ЛДП: Дупка од 10.000 денари во секој семеен буџет е реалноста, а не приказната за “трета економија во Европа”!
Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска на средба со жителите на Припор: Фокус на новите решенија и институционалната соработка
1ЛДП: Дупка од 10.000 денари во секој семеен буџет е реалноста, а не приказната за “трета економија во Европа”!
2Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска на средба со жителите на Припор: Фокус на новите решенија и институционалната соработка
Забава Матурска парада и кадрил на плоштадот „Македонија"По двегодишна пауза заради ковид-пандемијата, денеска точно напладне на плоштадот „Македонија" во Скопје ќе се одржи „Матурската парада".На парадата ќе учествуваат матуранти од СУГС „Раде Јовчевски Корчагин", СУГС „Панче Арсовски", СУГС „Браќа Миладиновци", СУГС „Георги Димитров", СМУГС „Д-р Панче Караѓозов", СЕПУГС „Васил Антевски Дрен", СУГС „Владо Тасевски", СУГС „Димитар Влахов", СУГС „Орце Николов", СУГС „Лазар Танев", СУГС „Шаип Јусуф", СУГС „Јосип Броз Тито", СУГС „Кочо Рацин", СУГС „Марија Кири Склодовска". Организатор на „Матурската парада" е Дирекција за култура и уметност на Скопје, во соработка со Танцовиот спортски клуб „Ритам плус". Покровител на манифестацијата во Скопје е Градот Скопје. Покрај скопските матуранти оваа година на „Матурската парада" ќе учествуваат и нивните врсници од триесетина градови во Словенија, Словачка, Унгарија, Србија, Црна Гора. Во изминатите години учесниците од стотина градови од Македонија, Словенија, Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Романија, Бугарија, Албанија, Украина, Унгарија и Австрија во седум наврати поставуваа гинисови рекорди во истовремено синхронизирано играње на ист танц – кадрил. Вкупниот број на учесници на „Матурската парада" во изминатите години во сите градови учесници ја надминува бројката од 500.000 матуранти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Дупка од 10.000 денари во секој семеен буџет е реалноста, а не приказната за “трета економија во Европа”!За да преживее семејство со минимални трошоци со т.н. синдикална кошница за октомври се пробија историски рекорди кои достигнаа 70.358 денари, а за семејствата што живеат под кирија трошоците за гол опстанок се искачија на застрашувачки 85.733 денарДодека Владата секојдневно дефилира со соопштенија за „рекорден раст на економијата“ и наводно подобрена куповна моќ, реалноста зад затворените врати на македонските домаќинства е сурова преживувачка. Се соочуваме со рекорден раст на трошоците а не на економијата! Прашањето е едноставно и боли: колку семејства денес во Македонија можат да го поминат месецот без да влезат во нов брз кредит, без да се одречат од основни потреби или без да молат за помош од родители и пријатели Посебно е иритирачки што владината потрошувачка кошничка и синдикалната пресметка се разликуваат за нереални 10.200 денари. За премиерот и министрите тоа е само прашање на сува методологија и бројки на хартија, но за обичниот човек тоа се 10.000 денари помалку за храна, лекови, сметки и основни потреби што драматично недостигаат на крајот од месецот. Економската успешност не може да се мери со непоткрепени владини математики, додека граѓаните секој ден ја мерат реалноста преку шокантните цени во маркетите и празните банкарски сметки. Џабе се повикува власта на проценти за раст на платите и ублажена инфлација, кога суштинскиот одговор го знае секој граѓанин: трошоците растат побрзо од платите и тие не се доволни за достоинствен живот. На Македонија не ѝ требаат оптимистички прес-конференции и економски бајки, туку итни и конкретни решенија — реален раст на минималната плата, вистинска заштита од ценовните шокови таргетирано за македонските граѓани и замрзнување на маржите за да се сопре дивеењето во продавниците. Нашите предложени таргетирани мерки се одбиваат иако се имаат покажани успешни во други земји. Ребалансот на буџетот кој Владата го достави до Собранието ниту дава краткорочни ниту долгорочни решенија, напротив покажува немање капацитет за справување со сериозните ризици. Либерално-демократската партија (ЛДП) порачува дека нема потреба Владата да се самозалажува со сопствените розеви пресметки. Животниот стандард не се крева со раскажување приказни од владината книга за бајки, туку со реални пари што на крајот од денот мора да останат во џебот на граѓаните!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
ЗабаваФатална Бразилка го понижи ВинисиусФатална Бразилка го понижи своето сега веќе екс момче, ѕвездата на Реал мадрид, Винисиус пред целиот свет, социјалните мрежите вријат од коментари .Бразилската инфлуенсерка Вирџинија Фонсека повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста откако раскина со Винисиус Жуниор, фудбалерот на Реал Мадрид. Винисиус Жуниор и бразилската инфлуенсерка Вирџинија Фонсека ја прекинаа врската пред една недела. Инаку, ова е вторпат славниот пар да стави крај на својата врска, а веста ја соопштија претставниците за односи со јавноста на познатата инфлуенсерка. Сепак, се чини дека Фонсека стана предмет на внимание во јавноста поради една изјава. Кога медиумите ја прашаа како се чувствува по разделбата, таа одговори едноставно и кратко, со насмевка: „Крај на врската со Винисиус? Чувствувам големо олеснување“, заклучи таа. Овие зборови предизвикаа вистинска бура во јавноста, а многумина ја сфатија пораката како директна навреда за славниот фудбалер. Винисиус сè уште нема дадено коментар за спорната изјава на својата поранешна девојка...Тагови: Винисиус Жуниор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Шоу бизЏенифер Лопез има нова љубов, наводно во врска со 11 помлад актер Според медиумските извештаи, светската музичка ѕвезда и актерот – кои заедно играат во филмот „Office Romance“ – се гледаат веќе некое време.Медиумите шпекулираат дека Џенифер Лопез и Брет Голдстин ја пренеле својата филмска романса во реалниот живот. Според медиумските извештаи, пејачката и актерот – кои заедно играат во филмот „Канцелариска романса“ (Office Romance) – се гледаат веќе некое време, иако во оваа фаза нивната врска не е сериозна. Извор открил за „Page Six“ дека 57-годишната Лопез и 46-годишниот Голдстин започнале неврзана романса, иако претходно ги демантираа гласините дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство. Шпекулациите повторно се разгореа на 16 октомври, кога беа забележани заедно на забава кај еден менаџер во Лос Анџелес. Наводно, тие пристигнале на настанот со ист автомобил, но се потрудиле да влезат одделно за да не привлекуваат премногу внимание. Според извори, Голдстајн пристигнал на забавата сам и си заминал сам, иако тој и Лопез сепак заедно го напуштиле настанот. „Едно нешто што им е заедничко е тоа што и двајцата сакаат излегувања, забави и ресторани“, вели изворот, осврнувајќи се и на поранешниот сопруг на Лопез, Бен Афлек. „За разлика од нејзиниот поранешен, Бен – кој секогаш имаше строг израз на лицето кога и да излезеа некаде“, додава изворот. Ова не е првпат Џенифер Лопез и ѕвездата од серијата „Тед Ласо“ да поттикнат шпекулации дека меѓу нив има нешто повеќе од обична професионална соработка. Уште летото се појавија информации дека, иако се обидувале да одржат професионален однос за време на снимањето на „Office Romance“, хемијата меѓу нив била „неодолива“. Двајцата беа видени заедно и во март 2025 година, кога присуствуваа на бродвејската претстава „Oh, Mary!“ – еден месец пред да започне снимањето на филм во кој заедно играа главни улоги. Голдстин го напиша сценариото за филмот „Office Romance“ за Лопез, а пејачката подоцна зборуваше за нивната соработка во емисијата на Енди Коен, „Watch What Happens Live“. „Тукушто завршив со снимање филм со Брет Голдстин и морам да кажам дека тој ми беше најдобриот партнер за бакнеж на екранот“, призна Лопез во октомври, со што дополнително ги поттикна шпекулациите за природата на нивната врска. Голдстин со години не крие дека ѝ се восхитува на Џенифер. Веќе со години е познато дека Голдстин е голем обожавател на славната пејачка. Уште во 2019 година, во својот подкаст „Films To Be Buried With“, тој зборуваше за нејзината улога во филмот „Hustlers“, не криејќи го своето воодушевување од нејзиниот изглед и харизма.Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22