33-годишник од тетовско возел под дејство на алкохол во спротивен правец на патот Гостивар – Тетово, лишен е од слобода
ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС шири паника, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги сервисира наследените долгови
133-годишник од тетовско возел под дејство на алкохол во спротивен правец на патот Гостивар – Тетово, лишен е од слобода
2ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС шири паника, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги сервисира наследените долгови
Автомобилизам„Мини“ ја откри внатрешноста на најновиот модел (ВИДЕО)Mini сè уште наликува на оригиналот само во детали.Mini конечно одлучи на јавноста да ѝ го покаже изгледот на внатрешноста на новиот Cooper, заедно со почетната анимација при стартување на возилото, а со тоа и инфозабавата. Станува збор за дисплеј за кој Mini многу се труди да ја покаже врската со оригиналниот модел, автомобилската икона од 1960-тите и ремек-делото на Алек Исигонис. А таа врска ќе ја најдете во самиот концепт на предната арматура каде главниот покажувач е поставен во средината. Кружниот облик сè уште е таму, позицијата е подигната и делумно „лебдечка“, а тој мерач сега е многу повеќе од брзинометар - тоа е спој на инфозабава и таблата со инструменти. Зад воланот нема класична табла со инструменти, наместо тоа има само head-up дисплеј. Кружните отвори исто така се отстранети, а наместо сета сила на копчињата под централниот екран, има овален панел. Поради отсуството на бројни копчиња, изгледот на арматурата е крајно поедноставен. Кога станува збор за надворешноста, веќе имавме можност да го запознаеме. Однадвор, автомобилот дефинитивно остана стилски поврзан со својот претходник, но со некои детали кои би можеле да предизвикаат поделени мислења. Пред сè, тука е големата и истакната граница на предната маска, а потоа е малку чудно скроениот LED потпис на светлата. Силуетата го следи првото Mini на BMW од почетокот на милениумот, со минимални настрешници и заоблени стаклени површини. Да кажеме и дека Mini ќе се нуди во електрична верзија која ќе има посебна платформа. Овде зборуваме за 181 КС и батерија со капацитет од 40,7 kWh кај основната верзија и 215 КС и 54,2 kWh кај верзијата Cooper SE.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија33-годишник од тетовско возел под дејство на алкохол во спротивен правец на патот Гостивар – Тетово, лишен е од слобода Полициските службеници ги лишиле и неговите сопатници А.Ј.(27) од с.Нераште и Н.А.(38) од с.Доброште затоа што агресивно и дрско се однесувале кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија.На 28.10.2026, по претходна пријава дека на патот Гостивар - Тетово патничко возило „шкода“ со тетовски регистарски ознаки се движи во спротивен правец, преземени се мерки и на наплатна станица Тетово полициските службеници го сопреле возилото и по извршени проверки било констатирано дека возачот Б.О.(33) од с.Доброште е под дејство на алкохол, односно му буле измерени 2,06 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода. Полициските службеници ги лишиле и неговите сопатници А.Ј.(27) од с.Нераште и Н.А.(38) од с.Доброште затоа што агресивно и дрско се однесувале кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.Тагови: дејство на алкохол Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС шири паника, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги сервисира наследените долговиСДС денес зборува за финансиска катастрофа, но заборава да каже колку се задолжуваше додека беше на власт и какви обврски остави зад себе. Наместо да понуди конкретни решенија, опозицијата се обидува да создаде паника кај граѓаните и да ја префрли одговорноста за наследените финансиски обврски врз Владата. Јавните финансии не се водат со драматични прес-конференции и политички пароли, туку со одговорни одлуки, сервисирање на долговите, грижа за граѓаните и инвестиции во развојот на државата. Во периодот од вториот квартал на 2017 до вториот квартал на 2024 година, јавниот долг пораснал за 4,16 милијарди евра, односно за 9,7 процентни поени. Во периодот од вториот квартал на 2024 до вториот квартал на 2026 година, порастот изнесува 1,85 милијарди евра, односно 2,2 процентни поени. Овие податоци ја покажуваат разликата во движењето на јавниот долг во двата периода. Дополнително, од втората половина на 2024 година до денес, Министерството за финансии има сервисирано обврски во вкупен износ од 5,39 милијарди евра. Во периодот од 2026 до 2031 година, државата треба да сервисира уште околу 9 милијарди евра по основ на главнина и камати. Ова се огромни финансиски обврски со кои државата мора да се справува паралелно со обезбедувањето средства за пензии, плати, социјални надоместоци, здравство, образование и развојни инвестиции. Овие обврски не можат да се игнорираат, ниту да се избришат со политички изјави. Оваа Влада не ги избира сите обврски што доспеваат, но ја презема одговорноста да ги сервисира. Ги враќаме долговите, но не се откажуваме од развојот. Ги исполнуваме обврските, но не ги запоставуваме граѓаните. Вториот ребаланс е одговор на реалните економски услови. Со вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година се предвидуваат приходи од 374,2 милијарди денари, расходи од 420,5 милијарди денари и буџетски дефицит од 46,3 милијарди денари, односно 4,1% од БДП. Приходите и расходите се коригираат надолу за околу 5,3 милијарди денари, додека планираниот дефицит останува непроменет во однос на претходните проекции. Средствата за финансирање на Буџетот до крајот на годината се обезбедени. Државата ќе ги исполнува своите обврски кон граѓаните, а исплатата на платите, пензиите и социјалните надоместоци ќе продолжи редовно. Нема да дозволиме политичкото ширење паника да ги вознемирува граѓаните и да создава неоправдана несигурност. Ова не е никаква финансиска катастрофа, туку приспособување на Буџетот на променетите економски околности. Во услови на глобална неизвесност, геополитички тензии и ценовни притисоци, одговорноста на Владата е навремено да реагира, да ги приспособи проекциите и да обезбеди непречено функционирање на државата. Сериозноста во управувањето со јавните финансии не се мери според тоа колку пати ќе се повтори зборот „катастрофа“ на прес-конференција, туку според тоа дали државата ги исполнува своите обврски, дали се обезбедуваат средствата за граѓаните и дали се создаваат услови за економски развој. СДС ја користи секоја буџетска корекција за политички напад. Ние ја користиме за да ги усогласиме финансиите со реалноста и да обезбедиме одговорно управување со парите на граѓаните. Ги враќаме долговите, но не ги запоставуваме граѓаните. Државата има обврски што мора да ги сервисира. Тоа се долгови што доспеваат за отплата, финансиски обврски што не можат да се игнорираат и расходи што произлегуваат од функционирањето на државата.. Тоа е реалност со која мора да се соочи секоја одговорна Влада. Но, паралелно со сервисирањето на долговите, мора да се обезбедат средства за пензиите, платите, социјалните надоместоци, здравството, образованието и инвестициите. Токму затоа е потребно внимателно планирање на јавните финансии. Средствата мора да се распределуваат според приоритетите, а секоја одлука мора да ги земе предвид и тековните потреби и обврските што остануваат за следните години. Одговорноста не е само да се задолжиш, туку и да знаеш како ќе го сервисираш долгот, како ќе ги заштитиш граѓаните и како ќе обезбедиш државата да продолжи да се развива. Наш приоритет е редовно исполнување на законските обврски кон граѓаните, вклучително и исплатата на платите, пензиите и социјалните надоместоци. Грижата за граѓаните не е политички слоган, туку обврска што се реализира преку буџетските политики и конкретните мерки. Во услови на раст на цените на енергенсите и глобална економска неизвесност, Владата презема мерки за ублажување на ценовниот притисок. Намалувањето на акцизите на горивата и намалувањето на ДДВ-то за дизелот од 18% на 10% се мерки насочени кон намалување на товарот врз граѓаните и компаниите. Овие мерки имаат и фискални последици, бидејќи намалувањето на акцизата и даночното оптоварување значи и помал прилив на средства во Буџетот. Затоа, буџетските проекции мора да се приспособат на реалните ефекти од преземените политики. Тоа е разликата меѓу одговорното управување и политичкото калкулирање. Владата не може да ги игнорира поскапувањата и да се однесува како глобалните кризи да немаат влијание врз домашната економија. Наместо тоа, преземаме мерки за да ги ублажиме последиците врз граѓаните и стопанството, истовремено водејќи сметка за одржливоста на јавните финансии. Нашата цел е Буџетот да биде во функција на граѓаните, а не граѓаните да бидат оставени сами да ги поднесуваат последиците од глобалните кризи. Додека опозицијата зборува за целосен економски дебакл, податоците за вториот квартал од 2026 година покажуваат раст на реалниот БДП од 4,3%. Во истиот период, бруто-инвестициите пораснале за 16,5%, градежништвото за 21,9%, индустријата за 3,9%, преработувачката индустрија за 4,1%, а извозот на стоки и услуги за 10,4%. Овие показатели се важни за оценување на економските движења. Тие укажуваат на раст на активноста во повеќе сектори, а особено на инвестициите и градежништвото. Секако, растот на БДП сам по себе не значи дека сите предизвици се надминати или дека секој граѓанин веќе ги почувствувал придобивките. Токму затоа продолжуваме со политиките што треба да создадат повеќе можности за работа, посилно стопанство и подобар животен стандард. Но, кога се зборува за економијата, мора да се зборува со факти. Не може да се игнорираат реалните показатели само затоа што тие не се вклопуваат во политичката теза на опозицијата. Економскиот раст не е цел сам за себе. Нашата задача е тој раст да се претвори во нови инвестиции, поголема продуктивност, нови работни места и подобри услови за живот на граѓаните. Не се откажуваме од проектите – ги усогласуваме средствата со реализацијата. Обвинувањата дека со вториот ребаланс се напушта развојот се обид да се изедначат две различни работи: корекција на планираните капитални расходи и откажување од проектите. Капиталните расходи зависат од динамиката на реализација, подготвеноста на проектите, постапките, договорите и напредокот на изведбата. Кога одредени активности се реализираат поинаку од планираното, неопходно е средствата да се усогласат со реалните потреби и рокови. Тоа не значи откажување од развојните приоритети. Продолжуваат инвестициите во патната и железничката инфраструктура, Коридорите 8 и 10д, образованието, водоснабдувањето, животната средина и локалниот развој. Целта е јавните средства да се користат поефикасно и да се претвораат во конкретни резултати: подобри патишта, подобра инфраструктура, поквалитетни јавни услуги и подобри услови за живот. Граѓаните имаат потреба од реализирани проекти, а не само од ставки на хартија. Затоа, важно е да се следат не само планираните средства, туку и реализацијата, роковите и ефектите од секоја инвестиција. Јавните финансии бараат одговорност, а не политички спектакл. Лесно е да се критикува. Многу потешко е да се преземе одговорност за државата и за секој денар од јавните средства. Нашата определба е јасна: стабилни јавни финансии, редовно сервисирање на обврските, заштита на граѓаните, поддршка на економијата и продолжување на развојните проекти. СДС не може да ја избрише сопствената политичка одговорност за периодот во кој ги водеше јавните финансии, ниту да ги претставува сите денешни предизвици како да настанале без претходни обврски и без поширок економски контекст. Владата ќе продолжи да носи одлуки во интерес на граѓаните, да ги исполнува обврските и да работи на економскиот развој. Нашата обврска не е да создаваме политички спектакли, туку да обезбедиме државата да функционира, економијата да расте и јавните средства да се користат одговорно. Разликата е јасна: додека СДС шири паника, Владата презема одговорност. Додека тие обвинуваат, ние ги сервисираме обврските. Додека тие зборуваат за катастрофа, ние работиме на стабилноста, ги штитиме граѓаните и продолжуваме со реализација на проектите. Тоа е разликата меѓу политиката на празни зборови и одговорноста за управување со државата. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДали Германија ќе ја напушти ЕУ? Дали Германија ќе ја напушти ЕУ? Германската десничарска партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) подготви план за радикална реорганизација на ЕУ, кој, во случај на неуспех, би довел до распишување референдум за излез на Германија од блокот.Дали Германија ќе ја напушти ЕУ? Германската десничарска партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) подготви план за радикална реорганизација на ЕУ, кој, во случај на неуспех, би довел до распишување референдум за излез на Германија од блокот, пишува британски „Телеграф“. Лидерката на АФД, Алис Вајдел, отворено најавува дека сака да ја претвори ЕУ во лабав сојуз на суверени држави, доколку го собори канцеларот Фридрих Мерц и дојде на власт. „ЕУ веќе не е заедница на суверени држави. Одлуките повторно мора да ги носат националните парламенти и влади“, изјави Вајдел во Европскиот парламент во Стразбур. Планот што таа го претстави е толку радикален што во пракса би значел целосен распад на сегашната унија, поради што претставниците во Брисел веднаш го отфрлија како неприфатлив. АФД предлага драстично намалување на Европската комисија и одземање на нејзините клучни овластувања во корист на националните лидери. Понатаму, тие бараат укинување на Европскиот суд на правдата и воведување арбитражен суд, укинување на директните избори за Европскиот парламент, како и право на вето и изземање од европските регулативи за секоја земја-членка. Нивната програма вклучува намалување на германските уплати во буџетот на ЕУ, отфрлање на „зелените“ политики, укинување на забраната за продажба на бензин и дизел, како и излез на Германија од Шенген-зоната доколку надворешните граници не бидат заштитени. „Алис е во Земјата на чудата. Изборите веќе не се добиваат со љубовни приказни“, изјави за „Телеграф“ еден неименуван европски функционер, нарекувајќи ја АФД „алтернативна реалност за Германија“. Партијата АфД (AfD) отворено наведува во својот официјален документ дека, доколку Брисел ги одбие овие барања, таа ќе им понуди на германските гласачи референдум за „Декзит“ (Dexit). Иако анкетите покажуваат дека 82 отсто од Германците сè уште сакаат да останат во ЕУ, АфД се надева дека притисокот би можел да ги принуди европските институции да попуштат. Говорејќи во Стразбур, Вајдел исто така изјави дека Брисел ја ограбува Германија и повика на итен прекин на европската помош за Украина, барајќи мировните преговори да им се препуштат на САД, Русија и Кина. Опозициските политичари во Берлин веднаш предупредија дека слабеењето на европскиот поредок директно ќе му користи на Владимир Путин и ќе ја загрози безбедноста и економијата на Германија. „Непријателскиот став на AfD кон ЕУ ја загрозува нашата безбедност и благосостојба, а нивната блискост со Путин ја уништува довербата меѓу сојузниците“, предупреди Дејвид Макалистер, член на германската CDU и претседател на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. Спроведувањето на реформите на AfD би барало измени на основните договори на ЕУ, за што е потребна едногласна согласност од сите 27 земји-членки. Поранешниот британски министер за европски прашања, сер Дејвид Лидингтон, ја нарече стратегијата на AfD безумна, потсетувајќи на неуспешниот обид на Дејвид Камерон да го принуди Брисел на отстапки преку слични ултиматуми во пресрет на Брегзит. Тие бараат партнери меѓу европските десничари. АФД, која според анкетите моментално е водечка партија во Германија по успехот на покраинските избори, бара сојузници меѓу другите европски десничарски партии. Иако многумина ја делат идејата за „Европа на нациите“, меѓу нив постојат длабоки поделби во однос на војната во Украина, а некои од нив, како Марин ле Пен, со години се дистанцираат од AfD поради обвинувањата за екстремизам.Тагови: Германија ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook