Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
2Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
Македонија Македонското небо ќе биде затворено за сообраќај на 20 и 24 октомври - контролорите на летање најавија штрајкНебото над Македонија на 20ти октомври ќе се затвори, како и секој понеделник после тоа, најавува синдикатот на М-НАВ. Причините за тоа се, како што вели Александар Тасевски од синдикатот, низа на неисполнети ветувања, особено спроведувањето на нова функционална анализа која треба да покаже што точно треба во навигацијата од системи, како и кои вработувања се потребни, наспроти партиските, вели тој, оти неопходен е квалитетен кадар. Во план им е, како што кажа Тасевски, да закажат уште еден посебен штрајк поради неисполнување на обврските околу колективниот договор. -Да се направи нова анализа, да се направат потребите на современите времиња, дали бара нови служби, поголем или помал број на вработени во тие служби и да знаеме утре до што треба да се придржуваме кога би требало да се распишува, ако треба да се распишува оглас за вработување и каков кадар треба. Ние бараме контролори на летање и инженери. Почнуваме со штрајк на 20 октомври за да не можат директорите да се дрзнат да го злоупотребуваат овој момент поради нивната неажурност, немање желба да направат нешто и да кажам неспособност да направат нешто, да го препишуваат дека е од партиски цели иако се овие барања и од времето на претходната владејачка гарнитура, сега само се пресликвуаат како недовршени ,- -Александар Тасевски – Синдикат на М-НАВ. Претседателот на УО и извршен директор на секторот за воздухопловна навигација – Владимир Ристевски за Канал 5 вели дека се она што е побарано е исполнето и работите се движат според барањата на синдикатот, обвинува за политичка позадина во дејствувањето на Тасевски, кој како што посочи, синдикатот го употребува во политички интереси. Вели, од УО ќе има обид за подобрување на односите. -Вработувањата се одобрени од Влада, но чекаат да помине изборниот процес со дел да се направи селекција и вработување на тие кадри, каде се пет инженери и шест контролори. За функционална анализа, која е побарана, е добиена согласност техничката спецификација се презицира и месецов би требало да се објави тендер што би ја изработила. Одлуката за штрајк му е донесена во 2023 година и врз база на таа одлука активира штрајк, а откако е донесена одлуката има потпишано колективен договор, па одлуката за штрајк е невалидна додека не се поднесе нова и соодветна согласно неговиот статут на работа во синдикатот. Што се однесува до колективниот договор, Ристевски вели дека било понудено да се даде три месечна награда од 15% за контролорите за да се премости периодот на изборите, па потоа да се влезе во преговори за истиот, што според него била најдобронамерна понуда на менаџментот. Тагови: МНАВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Правосудството му служи на Мицкоски за кампања. Законот не важи за сите! Артан Груби излегува од куќен притвор со факели, петарди и прослава.Ива Михаилова ја поминува границата, а системот не ја регистрира. Двата пасоши одземени, а сепак излегла. МВР вели нема евидентиран излез. Бугарската полиција вели евидентиран нема влез. Епа како? Полицијата во рацете на власта служи за гласање. Ништо друго. Safe City пуштен без закон кој ќе го контролира. Министерот рече дека имаат Пегазус софтвер и снимаат разговори на граѓани. Сè во партиски цели. Бодигардот на Мицкоски што тепа жени е пуштен. Не реагираа на пријави за семејно насилство што доведе до смрт на мајка и дете. Сериски убиец бил на слобода. Пет тони дрога преку граница, а опремата за царина се предава свечено. Мицкоски поставува обвинител на телевизија. Наредува од собраниска говорница и по телефон. ДКСК и обвинителството ги отфрлаат сите пријави за криминалните тендери. Извештајот на Европската комисија е катастрофален: мешање на Мицкоски во правосудниот систем. Обвинителите ги вика медиокритети. Народот талог и мочуриште. Се апсат за закани кон Мицкоски на социјалните мрежи. Обвинителството не реагира за напад на младите во Ново Село и заканите кон членови на партијата. Закон важи само кога има вперена камера. Не важи кога треба да се истражи касата, границата, тендерот. СДСМ не се меша во судството. Тоа го прави ВМРО-ОКГ. Бараме одговорност. Министерот да каже како излегла Михаилова. Како поминаа пет тони дрога. Зошто бодигардот е на слобода. Зошто пријавите за насилство не добија одговор. Зошто обвинителот работи преку телефон. Законот или важи за сите, или не важи за никого. Додека арамијата ја води бандата, правосудството е само театарска сцена. Власта ќе се врати во рацете на народот. Бандата ќе одговара. Пред независно судство и пред Лаура Ковеши. Се договорија, ја пуштија Ива Михаилова, па сега прават театар Зад грбот на народот, под маса, „под радарот“ се договорија со Бугарија и ја пуштија Ива Михаилова преку граница. Муцунски договорал, Панче ја пушти. А Мицкоски очигледно дал амин. Наместо одговорност од Тошковски сега народот гледа театар. Се повикува амбасадорот на Бугарија, се распишува потерница, се бара притвор, префрлаат одговорност на некој друг, се тера медиумска кампања, криви им се Филипче, Заев, СДСМ... Класични арамиски шеми. Секогаш кога се фатени живи како го лажат народот, како прават договори „под радар“. Ја пуштија да избега, чекаа да се појави на медиумите во Бугарија за потоа нивните медиуми, 40% под контрола на Орбан и Вучиќ да го почнат со театарот дома. Границата е швајцарско сирење, решето и за криминалци и за бегалци од правдата. Ова е договорено! И затоа мора да има одговорност. СДСМ бара одговорност од сите за кои ќе се утврди дека се вмешани во пуштањето на Михаилова. Од оние договарале и давале инструкции, до оние што постапувале или пропуштиле да постапат. Оставка од Панче Тошковски како министер што раководи со полицијата и со службите задолжени за контрола на границата. Граѓаните заслужуваат вистина и правда, државата заслужува институции што го спроведуваат законот. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураМФФ Киненова вечерва се отвора со „3 недели подоцна“ на режисерот Мирослав ТерзиќАко Киненова бара филмови што оставаат трага и продолжуваат да живеат во гледачот и по проекцијата, тогаш сметам дека филмот природно се вклопува во таа категорија.11. издание на МФФ Киненова свечено се отвора вечерва во киното „Фросина“ во МКЦ со филмот „3 недели подоцна“ на Мирослав Терзиќ. Станува збор за истакнат српски филмски режисер и сценарист, препознатлив по своите длабоки социјални и политички драми кои обработуваат тешки општествени теми. Неговиот најнов филм од 2026 година се работеше под работниот наслов „Екскурзија“ и претставува сурова и емотивна драма која се занимава со врсничкото насилство и тинејџерскиот суицид. Имаше светска премиера во главната натпреварувачка програма на 60. Филмски фестивал во Карлови Вари, каде ја освои престижната награда Europa Cinemas Label, а потоа беше прикажан и на Сараевскиот филмски фестивал. Голема чест е да се отвори фестивал кој слави храбар филмски јазик. Терзиќ ијави дека сака „да ја испровоцирате публиката и филмот да не биде заборавен пет минути по проекцијата“. На прашањето како оваа негова авторска цел се поклопува со мисијата на Киненова да прикажува филмови кои оставаат траен белег и будат општествена свест, Терзиќ вели: -Кога велам дека сакам да ја провоцирам публиката, не мислам на провокација заради самата провокација. Повеќе ме интересира филмот малку да ја наруши сигурноста со која влегуваме во приказната, за да нè натера да се преиспитаме за сопствената позиција и одговорност. Не сакам филмови што однапред му кажуваат на гледачот што да чувствува и каков заклучок да изведе. Ако Киненова бара филмови што оставаат трага и продолжуваат да живеат во гледачот и по проекцијата, тогаш сметам дека „3 недели подоцна“ (3 Weeks Later) природно се вклопува во таа категорија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
МакедонијаНатпревар за најдобри бизнис идеи кај средношколциКои средношколци ќе го освојат милионот? Започна натпреварот за најдобра бизнис-идеја?Средношколците од цела Македонија повторно имаат можност да освојат 1.000.000 денари за своја бизнис-идеја. Започна второто издание на натпреварот за најдобра бизнис-идеја на средношколци, во организација на Brainster Next College и NU High School Academy, а пријавувањето е отворено до 8 ноември на milioner.mk. Право на учество имаат сите средношколци од прва до четврта година, од државните и приватните средни училишта. Патот до милионот е следен: од сите пријавени бизнис-идеи на средношколците од Македонија, на 10 ноември ќе бидат објавени 120-те најдобри, по што започнува јавното онлајн гласање кое ќе трае до 25 ноември. Во истиот период ќе бидат организирани и седум менторски работилници, на кои учесниците ќе добијат практични совети за развојот на своите идеи. На 25 ноември ќе бидат избрани 50-те најдобри тимови, кои на 28 ноември ќе имаат само 90 секунди за да ги убедат инвеститорите во потенцијалот на својата идеја, преку форматот познат како elevator pitch. Од нив ќе бидат избрани 20-те најдобри тимови кои ќе продолжат во големото финале. На 29 ноември финалистите ќе имаат по пет минути за презентација и уште пет минути за прашања од инвеститорите и жирито, по што ќе биде прогласена победничката идеја што ќе ја освои наградата од 1.000.000 денари влог во идејата. Пред десет години некој вложил милион во неговата идеја. Денес тој вложува милион во идеите на средношколците. Приказната за натпреварот започнува многу пред неговото прво издание. Пред десетина години, Петар Ниновски, основачот на Brainster, бил млад претприемач со големи амбиции, но и со неизвесност дали ќе успее. Зад себе веќе имал неколку претприемачки обиди, од препродажба на концертни билети до бизнис со накит, кој по неуспешниот почеток во Црна Гора го продолжил во Охрид. Но пресудниот момент дошол кога група бизнис-ангели поверувале во неговата визија за создавање на подобро образование и му дале почетна инвестиција од еден милион денари. Со тие средства Ниновски го започнал Brainster, кој во следните години прерасна во образовна групација што обучува илјадници луѓе, создава работни места и развива нови и иновативни образовни програми, а денес е и лидер во Македонија на полето на вештачката или супер интелигенција. „Пред 10 години некој веруваше во мене, денес ние веруваме во младите и идеите кои носат подобра иднина“, вели Ниновски. Тројца битолчани покажаа дека милионот не е само сон Минатогодишното издание на натпреварот покажа дека во Македонија постои огромен претприемачки потенцијал кај младите. Во конкуренција на стотици пријавени тимови, победата ја однесоа тројца средношколци од Битола – Јован Талевски, Иван Секуловски и Марио Рабаџиевски, со тимот Stay BE и бизнис-идејата „Систем 4“. Нивното решение користи вештачка интелигенција за подобрување на работењето на хотели и ресторани, преку телефонски агенти, чет-асистенти и други дигитални услуги. Тие не понудија само идеја на хартија, туку реално бизнис-решение со потенцијал за развој и ширење на пазарот. За тоа освоија 1.000.000 денари, а нивниот проект привлече и дополнителен интерес од инвеститори. Инвестициска понуда доби и второпласираниот тим „ПаметПакет“. Целта е поголема од милионот Целта на натпреварот е да го поттикне претприемачкиот дух кај младите, да ги охрабри да размислуваат креативно, да препознаваат можности таму каде што другите гледаат проблеми и да научат дека за успешен бизнис не е пресудна возраста, туку идејата, знаењето и иницијативата. Во наредниот период се предвидени и презентации во средните училишта низ Македонија во координација со надлежните образовни институции, со цел што повеќе средношколци непосредно да се запознаат со можностите што ги нуди натпреварот. Минатогодишните победници покажаа дека средношколските години можат да бидат вистинскиот момент за развивање на претприемачките способности, а идеите што денес се раѓаат во училишните клупи утре можат да прераснат во успешни компании. Токму затоа, организаторите ги охрабруваат средношколците од цела Македонија да ја искористат можноста, самостојно или заедно со своите соученици да развијат бизнис-идеја и да ја пријават на натпреварот. Не е неопходно да имаат готов производ или веќе основана компанија, туку идеја во чиј потенцијал веруваат и подготвеност да работат на нејзиното развивање. Пријавувањето е отворено до 8 ноември 2026 година на milioner.mk , а на 29 ноември ќе дознаеме во кое средно училиште ќе заврши следниот милион.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook