„Многумина мислат дека ми е дедо и ме нарекуваат „спонзоруша“, а тој е во пензија“ (фото) - Канал 5

„Многумина мислат дека ми е дедо и ме нарекуваат „спонзоруша“, а тој е во пензија“ (фото)

Оваа жена има 28 г. додека нејзиниот сопруг има 70 г.

„Многумина мислат дека ми е дедо и ме нарекуваат „спонзоруша“, а тој е во пензија“ (фото)

Џеки Епштајн и Дејвид се запознале преку Интернет, на една страница за запознавање, тогаш таа имала 21 г., а тој 63 г. Сепак меѓу нив се родила љубов.

Џеки Епштајн (28) е Филипинка која е во брак со Дејвид (70), Американец кој е 42 години постар од неа. Познато е дека на Филипините различно се гледа на односот меѓу помладите жени и многу постарите мажи, па во оваа егзотична земја тоа е речиси секојдневна појава. Од друга страна, пак, во Америка, парот често на социјалните мрежи се соочува со погледи на осуда и злобни коментари. Џеки е многу привлечна и витална жена, додека Дејвид изгледа прилично старо, па многумина кога ќе го видат парот помислуваат дека тој ѝ е дедо.

Барајќи ја љубовта на својот живот, парот се запознал преку сајт за запознавање во 2016 година. Откако се допишувале, Дејвид отпатувал на Филипините за да ја запознае Џеки, која тогаш имала само 21 г. Таму се виделе неколку пати, и тоа било доволно за овој Американец да се заљуби во неа. Откако се вратил дома, размислувал и донел одлука да ја запроси младата Филипинка. Бил воодушевен кога таа се согласила. Тие се во брак 5 години и се сакаат исто како првиот ден.

-Никогаш не зажалив што се омажив за Дејвид, тој е навистина добар човек. Тој ме сака и почитува. Што се однесува до разликата во години, немаме никакви проблеми со неа - објаснила Епштајн за медиумите, а за тоа пишуваше и Сан.

Парот честопати на социјалните мрежи објавува фотографии и видеа од нив споделувајќи ја нивната љубовна приказна со други парови кои имаат слична разлика во годините. Оваа млада жена истакнува дека иако секогаш има одреден број на непријатни коментари, мнозинството луѓе ја поддржуваат нивната врска.

-Оние што не нè поддржуваат коментираат дека јас сум „спонзоруша“, а Давид е мојот „спонзор“, но тоа навистина не е така. Тој е во пензија, живееме во Калифорнија, точно е дека тој плаќа најголем дел од сметките, но и јас работам во локалниот маркет, додека парите што ги заработувам ги испраќам на моето семејство на Филипините кои се во многу тешка финансиска ситуација. Дејвид и јас одлично функционираме - објаснува Џеки.

Коментарите беа поволни и за парот:

- Таа вели дека ја сака и почитува, а тоа е најмногу што мажот може да го направи за една жена.

- Ти посакувам среќа.

- Според изразот на вашите лица, се гледа дека се сакате. Навивам за вас.

- Реално, навистина изгледа како да ѝ е дедо, но ако таа има подобар живот со него, а тој со неа, зошто да не!

- Уште еден доказ дека годините се само бројка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Босанец е осомничен за силување на сопствениот син- уапсен е во Црна Гора, полицијата со апел

Граѓанин на Босна и Херцеговина е уапсен на 17 јули под сомнение дека сторил кривично дело противзаконски сексуални дејствија врз неговиот малолетен син.

Босанец е осомничен за силување на сопствениот син- уапсен е во Црна Гора, полицијата со апел

Граѓанин на Босна и Херцеговина е уапсен на 17 јули под сомнение дека сторил кривично дело противзаконски сексуални дејствија врз неговиот малолетен син, во врска со кривичното дело сексуален однос со дете под четиринаесет години, пишува Vijesti.me.

Управата на полицијата објави дека осомничениот Босанец е уапсен во Херцег Нови, по наредба на државниот обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица.

Полицијата изјави дека дала изјава поради интересот на медиумите за настанот.

„Таткото на детето бил пријавен во полиција на 17 јули 2026 година од неговата сопруга, мајката на детето, а службеници од Одделот за безбедност на Херцег Нови итно постапиле по пријавата и го лишиле од слобода истиот ден. Кривичната истрага укажува дека таткото на детето ги извршил горенаведените кривични дела во нивниот стан во Херцег Нови. Осомничениот татко, со кривична пријава, бил приведен кај државниот обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица на 18 јули 2026 година, поради сомнение дека ги сторил горенаведените кривични дела. Надлежниот обвинител донел решение за притвор до 72 часа, до неговото изведување пред истражен судија на Вишиот суд во Подгорица“, соопшти полицијата.

Истражниот судија донел решение за притвор на осомничениот татко до 30 дена, по што бил однесен во УИКС Спуж, каде што моментално се наоѓа.

По пријавувањето на инцидентот, на детето му била укажана потребната стручна помош и поддршка. Детето е кај неговата мајка.

„Органите за спроведување на законот не коментираа за овој инцидент со цел да го заштитат идентитетот и интегритетот на детето жртва, како и достоинството на детето и да спречат секундарна виктимизација. Поради големиот интерес на медиумите, со ова потврдуваме дека инцидентот се случил, за јавноста да знае дека осомничениот бил пронајден и уапсен од полицијата истиот ден. Исто така, ја користиме оваа можност да апелираме до медиумите да се придржуваат до највисоките етички и професионални стандарди во заштитата на правата на децата и малолетниците при известувањето за овој и слични настани, и да не објавуваат никакви детали што можеби ги имаат неофицијално од други извори, а кои би можеле да укажуваат на идентитетот на жртвата“, истакнува полицијата на Црна Гора.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пад на рејтингот на Трамп меѓу белците

Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп меѓу белите гласачи падна на најниско ниво откако повторно ја презеде функцијата, според најновото истражување на CNN и агенцијата SSRS.

