Сиљановска-Давкова на состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади во Турција
2Сиљановска-Давкова на состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади во Турција
Кошарка,,Ми се закануваа дека ќе ме убијат , но за Божик сум слободен” – најпознатиот турски НБА играч откри зошто зборувал против Турција ,,Нема ништо за мене што повеќе би сакал да го правам отколку да играм кошарка. Тоа е мојата животна страст и моето бегство. “,,Секојпат кога доаѓам да играм во нов град, јас сум понизен и инспириран од неверојатните фанови, кои ме охрабруваат да бидам тој што сум. Но, не можев да одам во градови надвор од САД. Мојот тим мораше да патува без мене, што е тешко да се прифати за некој како мене, некој кој го цени пријателството и тимската солидарност. Причината - зборував против турската држава, вели во интервјуто за „ The Globe And Mail “кошаркарот на Бостон Селтикс, Енес Кантер. ,,Десетици илјади невини Турци, вклучително и деца и бремени мајки, беа затворени во 2016 година по неуспешниот удар врз авторитарниот турски лидер Реџеп Таип Ердоган. Според него, тоа било „дар од Бога“ што му помогнало да ја уништи опозицијата, да ја прочисти армијата и да ја трансформира целата земја според неговата желба. И како да не беше доволно, повеќе од сто турски дисиденти кои бараат прибежиште во други земји, вклучувајќи го и Балканот, беа киднапирани и испратени во затворите во Турција. Благословен сум што сум во САД, а не во влажна затворска ќелија. Владата на Ердоган стана толку моќна што може да ги стигне своите противници преку границите. Владата ми беше толку лута за моите постапки против злоупотребите на човековите права, што издаде црвено барање за мое апсење преку Интерпол, па дури и испрати насилници да ме малтретираат на улиците во Бостон. Еден турски министер замина за Њујорк за да ги охрабри приврзаниците на Ердоган да ги ограничат моите активности и слободата во САД. Секојпат кога ќе се сретнам со јавна личност или политичар, турските дипломати интервенираат, заканувајќи се и ги обесхрабруваат повторно да ме сретнат. Примам смртни закани скоро секој ден. Веќе преживеав обид за киднапирање во Индонезија. Не знам што ме чека секој пат кога патувам некаде. Поради тоа, принуден сум да пропуштам некои натпревари, како оној во Лондон на почетокот од оваа година. Само затоа што тоа го сака автократ на 5000 милји далечина. Прашање е дали можам да патувам во Торонто и да играм против Рапторс на Божиќ. Немав илузии дека мојот активизам ќе помине без последици. Но, непропорционалната одмазда на турската влада поради тоа, имаше огромна цена за мојот личен живот, моето семејство и секој што ме поддржуваше. Постојат јавни личности кои завршуваат во затвор само за пораки со мене. Има навивачи кои, наводно, се под истрага за тоа што го имаат мојот автограм или се сликале со мене. Сестра ми, која е доктор, не може да добие работа затоа што го има истото презиме како моето. Татко ми, добро образован човек, беше отпуштен од работа и уапсен, а мајка ми со години не комуницира со мене од страв дека може да се најде во неволја. Сите ова се обиди да ме замолчат. Сепак, западниот свет не треба да му дозволи на Ердоган да малтретира дисиденти кои избегаа и бараат засолниште.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДаниела Димовска нова претседателка на скопскиот Кривичен суд10:27Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
ЗабаваФаталната русокоса и девојка на кошаркарот на Монако го покажа своето извајано телоПоранешната навивачка на литванскиот Жалгирис Габија Карабинаита повторно успеа да привлече огромно внимание на социјалните мрежи. Атрактивната русокоса објави нова серија фотографии од плажа на кои позира во минијатурно бикини и со одбојкарска топка, а нејзините следбеници не останаа рамнодушни. Со години, убавицата од Литванија важеше за едно од најпрепознатливите лица меѓу навивачките на Жалгирис. Нејзините настапи во познатата „Жалгирио Арена“ честопати привлекуваа речиси исто толку внимание како и настаните на паркетот, поради што таа доби голем број следбеници на социјалните мрежи. Сепак, во последните месеци нејзиниот живот целосно се промени. Откако започна врска со кошаркарот на Монако, Џерун Блосомгејм, таа се пресели во Кнежевството, каде што максимално ужива. Во едно интервју откри дека нивната љубовна приказна започнала сосема спонтано – со порака на Инстаграм. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаStreet View се враќа во Македонија со обемно обновување на снимките низ земјата„Google Street View“ се враќа во Македонија за обемно обновување на сликите од Street View со поширока покриеност низ целата земја, носејќи нови панорамски погледи на Google Maps. Од живите градски плоштади и историските улици на Скопје до спокојните брегови на Охридското Езеро и планинските патишта што ги поврзуваат градовите низ целата земја, Street View повторно ќе го долови еволутивниот пејзаж на Македонија и ќе го направи подостапен за луѓето насекаде. Македонија е место каде што богатото културно наследство се среќава со секојдневната урбана трансформација. Историските знаменитости, природните богатства, растечките населби и променливата патна инфраструктура се дел од динамичниот карактер на земјата. Редовното освежување на сликите од Street View помага да се осигури дека Google Maps продолжува да ги одразува овие промени со поголема точност, релевантност и детали. Со ова најново освежување се опфатени околу 13 000 километри низ целата земја, вклучувајќи ги Скопје, Охрид, Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Штип, Велес, Струга, Струмица и други градови. Ажурираните слики ќе ги направат „Google Maps“ уште покорисни за жителите, бизнисите и посетителите кои секојдневно се потпираат на нив за навигација, планирање патувања и откривање нови места. Новите слики ќе понудат и свеж поглед на контрастите што ја прават Македонија толку препознатлива, од современите урбани простори и прометни патишта, историските места како што се Скопската тврдина и Аквадуктот, препознатливите градски знаменитости, вклучувајќи го Камениот мост и Мостот на уметноста, како и природните и културни пејзажи, а меѓу нив и Охридското Езеро што зазема посебно место, како дел светското наследство на УНЕСКО. Street View им овозможува на луѓето виртуелно да истражуваат улици, населби и дестинации пред да ги посетат лично. Без разлика дали однапред проверуваат рута, бараат локален бизнис, планираат патување или откриваат обележје, обновените слики ќе помогнат во полесна навигација, посигурно планирање патувања и побогато разбирање на местата низ целата земја. Google е посветен на заштита на приватноста на корисниците. Пред објавувањето на собраните слики, се користи напредна технологија за автоматско замаглување на лицата и регистарските таблички на возилата. Street View вклучува функција за барање за замаглување на одредени слики (како што се лица, возила, куќи итн.) со кликнување на опцијата „Report a problem“ што се наоѓа во долниот десен агол на објавените слики на Google Maps. Повеќе информации за Политиката за приватност на Google можете да најдете на: https://policies.google.com/privacy. За да ја истражите Македонија во Street View, отворете Google Maps на вашиот компјутер или мобилен уред, пронајдете место што сакате да го посетите и повлечете ја жолтата икона Pegman на сина линија за да влезете во Street View.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова на состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади во ТурцијаДенеска би сакала да кажам дека мотото „Посилна Европа – е посилно НАТО“, најсилната Европа е Европа што живее во мир и демократија базирана на принципи и вредности. Ова утринава го порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во кусата изјава за медиумите пред состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, што се одржува во претседателскиот комплекс „Бештепе“ во Анкара. Министерот за одбрана Владо Мисајловски вчера во Анкара,учествуваше на повеќе активности и состаноци организирани во рамки на самитот на алијансата, меѓу кои и приемот за министри за одбрана, организиран од турскиот министер за национална одбрана, јашар ѓулер.Тагови: Силјановска Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter