„Медена земја“ влезе во трка за „Оскар“ во две категории

Македонскиот документарец „Медена земја“ испишува историја.

Пред малку американската филмска академија го номинира филмот во две категории за „Оскар“, за најдобар документарец и најдобар странски филм.Ова е првпат во историјата на македонската кинематографија еден филм да влезе на листата во две категории.

Конкуренција на филмот, во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, му се и новиот филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар „Болка и слава” и јужнокорејскиот „Паразит” на Бонг Јон-Хо – и уште седум филмови од Чешка, Естонија, Франција, Унгарија, Полска, Русија и Сенегал.

Во категоријата најдобар документарец, „Медена земја“ е меѓу 15 селектирани од 159 квалификувани, а во категоријата за најдобар интернационален филм е во потесниот избор во кој влегоа десет наслови од 91 пријавен. Доделувањето на оскарите е закажано на 9. февруари, а македонскиот документарец веќе освои бројни награди ширум светот.

„Медена земја“ влезе во трка за оскар во две категории

притисни ентер