„Македониум“: Борбата за образование на македонски јазик во Голо Брдо, Албанија - Канал 5

„Македониум“: Борбата за образование на македонски јазик во Голо Брдо, Албанија

Во годините по Втората светска војна, од 1945 до 1948 година, македонското население во Голо Брдо го ужива правото да се школува на својот мајчин македонски јазик. 

„Македониум“: Борбата за образование на македонски јазик во Голо Брдо, Албанија

Живописниот регион Голо Брдо во Албанија има богата историја, обележана со борбите и аспирациите на македонската заедница да го зачува својот културен и јазичен идентитет, оценува Васил Стерјовски, еден од најголемите поборници за правата на Македонците во Албанија, за весникот „Македониум".

-Во годините по Втората светска војна, од 1945 до 1948 година, македонското население во Голо Брдо го ужива правото да се школува на својот мајчин македонски јазик. После 1948 година на Македонците во оваа област им се забранува да го изучуваат македонскиот јазик додека тоа право продолжуваат да го користат Македонците во областа на Мала Преспа и селото Врбник во Деволската област, додава Стерјовски.

По политичките промени во Албанија, особено по падот на комунистичкиот режим во раните 1990-ти, македонската заедница во Голо Брдо почна да бара враќање на правото на образование на својот мајчин јазик. И покрај нивните непоколебливи напори, ова основно право останува нереализирано.

- Во изминатите три децении, македонската заедница во Голо Брдо, која албанската држава официјално не ја признава како македонска, презеде неколку иницијативи за промоција на македонскиот јазик. Овие напори вклучуваа организирање на курсеви по македонски јазик за македонските деца. Сепак, овие македонски курсеви се соочија со забрани и ограничувања наметнати од албанските власти, посочува Стерјовски.

Според него, крај организирањето на македонски курсеви, родителите во Голо Брдо поднесоа и петиции до албанската влада со барање за изучување на македонскиот јазик во формалниот образовен систем.

За жал, додава, овие петиции постојано се одбиваат што дополнително ја зголемува фрустрацијата и разочарувањето на македонската заедница.

- Маките на Македонците во Голо Брдо и нивната борба за основни човекови права не останаа незабележани од меѓународните организации за човекови права. Специјалниот извештај на Народниот правобранител на Албанија за правата на малцинствата во 2014 година и мониторинг извештаите на Советодавниот комитет на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства ги истакнаа овие прекршувања на основните човекови права, нагласува Стерјовски.

Сепак, вели тој, и покрај одминувањето на времето и напорите на бројни поединци и организации кои се залагаат за промени, на Македонците во Голо Брдо и понатаму им се ускратува можноста да го изучуваат својот мајчин македонски јазик.

Исто така оценува дека политиките кои датираат од комунистичката ера, со кои „се настојуваше да се минимизира македонската заедница во одредени области во Албанија, опстојуваат и денес".

- Борбата за образование на македонски јазик во Голо Брдо е далеку од завршена. Македонската заедница во овој регион останува цврста во заложбите за зачувување на нивното културно и јазично наследство и продолжуваат да повикуваат на признавање на нивните основни човекови права. Приказната за Голо Брдо е сведоштво за трајниот дух на македонската заедница решена да ги заштити својот македонски идентитет и јазик, констатира Стерјовски во написот под наслов „Борбата за образование на македонски јазик во Голо Брдо, Албанија".

Прашањето за образование на мајчин македонски јазик Стерјовски, кој е лидер на единствената македонска партија во Албанија, МАЕИ, го актуелизираше и во албанскиот парламент во својство на пратеник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лошо второ полувреме за нов пораз на најдобрите фудбалери во Лигата на нации

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија и покрај осумте нови фудбалери во однос на лошата премиера против Швајцарија, синоќа го доживеа и вториот пораз во новото издание на Лигата на нации. 

Лошо второ полувреме за нов пораз на најдобрите фудбалери во Лигата на нации

На гостувањето во Љубљана по лошото второ полувреме, Словенија славеше со 2-0 .

Избраниците на Гоце Седлоски имаа рамноправно прво полувреме, но повторно останаа без реализација. Словенците го скршија нашиот отпор во вториот дел, постигнаа два гола и стигнаа до победа и три бода.

Седлоски направи дури осум промениво стартниот состав во однос на дуелот со Швајцарија. Македонија добро се постави на теренот и во најголемиот дел од првото полувреме успеваше да му парира на домаќинот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава

Вршителот на должноста шеф во амбасадата на Македонија во Софија вчера  бил повикан во министерството за надворешни работи на Бугарија откако на пратеник во бугараскиот парламент  не му бил дозволен влез во земјава.

Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник  не му бил дозволен влез во земјава

Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на бугарското МНР, пишува дека на пратеникот и претседател на парламентарниот комитет за бугарите во странство, Ангел Георгиев на 27 септември не му било дозволено да влезе во Македонија.

Според наведеното, Георгиев како член на бугарска парламентарна делегација требало да присуствува на рочиште од судскиот процес што во Основниот суд во Кочани се води против Ива Михаилова, закажано за следниот ден .

За време на средбата, бугарското министерство за надворешни работи побарало објаснување за причините за одбивањето на надлежните македонски власти да дозволат пратеникот да ја премине границата, особено имајќи го предвид тоа што Георгиев во претходните месеци непречено влегувал во Македонија за истата цел.

Од бугарското МНР велат дека јасно изјавиле оти преземените дејствија од македонска страна ги сметаат за провокативни.

Инаку, на Ива Михаилова ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи минатата година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МАНУ ја промовираше книгата на акад. Таки Фити „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“

На 29 септември 2026 година, во Свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите, се одржа промоција на книгата на акад. Таки Фити, со наслов „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“.

МАНУ ја промовираше книгата на акад. Таки Фити „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“

Книгата претставува опстојна студија за неолибералните економски модели што доминираат во современиот свет, со посебен фокус врз факторите што го детерминираа подемот на неолибералната економска филозофија, причините за нејзината криза и новите економско-филозофски размисли за изградба на прогресивно и поправедно општество.

Во книгата, во посебна глава е даден опсежен осврт на карактеристиките на македонскиот економски модел и на основните сегменти во кои тој отстапува од стандардите на економските модели на развиените земји, како и на можните пристапи за разрешување на проблемите.

На промоцијата, на присутните им се обрати акад. Владо Камбовски, уредник на изданието, а за содржината на книгата и за препораките што произлегуваат од неа говореше проф. д-р Владимир Филиповски од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, од Економскиот факултет во Скопје. На крајот на настанот, свое обраќање одржа и авторот на книгата, акад. Таки Фити.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер