„Мис Бум-Бум“ вети дека, ако Аргентина го освои Светското првенство, ќе го истетовира Меси на посебно место! - Канал 5

„Мис Бум-Бум“ вети дека, ако Аргентина го освои Светското првенство, ќе го истетовира Меси на посебно место!

Инфлуенсерката Сузи Кортез, позната како една од најлојалните и најконтроверзни навивачки на Лионел Меси, вети дека на  необичен начин ќе слави доколку Аргентина повторно го освои Светското првенство. 

„Мис Бум-Бум“ вети дека, ако Аргентина го освои Светското првенство, ќе го истетовира Меси на посебно место!

Според неа, прославата ќе го надмине сè што таа досега направила во поддршка на познатиот фудбалер.

„Правев тетоважи и претходно за да ги прославам успесите на Меси, но овој пат сакам да направам нешто уште поголемо и поимпресивно“, изјави таа за Band.

„Планирам нови тетоважи на интимните делови од телото и верувам дека тоа ќе биде почит што ќе го изненади и шокира светот.“

Кортез и претходно го привлече вниманието на јавноста поради нејзиното восхитување кон Меси.

Таа стекна меѓународна популарност за време на неговата доминација во Барселона, кога редовно ги одбележуваше неговите успеси со фотографии, објави на социјалните мрежи и тетоважи посветени на капитенот на Аргентина.

Иако е Бразилка, Сузи Кортез отворено истакнува дека навива за аргентинската репрезентација. „Секогаш повеќе се идентификував со аргентинскиот фудбал, страста на нивните навивачи и историјата на националниот тим. Јас сум голем обожавател на Лионел Меси и ја следам неговата кариера многу години.“

Покрај тетоважите, инфлуенсерката најави дека подготвува и дополнителни изненадувања за време на турнирот. „Подготвувам неколку посебни активности и изненадувања за натпреварите на Аргентина во Соединетите Американски Држави. Оние што ме следат знаат дека фудбалот го доживувам со многу страст, креативност и позитивна енергија.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

6 нови возила за Јавното претпријатие за стопанисување со државните пасишта

Јавното претпријатие за стопанисување со државните пасишта обезбеди 6 нови возила, како дел од инвестициите за зголемување на ефикасноста и подобрување на работните капацитети на терен.

6 нови возила за Јавното претпријатие за стопанисување со државните пасишта

Оваа инвестиција ќе овозможи подобри услови за работа на вработените и поефикасно извршување на работните задачи на терен, имајќи ја предвид територијалната распространетост и потребите на претпријатието.

Набавката на новите возила е дел од заложбите за модернизирање на опремата и средствата за работа, како и за создавање подобри услови за вработените кои секојдневно ги извршуваат своите работни задачи на терен.

Денес не слушаме само оправдувања, туку покажуваме резултати. Оваа инвестиција е конкретен доказ дека со планирање, одговорност, конкретна работа и колективен ангажман можат да се реализираат проекти кои директно придонесуваат за подобрување на работата на институцијата.

Претпријатието и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции и активности насочени кон зголемување на ефикасноста, подобрување на условите за работа и унапредување на услугите на терен.

Конкретна работа. Конкретни резултати.

Јавно претпријатие за стопанисување со државните пасишта

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центар за управување со кризи: Информација за пожари на отворен простор до 13:00 часот

На ден 12.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои активни се 5 пожари, под контрола се 3 пожари, а 1 пожар е изгаснат.

Центар за управување со кризи: Информација за пожари на отворен простор до 13:00 часот

Активни пожари:

Општина Македонски Брод – м.в. Видуш, во близина на с. Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки);

Општина Студеничани – над с. Моране, Вртекица и Рамни Габер (мешана шума);

Општина Илинден – населба Илинден (ниска вегетација);

Општина Желино – с. Чифлик (ниска вегетација и мешана шума);

Општина Битола – с. Букри (ниска вегетација).

Пожари под контрола:

Општина Делчево – градска депонија (депонија);

Општина Ново Село – кај Ново Село, планината Огражден (депонија, мешана деградирана шума и ниска вегетација);

Општина Кичево – с. Зајас (стрниште, борова шума и гуми).

Изгаснат пожар:

Општина Врапчиште – с. Врањовце (ниска вегетација).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: СДС го допре дното, со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, вистината е сосема спротивна

​До сега очекувавме и видовме се од талогот на СДС, но ова веќе ги преминува сите граници.

Петрушевски: СДС го допре дното, со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, вистината е сосема спротивна

Вакви пораки на социјалните мрежи биле праќани од страна на активисти на СДС кон граѓаните.

СДС го допре дното и со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, додека вистината е сосема спротивна.

Ова е смислено сценарио поради финансиско профитерство на фирми блиски до СДС кои работат со продажба на флаширана вода, намерно во договор со структури на СДС создаваат паника и хаос помеѓу граѓаните во Скопје, за да тие заработат денар повеќе, а СДС политички поени.

Граѓаните на главниот град пијат чиста и безбедна вода за пиење, а Филипче од Грција на гости кај Заев каде ги поминува годишните одмори, дал насока до неговите пајташи од СДС да создаваат недоверба кај граѓаните за безбедноста на водата.

До каде дојде некогаш големата СДС? Дојде до талогот, до дното.

Наместо да се извинат за Гостивар, но и за сите други населени места во кои изминатите години додека тие беа на власт, поради Филипче и СДС, граѓаните конзумирале небезбедна вода за пиење, а тогашните власти не ги известувале преку институциите, денес одат чекор повеќе и прават хаос во општеството затоа што не знаат како да дојдат до медиумско и граѓанско влијание.

Ова веќе ја помина секоја граница.

Го повикуваме МВР да ги најде поединците кои по насока на СДС шират дезинформации за водата во Скопје. Го повикуваме и ЈО да се разбуди од длабокиот сон и да почни да работи. Одговорност за тоа што граѓаните се труеле со години, а не дознавале, како и за ширење на лаги и манипулации како оваа денес во Скопје, мора да има.

YouTube video

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер