомплицирано е да се работи со 27, во споредба кога си сам“, рече Банкел. Тој го наведе примерот на Канада, со која поминале две недели од разговорот меѓу докторот и Модерна до потпишувањето на договорот. Тој рече дека доцнењето, иако не влијае на вкупната количина на вакцината, ќе ја забави нејзината испорака. За сите земји, освен САД, производството ќе се одвива во Швајцарија, во погоните на групацијата „Лонза“, а вакцината ќе биде флаширана во Мадрид, каде што е сместена групацијата „Рови“. Доколку Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината пред крајот на годината и не биде потпишан договор, „првите испораки нема да ја вклучат Европа“, туку земјите што ја имаат веќе нарачано - Швајцарија, Јапонија, Израел, Канада. „Не можеме да им го доставиме производот на оние што не го сториле тоа“, рече Бансел. Тој тврди дека преговорите не се блокирани од цената, но одбил да каже нешто повеќе. Првите Американци ќе бидат вакцинирани пред Нова година. Десет милиони дози ќе бидат достапни до крајот на ноември, 20 милиони до крајот на годината и ќе бидат исклучиво за Соединетите држави.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотНајтешката тиква има 651,5 килограми, ја подигаат со виљушкар Најтешката тиква во Швајцарија оваа година тежи 651,5 килограми и е одгледувана во приватна градина во кантонот Цирих, објавува швајцарската агенција Keystone-SDA.Ова е трета година по ред одгледувачот Флоријан Ислер од Еслинген, во кантонот Цирих, ја освои титулата швајцарски шампион во одгледување џиновски тикви, објави организаторот на натпреварот, Jüker Farm. Рекорди се уриваат! Тиквата припаѓа на сортата „Атлантски џин“, а нејзиниот одгледувач Ислер постави уште три швајцарски рекорди - за најтешкиот примерок од сортата „Бучел Гард“, тежок 136,6 килограми, највисокиот сончоглед, висок 7,695 метри, и најтешката лубеница, која тежела 97,2 килограми. Срушени се и други швајцарски и светски рекорди во одгледување џиновски зеленчук. Семејството Мајер од Детликон, исто така во кантонот Цирих, сега го држи светскиот рекорд за најтежок сладок компир, еден со тежина од 13,6 килограми, додека Јирг Висли од Досвил, во кантонот Тургау, во североисточна Швајцарија, го постави светскиот рекорд за најдолга лута пиперка, со должина од 54,3 сантиметри. Вкупно 18 џиновски тикви беа измерени на фармата Бихлихоф. Ништо без виљушкар На натпреварот учествуваа 16 тима, вклучувајќи два тима одгледувачи и две семејства. Меѓу 18-те измерени примероци беа 14 портокалови тикви од сортата „Атлантски џин“ и четири зелени тикви. Актуелниот швајцарски рекорд за најтешка тиква е 1.054 килограми, додека светскиот рекорд е 1.278,8 килограми. За време на вчерашниот натпревар, разни видови зеленчук беа транспортирани до вагата со виљушкар.Тагови: тиква Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
МетеоУтре сончево време со температура до 29 степениУтре времето ќе биде сончево и релативно топло, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 14 Попова Шапка, 17 Крушево, 21 Претор, Маврови Анови, Охрид, 23 Берово, 24 Прилеп, Виница, Битола, 25 Крива Паланка, 26 Тетово, Штип, Демир Капија, 27 Кавадарци, Велес, Скопје Петровец, 28 Струмица, Скопје Зајчев Рид, Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец. До крајот на денот ќе биде стабилно и ведро. ВРЕМЕТО УТРЕ Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната во интервал од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во четврток времето ќе биде сончево и релативно топло со променлива облачност во текот на денот. Во петок и за време на викендот, времето ќе биде променливо облачно со услови за врнежи од дожд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
МакедонијаГаши се сретна со поранешните претседатели на Собранието Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешната трета средба со поранешните претседатели на Собранието, ја потпиша Одлуката за формирање на Совет на поранешни претседатели на Собранието на Македонија. Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешната трета средба со поранешните претседатели на Собранието, Тито Петковски, Никола Поповски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески, ја потпиша Одлуката за формирање на Совет на поранешни претседатели на Собранието на Македонија. За идејата, односно целта за донесувањето на одлуката претседателите на Собранието беа известени на претходните две средби, одржани на 21 октомври 2025 година и на 7 април 2026 година. Имено, целта за формирањето на Советот, како неформално советодавно и консултативно тело, е обезбедување континуитет на институционалната меморија на Собранието; унапредување на парламентарната практика и демократијата и давање стручни и советодавни мислења за прашања од значење за работата на Собранието. Покрај ова на средбата беа разменети мислења за одделни процедурални прашања во работењето на Собранието, прашања што се однесуваат на дигитализацијата на работењето на Собранието во рамките на Националната стратегија за дигитализација, идејата за Библиотека на Собранието и за други актуелни прашања од интерес на работењето на Собранието и прашања од интерес на државата, с е наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08