Голем пад на рејтингот на Трамп меѓу белците

Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп меѓу белите гласачи падна на најниско ниво откако повторно ја презеде функцијата, според најновото истражување на CNN и агенцијата SSRS, кое укажува на растечко незадоволство меѓу групата гласачи што со години е основа на неговата политичка поддршка.

Според истражувањето, нето-рејтингот на Трамп меѓу белите гласачи, што ја претставува разликата помеѓу оние што го одобруваат и оние што не го одобруваат неговиот настап, е минус 20 процентни поени, најниска вредност забележана за време на неговото претседателствување.

Вкупната стапка на одобрување на неговата работа е 34 проценти, додека 66 проценти од испитаниците не го одобруваат. Со ова, тој достигна најниско ниво на рејтинг во својата политичка кариера, еднакво на она од јануари 2021 година, по немирите пред американскиот Капитол. Сепак, нето-рејтингот сега изнесува минус 32 поени, што е полош резултат отколку по настаните од 6 јануари 2021 година, кога беше минус 28 поени.

Незадоволство од економијата, инфлацијата, војните..

Анкетата покажува дека граѓаните се особено незадоволни од начинот на кој претседателот управува со економијата, инфлацијата, растечките цени на горивата и кризата поврзана со Иран. Само 25 проценти од испитаниците го одобруваат неговото управување со инфлацијата, 21 процент од неговиот пристап кон цените на горивата и 28 проценти од неговото водење политика кон Иран.

Околу две третини од Американците веруваат дека економските политики на Трамп ја влошиле состојбата на економијата, додека ист број испитаници веруваат дека неговите воени одлуки поврзани со Иран им наштетиле на интересите на Соединетите Американски Држави. Само една четвртина од испитаниците веруваат дека претседателот има јасен план за решавање на кризата во Иран.

Анкетата, исто така, покажува дека 73 проценти од Американците веруваат дека Трамп не обрнува доволно внимание на најважните проблеми на земјата, додека само 27 проценти веруваат дека неговите приоритети се точни. Околу три четвртини од испитаниците проценуваат дека претседателот не е доволно запознаен со секојдневните проблеми на обичните граѓани, а две третини веруваат дека ги става личните интереси пред интересите на земјата.

Падот на поддршката е видлив и кај републиканските гласачи. Рејтингот на одобрување на Трамп во рамките на Републиканската партија падна на 78 проценти, што е најниско ниво за време на неговиот мандат. Во исто време, нивото на ентузијазам за продолжување на неговиот втор мандат значително ослабе, при што само 19 проценти од републиканците велат дека се оптимисти за годините што доаѓаат, во споредба со 38 проценти минатата пролет.

Лош рејтинг

Анкетата, исто така, покажува раст на критиките кон некои од проектите на претседателот во Вашингтон. Поголемиот дел од испитаниците негативно ги оценуваат плановите за изградба на нова балска сала во Белата куќа и други градежни интервенции поврзани со администрацијата, додека само 17 проценти од граѓаните ги оценуваат позитивно. Исто така, 57 проценти од испитаниците го сметаат фактот дека Трамп заработил повеќе од две милијарди долари за време на неговиот претседателски мандат за негативен, додека само седум проценти го сметаат за позитивен.

Портпаролот на Белата куќа, Дејвис Ингл, ги отфрли резултатите од анкетата, велејќи дека ниту еден американски претседател не постигнал повеќе за граѓаните од Доналд Трамп и дека администрацијата продолжува да работи на создавање нови работни места, намалување на инфлацијата и зголемување на достапноста на домувањето.

Анкетата е спроведена од 23 до 27 јули од страна на CNN и SSRS на репрезентативен примерок од 1.225 возрасни лица во Соединетите Американски Држави. Статистичката грешка на анкетата е плус или минус 3,2 процентни поени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Музичар е уапсен поради неподнослива бучава- полицијата му запленила 40 гитари

Музичар од Кјото, на јапонскиот остров Хоншу, е уапсен под сомнение дека ги вознемирувал своите соседи свирејќи гитара и гласно пуштајќи музика повеќе од седум години.

Музичар е уапсен поради неподнослива бучава- полицијата му запленила 40 гитари

К. Ј. (61) наводно свирел разни гитари и пуштал радио и друга музика многу гласно дење и ноќе од 2019 година, нарушувајќи го сонот и здравјето на своите соседи, според полицијата.

Три лица, на возраст меѓу 60 и 80 години, пријавиле дека страдале од несоница и депресија поради бучавата, додека друго лице рекло дека развило постојано зуење во ушите, познато како тинитус.

„Беше ужасно бидејќи сите видови звуци беа измешани цел ден“, изјавил еден сосед за новинската агенција Кјодо.

Полицијата соопшти дека претходните предупредувања не го промениле однесувањето на човекот, но дека соседите на крајот дале доволно докази за негово апсење.

За време на претресот на станот на Јокоџи, полицијата запленила повеќе од 40 гитари, вклучувајќи голем број електрични, како и ЦД плеери, радио и засилувачи.

Истражителите измериле нивоа на бучава од повеќе од 80 децибели во областа околу неговиот дом, што градските власти го споредиле со бучавата во воз во движење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер