3Сестра му на Ким Џонг-ун со остра реакција: Северна Кореја не е виновна за најголемиот грабеж во историјата од 6,3 милијарди
Живот„Мажот ми загина, а 15 месеци подоцна родив негово бебе“- Еве како останала бремена!Љубовната приказна добила среќен исход по ненадејната загуба. Елиди Пулин е австралиска манекенка која претрпела незамислива загуба пред две години кога нејзиниот сопруг сноубордерот Алекс Пулин се удавил додека нуркал. Таа во еден подкаст открива како се соочила со големата болка и како продолжила да живее без „Чамп“ како што го нарекувале. Манекенката била во врска со него десет години и не ни сонувала дека животот целосно ќе ѝ се сруши само неколку часа по нивното последно видување. - Беше обичен ден. Се разбудивме како и секој друг ден, сонцето сјаеше, навистина беше прекрасен ден. Ме праша дали да оди на сурфање или да нурка – открива таа во својата исповед. Бидејќи Елиди повеќе сакала да прошета, се договориле подоцна да се најдат во локалното кафуле. Тоа утро го шетала нејзиното куче без да биде свесна дека за последен пат ја гледа својата сакана личност. Еден сосед набргу ја известил за неговата смрт. View this post on Instagram A post shared by El Pullin (@ellidy_) Кога ја видела веста за пронајденото тело на социјалните мрежи, одбивала да поверува дека е тој. -Го видов тоа утро, тогаш имаше само 32 години, се удавил откако се обидел да го задржи здивот под вода. Нејзиниот сопруг се натпреваруваше во 2010, 2014 и последен пат 2018 година на Зимските олимписки игри. На својата земја ѝ донесе медал, а неговата ненадејна смрт го потресе светот. Со оглед на тоа што парот силно посакувал да има бебе, пријателите на Елиди и нејзиното семејство разговарале за посмртно вадење сперма. Дванаесет часа по неговата смрт, манекенката се согласила на таа процедура, иако сè уште не можела да се соземе од шокот. По два обида за вештачко оплодување, манекенката ја родила Мини Алекс во октомври 2021 година, а девојчето неверојатно личи на својот покоен татко. Манекенката споделила трогателна снимка на Инстаграм покрај која напишала: „Татко ти и јас те сонувавме со години, душо“. Елиди во поткастот проговорила за нејзината емотивна борба, истакнувајќи дека секојдневно оди на плажа и „ја убива“ тоа кога гледа како мажи ги шетаат своите деца. - Имавме среќа што спермата беше здрава. Мислам дека сè се поклопи и Чамп го виде тоа – открила таа. По смртта на Алекс, манекенката започнала подкаст со една своја пријателка која исто така доживувала тешка животна борба. Тие двете меѓусебно си биле огромна поддршка и сфатиле дека треба да „блескаат“ во светот кој понекогаш може да изгледа како осамено и мрачно место. Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаАндреј Жерновски во „Само интервју“Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува Секретарот за меѓународна соработка и член на Извршниот одбор на СДСМ Андреј Жерновски.Еврокомесарката Кос ни порача дека и покрај подготвеноста, единствен начин да се излезе од ќорсокакот се уставните измени и дека топката е кај нас, возможен ли е и како до национален консензус? Дали и какви последици ќе почувствува Македонија од падот на Вучиќ? Можни ли се промени во владината коалиција по изборите во Брвеница? Вечерва Гоце Михајлоски во Само Интервју со Андреј Жерновски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Магазин Тајни од врвните експерти за просторот да зрачи со чист луксуз!Со вистински насоки, секој дом може да зрачи со елеганција и хармонија.Домовите на дизајнерите за ентериер често делуваат посмирено, пофункционално и поскладно од просечните домови. Не затоа што располагаат со неограничен буџет, туку зашто избегнуваат грешки кои секојдневно ги гледаат кај своите клиенти. Нивните одлуки не се импулсивни, зад секој избор постои логика, искуство и јасна намера. Еве кои навики свесно ги прескокнуваат, а кои може да ги примените во својот дом, било да станува збор за нова градба или стара градска зграда. Не почнуваат од боите на ѕидовите Една од почетните грешки е бојата на ѕидовите да се избере на самиот почеток. Дизајнерите речиси никогаш не прават така зашто нијанси има безброј, па полесно е да се прилагоди бојата на ѕидот на мебелот и текстурата отколку обратно. Наместо да го затворат просторот со погрешна нијанса на сина или сива, прво избираат тепих, завеса, софа, постелнина и трпезариска маса. Дури потоа, кога сите елементи ќе легнат на свое место, бараат тон што ќе ги поврзе во целина. За бојата размислуваат и преку атмосферата на просторот. Посветли, поенергични нијанси оставаат за дневните простори, додека потопли и посмирени тонови се резервирани за спалните. Во помалите станови, какви што има многу во големите градови, темни ѕидови на сите страни лесно може да го „изедат“ просторот, додека внимателно избрани светли нијанси го отвораат просторот и му даваат леснотија. Не купуваат големи парчиња поради трендот Професионалците во сопствениот дом ретко инвестираат во софа само затоа што е популарна на социјалните