МП: Утре од местото каде што се роди идеалот за слобода: Обединети за праведна, еднаква и успешна Република!
1МП: Утре од местото каде што се роди идеалот за слобода: Обединети за праведна, еднаква и успешна Република!
Итно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“
2Итно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“
Македонија„Македонскиот учесник на „Евровизија“ е бугарски државјанин“ јавуваат медиуми од БугаријаПред неколку седмици „преговарачот“ Бучковски, ни ја „смести“ Бугарската Државна Телевизија на која се емитуваат антимакедонски документарци, а сега ние си даваме „гол со пета“, што би кажал покојниот Амди БајрамБугарската Национална ТВ, која ни ја „договори“ да се реемитува во Македонија од страна на екс премиерот Бучковски, при тоа не доби гаранции дека сателистскиот канал на МРТ ќе добие реципроцитет во Бугарија, ниту пак му паднало на памет да провери зошто Канал 5 и другите македонски приватни национални станици, членки на асоцијацијата ММА , нелегално се реемитуваат во Бугарија, ниту пак да реагира на страшниот говор на омраза експониран од страна на бугарски граѓани ( тука не го вбројуваме нашиот „двостран“ Евровизиски претставник - Васил Гавранлиев ) - како да „повлече нога“. Сега Бугарите доживуваат патриотска „екстаза“ и сериозен потсмев ( кој најверојатно и си го заслужуваме во овој случај ) па нивните портали, вклучително и оној на Бугарска национална телевизија - БНТ, телевизија која ни ја „смести“ Бучковски, се преполни со наслови дека - во некоја рака Бугарија годинава ќе си има двајца претставници на Евросонг. Да се разбереме, не е проблем што Васил Гавранлиев има и Бугарско државјанство , затоа што „Струмица била блиску до Бугарија“, момчето не повредува ниту еден од позитивните законски прописи во Македонија. Но етичкии проблем дефинитивно постои. Зарем мораше ова момче , токму во ова време на најтешките напади кои доаѓаат од лажните ни „браќа“, или што би рекол премиерот Заев - лажни татковци , да биде претставник на Македонија ? Зарем мораше да имаме претставник кој има државјанство на земја која тврди дека сме измислена нација со измислен јазик, и која не дозволува да започнеме преговори со ЕУ? Има ли „маж“ во Македонија, кој ќе го анулира овој во некоја рака за нас, срам? Што ако победи Васил Гавранлиев ? Бугарите ќе имаат сосема легитимно „право“ наредниот Евросонг да го славиме, пардон, да го организираме заеднички. Еден од бугарските портали , повикувајќи се на Бугарската државна ТВ вели: „Македонскиот претставник за „Евровизија“ Васил Гарванлиев, кој веќе ја испровоцира јавноста во својата татковина со боите на бугарското знаме во своето видео за натпреварот, е бугарски државјанин. Тој ова ГОРДО го призна во едно ТВ-интервју во кое зборуваше на англиски јазик, пренесува БНТ. “ Quo vadis Macedonia, Quo vadis Mr. Buchkovski? „Вториот“ претставник на Бугарија на Евросонг ќе биде бугарска пејачка Викторија Георгијева. Погледнете ги скриншотовите од бугарските портали и интервјуто со „гордиот“ Бугарин според бугарската државна телевизија и портали , инаку македонски претставник на годинешниов Евросонг. Интервјуто на Васил Гарванлиев кое датира од пред една година Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Хајди Клум повторно провоцираЛегендарната манекенка и топ модел Хајди Клум повторно ги воодушеви фановите со фотки во бикини коие се чиста провокација. Летото е во полн ек, што значи дека Хајди Клум сè уште има време да ги покаже различните модели на костими за капење што ги подготвила за ова лето. Појавувањето на фаталната русокоса е чиста провокација, градите ќе и излетаат од бикинито. Позната по своите заводливи облини и по тоа што нема проблем да се разголи пред своите обожаватели, манекенката Хајди Клум повторно го почести светот со жешки летни фотографии. Неодамна беше фотографирана на островот Сент Бартелеми, а благо кажано, со своето издание таа ја разгори фантазијата на многумина. За време на фотографирањето, познатата убавица носеше бикини што едвај ги покриваше нејзините интимни делови, особено бујните гради кои се закануваа дека ќе „изѕирнат“ од горниот дел на овој провокативен костим за капење. За време на снимањето, славната убавица носеше бикини што едвај ги покриваше нејзините интимни делови, особено бујните гради кои се закануваа дека ќе „изѕирнат“ од горниот дел на овој провокативен костим за капење. Фотографиите се проширија на социјалните мрежи со брзината на светлината, а јавноста имаше можност да ужива во заводливите облини на славниот топ-модел од 90-тите.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео: Снимател доби отказ поради неа! Винифер Фернандез долги години важи за една од најубавите и најатрактивни спортистки на светот. Но, таа исчезна преку ноќ: Каде е и што прави најубавата одбојкарка на светот? Во изминатите осум години, познатото видео од потезите на Винифер Фернандез на YouTube собра дури 15 милиони прегледи. Ретко кој не ги видел нејзините фотографии што го преплавија интернетот во 2016 година. Таа се најде на насловните страници ширум светот, многумина ја прогласија за најубава, односно најатрактивна одбојкарка на планетата, а потоа речиси преку ноќ исчезна од центарот на вниманието. Во изминатите осум години, познатото видео со нејзините потези на YouTube собра дури 15 милиони прегледи. Винифер Марија Фернандез (30), одбојкарка од Доминиканската Република, во тој период важеше за една од најпопуларните спортистки во светот. Речиси и да немаше човек што не ги виде нејзините фотографии кои ги преплавија социјалните мрежи и интернетот, но потоа таа одеднаш исчезна од очите на јавноста. Последниот клуб за кој настапуваше беше „Карибењас“, а со години беше една од најголемите ѕвезди на репрезентацијата на Доминиканската Република. Иако денес не е толку присутна во медиумите како порано, на Инстаграм ја следат повеќе од 65.000 луѓе. Винифер е висока 169 сантиметри и тешка 62 килограми, а додека играше на Куба, се случи интересна анегдота според која еден снимател наводно добил отказ бидејќи, наместо да го сними одлучувачкиот поен во натпреварот, ја насочил камерата кон младата Винифер Фернандез.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамПрвиот електричен Ferrari е веќе целосно распродаденПрвиот целосно електричен модел на Ferrari, Luce, можеби не ги освои симпатиите на љубителите на автомобили на социјалните мрежи, но тоа не ги спречи купувачите да резервираат речиси секој планиран примерок. Иако моделот се соочи со критики во врска со дизајнот и преминот на Ferrari кон електричен погон, првичната серија на производство е веќе целосно распродадена. Ова потврдува дека јавното мислење не секогаш се совпаѓа со желбите на купувачите кои можат да си дозволат огромни суми за ексклузивни автомобили. Повикувајќи се на два извори запознаени со плановите на компанијата, Financial Times известува дека Ferrari планирало да продаде нешто помалку од 500 примероци од моделот Luce во текот на првата година, пренесува Računalo.com. Според извештаите, целата планирана серија на производство за првата година била распродадена уште на почетокот на овој месец, и покрај почетната цена од 550.000 евра (без данок). Иако Ferrari ги демантираше тврдењата дека купувачите мора да го нарачаат моделот „Luce“ за да го задржат својот привилегиран статус кај брендот, многумина сметаат дека овој фактор можеби придонел за големата побарувачка. Наводно, од дилерите било побарано да не вршат притисок врз долгогодишните колекционери на Ferrari да го купат „Luce“, туку да се фокусираат на нови купувачи – особено на богати клиенти во Кина и во технолошките центри како Силиконската долина, каде што електричните автомобили веќе се широко прифатени. Се чини дека оваа стратегија дава резултати. Според „Фајненшл тајмс“ (Financial Times), Ferrari планира да продаде приближно 2.500 примероци од моделот „Luce“ до 2030 година, што изнесува околу 600 возила годишно.Тагови: ферари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter