Лишени од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит
1Лишени од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит
„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за жените
2„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за жените
Македонија„Млади за млади“ - Поддршка на музички артисти од независната сцена и помош за КочаниВо шестте вечери ќе настапат 12 бендови, а организаторите најавуваат квалитетна музика.Поддршка на музички артисти од независната македонска сцена и помош за Кочани, се двата клучни аспекта на годинашниот фестивал „Млади за млади“ што ќе се одржува два викенда, на 12-ти, 13-ти и 14 јуни, како и на 19-ти, 20-ти и 21 јуни на летната сцена „Славиша Кајевски“ на МНТ. Во шестте вечери ќе настапат 12 бендови, а организаторите најавуваат квалитетна музика. Билетите ќе бидат симболични, по 300 денари. -Овие шест дена не само што ќе понудат квалитетна музичка програма, туку и ќе можеме да им помогнеме на оние на кои тоа им е нависина потребно. Секој вечер ќе има по два бенда. Пресудно е тоа што овие млади луѓе ќе може да се претстават на голема сцена, да бидат слушнати од поголема публика. Тоа е генерално проблем за сите помали, независни артисти кои се соочуваат со проблеми на реализација на обични концерти и настани. Овојпат ќе може да ги реализираат своите идеи, а верувајте, има многу голем број бендови кои се многу креативни, а пошироката публика не ни знае дека постојат, истакна уредникот на радиото „Стереолаб“ Дарко Јорданов на прес-конференција. Според него, покрај овие 12 бендови кои публиката ќе има можност да ги слушне на фестивалот, постојат и други кои во следна прилика, исто така ќе добијат шанса. -На скопскиот, на македонскиот асфалт постојат исклучително квалитетни луѓе, помошта на МНТ и „Телеком“ е многу важна зашто најчесто се поддржуваат комерцијални настани, а независната сцена е многу важно да ја поддржиме, тоа е и мисијата на „Стереолаб“ - да ги поддржи младите артисти кои се многу важни не само за музичката сцена, туку и воопшто за културата, а ретко добиваат можност да бидат помогнати и да добијат вистинска можност да се претстават на ваква сцена пред 500 - 1 000 луѓе, подвлече Јорданов. Фестивалот на 12 јуни ќе го отворат „FUNKSHUI“ и „Speysd“ - проектот на младата артистка Анастасија. Следната вечер се „Фикшн“ и „Карла Левински“, а на 14 јуни настапуваат „Кем“, „Поетроника“ и М.И.К. Вториот викенд, на 19-ти, 20-ти и 21 јуни, ќе се претстават Мартин Џорлев со „Животни“ и Елена Васова, „Новиот почеток“ и „Милко“, како и „Ваџајна корпорејшн“ и „Светлост“. -Шест вечери, по два артиста, се надевам дека ова е доволно провокативно и дека ќе привлече секаква публика. Годинава акцентот е на помладите, мислам дека имаме вистински добри бендови. Сите овие млади „клинци“ се многу среќни што имаат можност да се претстават на ваков формат на настан зашто немаат често прилика да свират на вакви настани. Каде и да сакате да реализирате каква било нова плоча, се соочувате со многу сериозни проблеми - изнајмување сала, некакви дилови,... Ова е за нив вистинска можност, а ние гарантираме за бендовите, за нивниот квалитет и стоиме зад оваа селекција, потенцира Јорданов, изразувајќи голема благодарност за поддршката на МНТ и „Телеком“.Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаЛишени од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, деветмина управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.Д.(26) од Скопје, М.Б.(29) од с.Црн Врв, скопско, М.П.(18) од с.Мршевци, скопско, 15-годишник од с.Студеничани, скопско, Н.Б.(48) од Битола, А.А.(44) од Битола, И.К.(51) од с.Виничани, Општина Градско, 16-годишник од Велес и Љ.М.(61) од с.Стамер, делчевско. Со активна забрана и под дејство на алкохол управувале Б.Б.(60) од с.Зајас, кичевско и М.М.(37) од Велес. Додека пак, под дејство на алкохол управувал Љ.Џ.(48) од с.Разловци, делчевско. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМерц и Зеленски во Киев оддадоа почит на загинатите украински бранителиГерманскиот канцелар Фридрих Мерц и претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска во Киев им оддадоа почит на загинатите украински бранители.„Ние го цениме почитувањето кон нашите војници и солидарноста со украинскиот народ. Важно е што во овој тежок момент Германија е со нас – во поддршка и во сеќавање. Вечна почит кон сите бранители на украина кои ги дадоа своите животи за доброто на Украина и цела Европа“, објави Зеленски на телеграм, пренесува Укринформ. Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги прекине нападите врз Украина. -„Господине Путин, запрете ја оваа. Бесмислена војна! Подготвени сме за преговори, подготвени сме да разговараме за нејзино прекинување. Но, овие варварски напади врз цивилното население на Украина мора да престанат“, изјавил Мерц.Тој и Зеленски ја посетија националната академија на науките во Киев, која беше погодена во напад со дрон во понеделникот. Тагови: Володимир Зеленски Киев Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаЕсенска дератизација во Општина АеродромЕсенска дератизација деновиве се спроведува на целата територија на Општина Аеродром, со цел уништување на глодачите и заштита на здравјето на населението.Опфатени се 3.000 шахти, во кои се поставуваат 9.000 мамци, како и во сите основни училишта и градинки на територијата на општината. Есенската и пролетната дератизација се важна превентивна мерка за заштита на населението од појава и ширење на болести што ги пренесуваат глодачите и се спроведуваат во соработка со Центарот за јавно здравје - Скопје. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05