мрежи. Поголемите и скапи парчиња, како софа, шкаф, или трпезариска маса, ги избираат во неутрални бои и форми што траат. Трендовите ги следат преку деталите: перници, ламби, вазни, ќебиња или постелнина. Така просторот може да го освежат без големи трошоци и без чувство дека наскоро мора да го менуваат целиот ентериер. Не го претрпуваат просторот Уште една работа што дизајнерите ја избегнуваат е нередот, премногу мебел и декорации. Дури и најубавото парче мебел ја губи вредноста ако нема „простор да дише“. Постојат два едноставни теста: дали можете да се движите без да се удирате со ќошевите од мебелот и дали просторот изгледа хаотично штом ќе влезете во него. Посебно се внимателни при комбинирање на примероците и темните тонови. Премногу принтови или темни површини во мал стан даваат чувство на тесен простор. Помали работи на видливи површини и внимателно избирање на боите често даваат подобар резултат од купот детали. Функцијата пред естетиката Кога избираат мебел за себе, дизајнерите прво се прашуваат кој ќе го користи и на кој начин. Дури потоа доаѓа естетиката. Кај софите, на пример, поважна е удобноста, наслонот за грбот и издржливоста на материјалите, отколку самата боја. Ако во домот има деца или домашни миленици, лесното одржување е пресуден фактор при изборот на мебел. Во малите станови, каде секој квадрат е драгоцен, секое парче мора да има цел. Убав и неупотреблив мебел само зазема простор и создава фрустрација. Не избираат само една ламба Осветлувањето за дизајнерите е клучно за атмосфера. Едно светло на плафонот речиси никогаш не е доволно. Наместо тоа, комбинираат повеќе извори на светлина, лустер или ламба на плафонот со подни, столни ламби, ѕидни светилки и дискретни ЛЕД ленти. Осветлувањето му дава карактер на просторот. Интересен лустер во кујната или елегантна висечка лампа под креветот може целосно да го промени впечатокот, дури и кога останатиот мебел е едноставен. Не го уредуваат домот за да биде „виден“ Најважна лекција: Дизајнерите не го уредуваат својот дом за да ги исполнат туѓите очекувања. Иако ги знаат правилата, дома често свесно ги кршат. Наместо да се прашуваат што е исправно во моментот, тие размислуваат што навистина им годи. Ако тоа вклучува повеќе билки од вообичаено, полици со книги во куната или столица која не се вклопува совршено, но е најудобна, така и ќе биде. Во становите во кои се мешаат наследени парчиња, нов мебел и пристапни набавки од големите синџири, токму тој опуштен пристап често дава најдобри резултати. Можеби таквиот простор не е совршен за социјалните мрежи, но е совршен за секојдневниот живот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот Од ходникот се гледа каква среќа има во домот: Овие 5 работи носат беда и малерСреќата во домот се гледа на влезот. Погледнете што не треба да чувате во ходникот.Според народните верувања, ходникот не е само место каде ги оставаме јакните, чевлите и клучевите, туку место каде почнува атмосферата во домот, а некои предмети може да донесат застој, малер и немир. Што открива ходникот за домот? Според народната традиција, оштетено огледало се поврзувало со немир и нарушена хармонија меѓу домашните. Затоа се советува таквото огледало веднаш да се отстрани и да се замени доколку забележите пукнатина. Истото важи и за застанат часовник. Ако батеријата не работи, а сказалките стојат во исто место, таквиот предмет во домот симболизира застој. Работата не оди како што треба, плановите се одложуваат, а работите никако да тргнат на подобро. Во ходникот нема место ни за свенато цвеќе, зашто според народните верувања тоа симболизира нешто што поминало и во што повеќе нема живот. Без оглед на верувањата, овие работи прават ходникот да изгледа запуштено. Скршените работи во ходникот привлекуваат лоша енергија. Чадор со скршена жица, лабава закачалка за облека, чевли со одлепени ѓонови, или кој било друг предмет кој чека да биде „поправен“, сето тоа спаѓа во категоријата што често се спомнува во народните верувања поврзани за домот. Според овие верувања оштетените предмети симболизираат нешто скршено или недовршено, затоа не се препорачува нивно чување во простории низ кои секојдневно поминувате. Практичното правило е едноставно, ако нешто со месеци чека за поправка, одлучете кога ќе го поправите или изнесете го од домот. Огледало поставено спроти врата се смета за лош знак. Во традицијата на фенг шуи, често се вели дека огледалото свртено кон влезната врата ја враќа енергијата назад низ вратата, па се препорачува тоа да стои на бочниот ѕид, а не наспроти влезната врата. Во помалите станови тоа не може секогаш лесно да се изведе, но ако постои можност доволно е огледалото да се помести на страна. Така просторот ќе изгледа попростран. Без оглед дали верувате во народните верувања или на нив гледате како на интересен дел од традицијата, едно е сигурно: уредниот ходник ослободен од непотребни работи го прави домот попријатен и попривлечен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00