„Microsoft“ најави: Крај - Канал 5

„Microsoft“ најави: Крај

„Microsoft“ официјално го објави повлекувањето од употреба на својата апликација за скенирање документи „Microsoft Lens“, порано позната како „Office Lens“.

„Microsoft“ најави: Крај

Апликацијата, достапна за корисници на „Android“ и „iOS“, повеќе нема да добива нови функции и е означена како повлечена од активна поддршка од 9 јануари 2026 година.

Корисниците ќе можат да ја користат „Lens“ до 9 март 2026 година, по што апликацијата повеќе нема да креира нови скенирани документи. „Microsoft“ предупредува дека апликацијата ќе биде отстранета од „Google Play Store“ и „Apple App Store“ на 9 февруари 2026 година, па секој што сака да ја користи до крајот на поддршката мора да ја преземе пред тој датум.

„Lens“веќе една деценија е омилена алатка за брзо конвертирање весници, белешки, рецепти и документи во дигитални формати како „PDF“ или „Word“ документи.

„Microsoft“ сега им препорачува на корисниците да се префрлат на „OneDrive“или „Microsoft 365 Copilot“, кои нудат слични опции за дигитализација на документи, но во рамките на поширокиот екосистем на платформите на „Microsoft“.

Пензионирањето на „Lens“ означува крај на популарната алатка, но и дополнителен чекор кон поинтегрирани решенија во рамките на софтверската понуда на „Microsoft“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар проток

Реката Рајна падна на рекордно ниско ниво на неколку локации во Германија и Холандија, додека долгите топлотни бранови продолжуваат низ Европа.

Рајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар проток

Нивоата измерени во Келн во западна Германија и во Лобит, каде што Рајна преминува од Германија во Холандија, се најниски откако се водат евиденции. Минатата недела, водостојот на Дунав падна на најниско ниво во последните 30 години во неколку земји, вклучувајќи ги Србија и Романија, оставајќи ја единствената нуклеарна централа во унгарија на работ на затворање. Сушата на Дунав, исто така, предизвикува сериозни прекини во снабдувањето со електрична енергија во Србија и Романија. Со контролирана експлозија на голема карпа на брегот на Дунав, Романија се обиде да го зголеми протокот на вода до нуклеарната централа чернавода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Ова е последна шанса иранскиот режим да потпише добар документ

Ова е последна шанса за иранскиот режим да потпише добар документ, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, алудирајќи на потенцијален договор меѓу Иран и САД.

Трамп: Ова е последна шанса иранскиот режим да потпише добар документ

За време на обраќањето пред новинарите во Белата куќа, синоќа, Трамп рече дека преговорите „се во тек“ и дека тие „се движат брзо, на еден или друг начин“. Трамп потенцираше дека САД, се подготвени да го нападнат Иран „посилно од кој било воен напад од Втората светска војна“, пред синоќа да и нареди на војската да прекине со нападите. Трамп, исто така, изјави дека Иран нема да наплаќа патарини во Ормуската теснина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски и Клековски ја отруја и болницата во Гостивар

Кризата со водата во Гостивар премина во здравствена катастрофа.

СДСМ: Мицкоски и Клековски ја отруја и болницата во Гостивар

Пациентите од Гостивар се пренесуваат во Тетово за операции и породување.

Стерилизаторите не работат поради загадената вода.

Операции, ортопедија, гинекологија, урологија - сѐ е блокирано.

Здравјето и животите на граѓаните се директно загрозени.

Мицкоски и Клековски сѐ уште одбиваат да ја кажат вистина.

Нема официјален документ со кој се потврдува дека водата е чиста - затоа што никој не сака да потпише и да преземе кривична одговорност.

Водата беше прогласена за „технички исправна“ само затоа што Мицкоски тоа го рече.

Сакаше да изгледа како спасител.

Резултатот: граѓаните се капеа и ги миеја садовите со вода во која има опасна бактерија.

Три цистерни вода за град од 50.000 жители.

Тоа е сѐ што понудија.

Сега ја отруја и болницата.

Го загрозија целото население.

Одговорноста е јасна: Христијан Мицкоски и министерот Клековски.

Обвинителството мора веднаш да реагира.

Ова повеќе не е само неспособност.

Ова е загрозување на здравјето и животите на илјадници граѓани.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер