„Макфест" ќе има ревијална и фестивалска вечер - Канал 5

„Макфест" ќе има ревијална и фестивалска вечер

Општина Штип го прифати предизввикот и во услови на пандемија нема да ја прекине традицијата за организирање на Фестивалот за музика „Макфест".

„Макфест" ќе има ревијална и фестивалска вечер

На денешната прва прес-конференција во Општинскиот Мултимедијален центар „Киро Глигоров", заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов и екипата која работи на организација на фестивалот најавија дека првпат ќе се одржи на отворено и тоа на Градскиот плоштад „Слобода".

– Макфест" е бренд кој остави во наследство над 1.000 композиции и воедно останува најголем промотор на музика уште од своите почетоци. Годинава фестивалот ќе се реализира во услови на светска пандемија и на заштитните мерки и протоколи согласно препораките, а тоа е најголемиот предизвик. И во минатото имало бројни предизвици, но биле успешно совладани, така што не се сомневам дека и оваа година ќе имаме успешен фестивал, вели Миланов.

Техничкиот директор на „Макфест", Кирил Панајотов рече дека Фестивалот ќе се одржи на 18 и 19 септември, првата вечер е ревијална на која ќе настапат осум музички имиња, дел победници, а дел познати имиња од годините наназад, додека втората вечер ќе биде натпреварувачка и ќе настапат 24 изведувачи. Меѓу изведувачите оваа година се Александар Митевски и Драган Спасов-Дац, Димитар Андоновски, Биба Додева, Нокаут, Ѓоко Танески и други. Освен познати имиња кои настапувале на фестивалот, ќе има и дебитанти.

Наградите остануваат исти како и претходните години, 5000 евра за прво место, 3000 евра за второ и 1000 евра за трето место. Ќе се доделат и наградите за најдобар аранжман, за најдобар сценски настап и за дебитант во висина од 500 евра, а нема да се додели наградата за најдобра интерпретација бидејќи фестивалот ќе биде на плејбек. Причина за ова, според техничкиот раководител Кирил Панајотов, е заштитниот фактор односно неможноста да се менуваат 24 микроофони.

– Според протоколот за заштита, потребно е посебен микрофон за секој изведувач. Не постои таква техничка можност и затоа одиме на плејбек, додека првата вечер, на ревијалниот дел, имаме осум изведувачи и тоа е изводливо, напомена Панајотов.

Шоу програмата е на Игор Џамбазов и Гуру Харе, кои ќе настапат по завршувањето на натпреварувачкиот дел, додека публиката гласа. Кога сме кај гласањето, ќе гласа публиката, согласно протоколот и заштитните мерки, а дел од гласачкиот сегмент не се открива, за да се избегне можноста за манипулации. Истиот ќе биде објавен на денот на фестивалот. Драган Ристов шеф на прес-центарот додаде дека на градскиот плоштад „Слобода" ќе бидат поставени столчиња согласно препораките на растојание од 1,5 метар, а се прават пресметки колку е капацитетот на плоштадот во согласност со здравствените протколи.

Движењето на плоштадот, ќе биде ограничено со две акредитации, црвена и зелена. Новинарите ќе имаат посебно место, до сцената, кое ќе биде еден вид прес центар и ќе го следат фестивалот согласно протоколот:

– Секој изведувач, ќе биде достапен за изјава, а сите останати активности, ќе бидат во координација со лицата од прес центарот. Ве повикувам да помогнете во што поуспешно спроведување на фестивалот. Да се заштитиме самите себе, да ги заштитиме другите и секако фестивалот. Да покажеме дека Штип и „Макфест" знаат и умеат да направат фестивал каков што заслужува, вели Ристов.

Годинава, поради коронавирусот, ќе го нема традиционачлниот коктел и сечењето на торта. Единствен предизвик се временските прилики, доколку заврне дожд интерпретаторите си продолжуваат со настапите, бидејќи тој дел од плоштадот ќе биде покриен./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецот

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, се обрати на меѓународната конференција „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“.

Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецот

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, се обрати на меѓународната конференција „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“, којашто се одржа на 22 октомври 2026 година во Приштина, по повод 17-годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Косово. Дел од делегацијата се судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер.

Костадиновски говореше во рамки на втората панел-сесија, на темата „Уставните судови, демократијата и владеењето на правото“, осврнувајќи се на улогата на уставното судство во заштитата на демократските вредности, институционалната рамнотежа и границите на уставносудската контрола. Во фокус на неговото обраќање е судскиот активизам како гарант за заштита на демократските вредности.

Костадиновски го истакна значењето на уставниот дијалог, меѓусебното почитување на надлежностите и аргументираното толкување на Уставот. Тој нагласи дека уставните судови мора да бидат доволно храбри да носат и непопуларни одлуки кога тоа го налага заштитата на уставните вредности, но истовремено и доволно воздржани за да не ја преземат улогата на законодавецот.

„Силен уставен суд не е оној што има најголема моќ, туку оној што има најголем авторитет да ја заштити уставноста“, истакна Костадиновски, посочувајќи на значењето на правната аргументација, доследноста, независноста и довербата во уставното судство, соопштуваат од Уставниот суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен тајфун се приближува кон Тајван- откажани се над 1.000 летови (ВИДЕО)

Тајфунот Чампи се приближува кон Тајван, каде што секојдневниот живот е речиси целосно запрен поради силната бура. 

Силен тајфун се приближува кон Тајван- откажани се над 1.000 летови (ВИДЕО)

Иако бурата ослабе, метеоролозите предупредуваат на екстремно силни ветрови и обилни дождови. Едно лице веќе почина, 94 се повредени, а речиси илјада летови се откажани, пишува Ројтерс.

Чампи во еден момент достигна сила на супертајфун и беше една од најсилните бури во Пацификот оваа година. Според податоците од Тајванската метеоролошка администрација (CWA), ветровите во неговиот центар достигнаа брзина до 191 километар на час.

Ветрови посилни од 150 километри на час

Метеоролозите предвидуваат дека тајфунот ќе помине веднаш покрај североисточниот брег на Тајван, потоа ќе се сврти кон кинескиот брег и ќе продолжи кон јужна Јапонија. На жителите на крајбрежните градови им се издадени предупредувања поради можни налети на ветер од над 150 километри на час. Тие беа повикани веднаш да побараат засолниште.

Бурата има радиус од околу 320 километри, што значи дека може да влијае на поголемиот дел од Тајван. Метеоролозите предупредуваат дека бурата може да трае два дена. Според досегашните податоци, едно лице загина во бурата, а 94 се повредени. Тајванските власти евакуираа речиси 1.300 луѓе од планинските подрачја поради опасноста што ја донесоа силните ветрови и обилните дождови.

Откажани се речиси илјада летови

Бурата сериозно го наруши воздушниот сообраќај. Министерството за транспорт на Тајван објави дека за петок се откажани сите 262 домашни летови и уште 717 меѓународни летови, или вкупно 979 летови. Тајван е вообичаено добро подготвен за тајфуни, поради што бројот на жртви во вакви бури е генерално мал, според Ројтерс. Иако тајфуните во областа се најчести во текот на летото, тие можат да го погодат островот и во есенските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Леќата на Маја

Во петок (16.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Маја Дукова

„Гответе со Дракче“ - Леќата на Маја

Состојки за денешниот рецепт:

1 чаша црвена леќа

4 моркови

1 пиперка

1 домат (или 3 - 4 лажици доматен сос)

1 главица кромид

2 - 3 чешниња лук

мало парче свеж ѓумбир

1 коцка за супа

1 конзерва кокосово млеко

1 лажица масло

сол, бибер, кари и др. зачини по избор

малку магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер