Шоу биз„Мишел Фајфер ми го растури бракот“ – Проговори Џон Mалкович!Иако оваа афера е далеку во минатото, актерот Џон Малкович се потсети на соработката со поранешната колешка Мишел Фајфер, како и на аферата.Имено, тие двајца глумеа во познатото филмско остварување „Опасни врски“, но подоцна се воспостави дека глумата се преточила во реалноста. Кратката, но моќна афера на оваа двојка ја шокираше американската јавност во тоа време и доведе до распаѓање на бракот на Џон Малкович со Глен Хедли. Тогаш неговата сопруга во нивниот однос го окарактеризира Џон како „корен на секое зло“. Режисерот на „Опасни врски“, Стивен Фрирс, потврди дека Џон Малкович имал афера за време на снимањето на филмот, но исто така за „Њујорк тајмс“ објаснил дека врската била целосно поразителна, а притоа филмот се однесувал на неверствата, лагите и растурањето на врските. Кокетната Фајфер била фатална за Џон Малкович, но како што самиот нагласи, тој повеќе не размислува за неа. Во една прилика, за магазинот „Ролинг Стоун“ изјави: „Тешко е да се поверува дека некогаш Мишел Фајфер ме поздравила“. Улогите на Џон Малкович секогаш се вртеа околу истата тематика, тој најчесто глумеше проблематични ликови, егоисти, ексцентрици и превртливи луѓе. Многумина неговите улоги ги поврзуваа со вистинската природа на актерот, па дури тие црти на личноста ги препознаваа во неговата афера. Иако пропаѓањето на неговиот брак го поврзуваа со снимањето на филмот „Опасни врски“, многумина тврдат дека неговиот брак не пропаднал поради врската со познатата актерка, туку двајцата сопружници, наводно, имале проблеми уште пред неговата врска со Фајфер, односно двајцата партнери биле со други луѓе. По разводот од Џон, Глен се омажи за Бајрон МекКалох, со кого се запозна во 1992 година и беше во брак сè до нејзината смрт во 2017 година. Двојката има едно дете. Од друга страна, Џон по разводот и неуспешната врска со Мишел Фајфер најде утеха во неговата долгогодишна партнерка Николета Перјан која ја запозна во 1989 година, а се заедно и ден-денес. Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook