„Ми велат дека сум дебела, но тоа не ме навредува“ - (видео) - Канал 5

„Ми велат дека сум дебела, но тоа не ме навредува“ - (видео)

 Оваа жена го обожава секој дел од своето тело.

„Ми велат дека сум дебела, но тоа не ме навредува“ - (видео)

Ретко која жена во целост е задоволна од своето тело. Повеќето жени посакуваат да имаат поинакви пропорции или да имаат помалку килограми, но не и Рајли Келер. од нив би сакале Оваа девојка има вишок килограми, но воопшто не очајува поради тоа, а ниту пак се труди да ослабе.

Рајли воопшто не ја засегаат бројните прозивки за нејзината тежина на социјалните мрежи. Таа смета дека негативни коментари не добива затоа што има вишок килограми, туку затоа што, според мислењето на многумина, таа се облекува несоответно и покрај вишокот килограми.

Како што тврди, критиките ѝ помогнале да стекне уште поголема самодоверба. Така носи „ултра мини“ здолништа, минијатурни шорцеви, маици без градник, гол стомак... без проблем.

Таа освојува со самодовербата, и како што тврди, го обожава своето тело такво какво што е. Рајли нема намера да менува ништо на себе, а особено не сака да ослабне или да го промени стилот на облекување.

- Луѓето постојано пишуваат во своите коментари дека сум дебела, како да не го знам тоа! Меѓутоа, тој збор воопшто не може да ме навредува. Секако дека сум дебела, па што! Го сакам своето тело! Секој има стрии на колковите и стомакот... Совршено сум свесна за вишокот килограми и мој избор е да изгледам вака и да се облекувам вака. Што и да напишете, нема да ме навредите, едноставно го обожавам своето тело! Сакам да бидам олку дебела, се чувствувам фантастично! – им порача Рајли на сите, а пишува Сан.

На секоја нејзина објава има непримерни коментари кои ја исмејуваат или ѝ велат дека тоа што го прави е непримерно, но има и такви кои тврдат дека Рајли им е пример.

- Проблемот не е во тоа што си дебела, туку е многу невкусно во секоја прилика да го истакнуваш својот огромен стомак со стрии.

-Девојко, како не ти е срам да се шеташ во тоа, личиш на кит!

- Што ти велат родителите или пријателите кога ќе те видат облечена во манекенска облека со толкав вишок килограми?

- Ти си инфлуенсерка, и на младите им испраќаш погрешна порака!

- Не грижи се душо, ако не привлекуваш внимание, нема ни да те коментираат.

- Убава си, продолжи така.

-Го мразев своето тело и секогаш излегував облечена во прешироки панталони и големи џемпери, но поради тебе конечно се прифатив, ти благодарам.

-Толку ме потсетуваш на девојки од осумдесетите, убава си! - беа само дел од коментарите на нејзината објава.

@londonrileykeller sometimes i wonder if im delusional then i look in a mirror #hotfatgirl #plussizey2k #plussizevintage #plussizemodel #curvy #plussizeootd #ootd #y2kfashion #trendy #coquette #barbie ♬ Barbie World (with Aqua) [From Barbie The Album] - Nicki Minaj & Ice Spice & Aqua

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сопругата на Мадуро бара да биде пуштена од затвор, пред почетокот на судењето на екс претседателот

Селија Флорес, сопругата на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро, треба да се појави пред американски суд за да побара да биде ослободена од притвор од здравствени причини .

Сопругата на Мадуро бара да биде пуштена од затвор, пред почетокот на судењето на екс претседателот

Селија Флорес, сопругата на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро, треба да се појави пред американски суд за да побара да биде ослободена од притвор од здравствени причини додека чека судење за трговија со дрога закажано за следната година.

На рочиштето, кое е закажано да започне во 10:30 часот по локално време во федералниот суд на Менхетен, нејзините адвокати ќе побараат од американскиот окружен судија Алвин Хелерштајн да ѝ одобри кауција за да може да се подложи на кардиолошка процедура и да се опорави во поудобни услови.

Адвокатите предложија Флорес да биде преместена во приватен дом во областа на Њујорк, со приватно обезбедување 24 часа на ден, велејќи дека таа не претставува опасност за заедницата. Трошоците, велат тие, ќе бидат покриени од венецуелската влада, на која САД ѝ дозволија да ја финансира правната одбрана на Флорес и Мадуро.

Во меѓувреме, американски функционер за Ројтерс изјави дека Мадуро и Флорес би можеле да се соочат со нови кривични обвиненија за наводна тортура врз Американци притворени во Венецуела. Обвиненијата би можеле да бидат објавени уште во четврток.

Флорес (69) и Мадуро (63) беа заробени во нивниот дом во Каракас на 3 јануари во рација на американската војска и префрлени во Њујорк. Американските обвинители ги обвинуваат за злоупотреба на своите позиции за да им овозможат на шверцерите со дрога да шверцуваат кокаин.

Рацијата стави крај на 13-годишното владеење на Мадуро во богатата со нафта Венецуела. Венецуела оттогаш ја зголеми соработката со Вашингтон под водство на поранешната потпретседателка на Мадуро, Делси Родригез.

Мадуро и Флорес се изјаснија за невини по обвиненијата за трговија со дрога. Тие се задржани во Метрополитен притворен центар во Бруклин од нивното апсење, а нивното судење е закажано за 1 јуни 2027 година.

Канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен се спротивставува на ослободувањето на Флорес. Обвинителите велат дека таа добила соодветна медицинска нега додека била во притвор и дека доколку биде ослободена, таа би претставувала „екстремно висок ризик од бегство и опасност за јавноста“, вклучително и можноста за заплашување на сведоци.

Обвинителите, исто така, рекоа дека други судии претходно пресудиле дека практиката на дозволување на некои обвинети да плаќаат за сопствен надзор додека се надвор од затвор е неправедна, бидејќи помалку богатите обвинети не можат да си го дозволат тоа.

Одлуката на судијата Хелерштајн за кауција нема да влијае на судењето или на евентуалната казна. Доколку биде осудена, Флорес се соочува со задолжителна минимална казна од 40 години затвор.

Флорес претходно беше државен обвинител на Венецуела и го водеше Националното собрание на земјата пред да стане прва дама. Американските обвинители тврдат дека таа зела стотици илјади долари мито од голем трговец со дрога.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Александар Чеферин одлучи дали повторно ќе се кандидира за претседател на УЕФА

Актуелниот претседател на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин, прифатил да се кандидира за нов мандат на чело на европскиот фудбал, објави денес УЕФА.

Александар Чеферин одлучи дали повторно ќе се кандидира за претседател на УЕФА

Во соопштението се наведува дека на состанок во Берлин, Чеферин им рекол на претседателите и генералните секретари на сите 55 национални асоцијации, кои се членки на УЕФА, дека ќе се кандидира за уште еден, последен мандат и ќе продолжи да ја води организацијата по 2027 година.

- Во текот на изминатите месеци, тие едногласно го замолија да ја преиспита својата претходна одлука да не се кандидира повторно. Чеферин се согласи со ова и ја потврди својата намера да се кандидира за нов мандат на 51-от редовен конгрес на УЕФА во Астана (Казахстан), на 22 април 2027 година. Неговата одлука, исто така, следеше по бројните изрази на поддршка и охрабрување од други актери во европскиот фудбал - беше објавено на официјалната веб-страница на УЕФА.

- Би сакал да им се заблагодарам на националните асоцијации за нивната доверба. Во последните години се соочивме со исклучителни предизвици и ги надминавме како тим. Сè уште има многу важна работа пред нас, поради што го прифатив нивното барање. Мојата амбиција останува непроменета: да го зачувам единството на европскиот фудбал, да ја зајакнеме нашата игра и да ја оставиме УЕФА подготвена за идните генерации. Исто така, сум длабоко благодарен на моето семејство. Оваа одлука исто така бара многу од нив, а не можев да ја донесам без нивното разбирање и поддршка - рече Чеферин, објави УЕФА.

Во соопштението се вели дека состанокот во Берлин бил посветен и на идното управување и управување со Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА).

- УЕФА и сите национални асоцијации (со исклучок на Азербејџан) се согласија за јасна насока за реформа на ФИФА. Националните асоцијации повторија дека ја изгубиле довербата во сегашното раководство на ФИФА. Само институционалната реформа нема да биде доволна. На ФИФА ѝ е потребно ново раководство: почитувана, обединувачка фигура, длабоко вкоренета во фудбалот, со визија и лидерско искуство, способност да стекнува доверба во различни региони и недвосмислена посветеност на развој, реформи, интегритет и независност - соопшти УЕФА.

Дискусиите за реформите и идното раководство на ФИФА ќе продолжат меѓу националните асоцијации, како и со партнери од фудбалските организации ширум светот, се додава во соопштението.

Во соопштението се вели дека следниот состанок на 55-те национални асоцијации ќе се одржи пред 17 ноември оваа година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мислела дека ќе улови змија од 1 метар- погледнала во бунарот и се шокирала (ВИДЕО)

Австралија е позната по големиот број отровни животни, а меѓу оние што предизвикуваат најголем страв секако се змиите.

Мислела дека ќе улови змија од 1 метар- погледнала во бунарот и се шокирала (ВИДЕО)

Еден вид, источната кафеава змија (Pseudonaia textilis), е широко распространета низ поголемиот дел од источна Австралија и според официјалните податоци, е одговорна за повеќе смртни случаи од кој било друг вид во земјата.

Повик од фармата

Колку ризична може да биде „блиска средба“ со такво суштество, дури и за професионалци, покажа Самер, ловец на змии од Сончевиот брег, која претходно објави видео од една од своите интервенции на социјалните мрежи.

Таа добила повик од фарма, каде што сопствениците забележале змија во бунар за која процениле дека е долга околу 100 сантиметри.

Сепак, штом пристигнала на местото на настанот, Самер сфатила дека ситуацијата е посериозна отколку што очекувала. Змијата била значително поголема од првично проценетата и таа брзо утврдила дека станува збор за источна кафеава змија.

Морало брзо да се најде начин за безбедно извлекување на опасното суштество од бунарот. Важно било не само да се заштитат луѓето во близина, туку и самото животно.

Змијата веќе почнала да ја губи телесната температура поради студот во бунарот, а дополнително била исцрпена од постојаните обиди да излезе на површина, објавува Dnevno.hr.

Привлекла внимание на интернет

Самер успеала релативно брзо да ја фати со мрежа, но потоа следел потешкиот дел од интервенцијата. Змијата морала да се префрли од мрежата во специјална торба за транспорт.

Внимателно ја зграбила за опашката, за да одржи доволно растојание од главата, и внимателно ја ставила во торбата.

За време на постапката, забележала дека веќе доста се оладила, па се обидела да ја вознемирува што е можно помалку.

Откако ја ставила змијата во торбата и ја обезбедила за транспорт, интервенцијата била успешно завршена. Сумер го снимила и последниот дел од целата операција - враќање во природата.

Видеото привлече внимание на мрежите, а во исто време покажува колку може да биде стресна работата на професионалните ловци на змии и колку претпазливост бара, дури и кога станува збор за луѓе кои се навикнати на „блиски средби“ со опасни животни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер