3ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции
Македонија„Мобилност Скопје“ оствари средба со градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски Здружението на лица со попреченост, „Мобилност Македонија“, т.e. скопскиот огранок во своите простории оствари средба со градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. На дискусијата беше присутен и д-р Александар Савески, носител на листата кандидати за советници од партијата СДСМ и коалицијата. Не дебатата, граѓаните со попреченост, за Општина Центар побараа, во иднина, пристапноста до зградите, јавните, деловните и станбените објекти, да биде задолжителна и законски обврзувачка - со потребните и задолжителни измени во соодветните закони прописи. Досегашниот градоначалник и кандидат за следниот мандат се согласи и нагласи дека јавните институции во неговата општина веќе добиваат рампи за ортопедски колички, тактилни патеки за лица со оштетен вид итн. Герасимовски истакна дека тој тренд ќе продолжи. Како позитивен пример за пристапен и инклузивен објект, тој го посочи отскоро реновираното и надградено ООУ „Коле Неделковски“. Тој истакна дека Општината би продолжила да отстапува простории, дуќани, канцеларии и сл., за потребите на граѓаните, како што тоа веќе го прави во зградата на „Паркинзи на Општина Центар“ и во други објекти со коишто стопанисува Општината. Некои простории се отстапуваат времено, на ден или подолго, обично тоа е бесплатно, вели градоначалникот, а за подолгорочно користење на некоја просторија - ќе треба да се почека завршувањето на новопланираната зграда на Општината. - Целта ни е зградата на Општината да биде граѓанска, а после административна, каде што ќе работат службениците. И, да имаат можност да ја користат сите за одредени потреби. Во неа ќе планираме да се најде решение, т.е. да се ослободат простории, рече Герасимовски. Тој и д-р Савески ветија и поредовна и почеста комуникација со граѓаните со попреченост, во однос на ортопедските помагала - ортопедски колички, патерици, слушни апаратчиња, како и за подостапни лекови. Во однос на тоа, граѓаните побараа редовно обновување, ревизија и осовременување на Правилникот за таква здравствена помош, којшто треба да е во чекор со времето и развојот на таквите направи и технолошки уреди. Член на „Мобилност Скопје“ побара и отворање канцеларии за контакт со граѓаните со попреченост, со цел - полесна комуникација. А, како што се согласија соговорниците - ако или кога ќе биде можно, таква установа да има под Градот Скопје, но и за секоја општина одделно. - Чест и задоволство ми е што денеска се сретнав со вас - лицата со посебни потреби и она што вие го препорачавте за во Општина Центар, за да ги подобриме условите за лицата со попреченост. Разговаравме за сѐ она што веќе е направено и сѐ што допрва ќе треба да го направиме заедно со вас во наредниот мандат со ваши препораки и насоки. На средбата имаше одлични предлози и идеи, на посебни категории луѓе - околу ортопедските колички, субвенционирање на истите, одобрување на паркирање на повеќе места за лица со попреченост на територија на Општина Центар... Имаше одлични предлози и во делот на пристапни рампи во повеќе институции во Центар, истите беа договорени и - на средбата којашто ја договоривме за следниот месец, во расправата на буџетските форуми, да ги предвидиме и овие проекти, коишто заедно ќе ги реализираме во 2026 година, изјави Герасимовски за МИА. Во таа смисла, првиот човек на Општина Центар уште еднаш ги повика граѓаните со попреченост на нивна поголема вклученост во креирањето на политиките што ги засегаат овие лица. Тагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСудир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во БелградВо тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар. Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна. Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.Тагови: сообраќајна несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАјзенкот доби мандат за формирање нова влада во ИзраелПоранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври. Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху. Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху. Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан. Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкцииСДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени.СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот сектор, се гледа по тоа што не прават разлика меѓу Еуростандард и Алта банка, затоа што се два случаи во кои правната основа не е иста. Во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санцкии да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, а сопствениците биле латиноамерикански државјани, а дел од тие пари оделе и преку руски банки. Фирмите блиски до Заеви оствариле добивка од скоро 13 милиони евра оти не плаќале кредити, на штета на сите други штедачи во банката. Една од тие фирми била фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица, тогаш на Вице Заев, а на која сега директор е Стојан Коциров. Коциров е член на ЦО на СДС, директно назначен од Филипче. Фирмата е должник на УЈП за нецелосно исплатени даноци. За Алта банка надлежните беа транспарентни во врска со целиот случај и кажаа дека работат на решавање на проблемот. Но се чини дека на СДС не им е јасно. Гувернерот јасно посочи дека банката е ликвидна, па оттука, согласно Законот за банки, Народна банка има законска можност да назначи привремени управители кои ќе вршат контрола врз работењето на банката, вклучително и врз продажбата на акции и имотот, како и врз одливите на средства во странство. Целта на овие мерки е да се заштити имотот на банката додека не се најдат купувачи за акциите, а со тоа и да се заштитат интересите на граѓаните. Филипче и талогот од СДС со своите постапки во врска со Алта банка треба да одговараат согласно член 315 од Казнениот законик. Ама очигледно не им е познат членот, затоа ќе им го објасниме. Член 315 од Кривичниот законик предвидува затворска казна за лица кои со намера ја загрозуваат безбедноста или уставниот поредок и предизвикуваат значителна штета. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44