„Мегадет“ го најавија својот последен албум и прошталната турнеја в година - Канал 5

„Мегадет“ го најавија својот последен албум и прошталната турнеја в година

Основачот и фронтмен на американскиот метал-бенд „Мегадет“ (Megadeth), Дејвид - Дејв Мастејн објави дека претстојниот албум и турнејата во 2026 година ќе бидат последни за овој состав кој постои над четири десетлетија.

„Мегадет“ го најавија својот последен албум и прошталната турнеја в година

Во објавата на својот интернет-простор, Мастејн вели: „Има толку многу музичари кои дошле до крајот на својата кариера, без разлика дали случајно или намерно. Повеќето од нив не успеваат да се искачат до врвот по свои услови, и тоа е местото каде што сум јас во мојот живот во овој миг. Патував низ светот и стекнав милиони и милиони обожаватели, а најтешкиот дел од сѐ тоа е да се збогуваме со нив. Едвај чекаме да го слушнете овој албум и да нè видите на турнеја.“

Тој натаму истакнува дека ова е совршено крајно време да издадат нов албум.

„Ако некогаш има совршено време за турнеја во светов, тоа е сега. Ова е исто така совршено време да ви кажеме дека ова е нашиот последен студиски албум. Стекнавме многу пријатели во текот на годините и се надевам дека ќе ве видам сите на нашата глобална проштална турнеја. Немојте да се лутите, немојте да бидете тажни, бидете среќни за сите нас, дојдете да славите со мене во следните неколку години. Направивме нешто заедно што е навистина прекрасно и веројатно никогаш веќе нема да се случи. Започнавме музички стил, започнавме револуција, го променивме светот на гитарата и начинот на којшто се свири... И го променивме светот. Бендовите во кои свирев влијаеја на светот. Затоа ве сакам сите. Ви благодарам за сè“, подвлече Мастејн.

„Мегадет“ е основан во 1983 година, откако Мастејн беше исфрлен од „Металика“, метал-бендот каде што тој беше со-основач. Го издадоа својот прв албум следната '84 година, но станаа хит во 1986., со колекцијата „Мир се продава... Но кој купува?“, откривајќи политички став под влијание на панк-музиката, коешто оттогаш остана кај групата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Денеска  официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. 

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација.

Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација.

По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

Вчера (23.06.2026) директорот на БЈБ Јанев оствари работни посети во Струмица, Полициското одделение Ново Село и Граничниот премин Ново Село, каде се запозна со состојбите и предизвиците на полициските службеници на терен.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

На средбите беше разговарано за безбедносната состојба, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за спречување на прекуграничниот криминал. Посебен акцент беше ставен на унапредување на условите за работа, техничката опременост и зајакнување на координацијата со надлежните служби и соседните држави.

Беше истакнато дека ГП Ново Село е важна точка за проток на патници и стоки, при што останува приоритет обезбедување на ефикасна, професионална и безбедна услуга за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер