Започнаа тридневните парламентарни избори во Русија- на гласачкото ливче исклучиво поддржувачи на Путин
1Започнаа тридневните парламентарни избори во Русија- на гласачкото ливче исклучиво поддржувачи на Путин
Македонија„Македонија 2025“ објави повик за користење бесплатна експертска поддршка од канадски советници„Македонија 2025“ целосно ја покрива тарифата за советникот, како и доаѓањето до Македонија, а компаниите имаат обврска да обезбедат сместување, оброци и локален транспорт за советникот (доколку е потребно). Македонија2025 објави повик за Битов - Програмата за претприемачи, која е основана во соработка со Catalyste+ (поранешна CESO - Canadian Executive Service Organization) - канадска организација со 50-годишнo искуство во меѓународниот економски развој, што работи на развој на приватниот сектор, односно бизниси што ќе просперираат на национално и меѓународно ниво. Повикот е наменет за македонски микро, мали и средни компании за користење бесплатна експертска поддршка од канадски советници, а краен рок за пријавување е 15 март 2026 година. „Македонија 2025“ целосно ја покрива тарифата за советникот, како и доаѓањето до Македонија, а компаниите имаат обврска да обезбедат сместување, оброци и локален транспорт за советникот (доколку е потребно). Програмата е наменета за микро, мали и средни компании со минимум една година од постоење на компанијата, чиј сопственик и управител е македонски државјанин и жител; да има лице од компанијата што ќе му биде постојано достапно на консултантот, најтесно ќе соработува со него за време на посетата и има добро познавање на англиски јазик; да има високо ниво на посветеност од страна на менаџментот на компанијата; да е во добра финансиска состојба (има можност за спроведување на промените и препораките од консултантот); да ги исполнуваат критериумите за микро, мали и средни компании. Во повикот се бара компаниите да бидат од дејностите: туризам и угостителство, финансии, агробизнис, ИКТ, менаџмент на природни ресурси, обновливи извори на енергија, прехранбена индустрија итн., а предност ќе имаат компании што се извозно ориентирани и нудат иновативни решенија. - „Македонија 2025“ има заедничка мисија со Catalyste+ да влијае на подобрување и зајакување на конкурентноста на македонските компании и ја спроведува оваа програма во Македонија од 2018 година. Досега преку оваа програма се поддржани над 30 македонски компании. Советниците на Catalyste+, кои се професионалци со богати професионални кариери, ќе ја донесат својата експертиза директно во Македонија и ќе работат на конкретни предизвици со кои се соочуваат македонските компании во согласност со нивните барања и потреби - се прецизира во објавата од „Македонија 2025“ за повикот. Тагови: Македонија2025 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗапочнаа тридневните парламентарни избори во Русија- на гласачкото ливче исклучиво поддржувачи на ПутинЗапочна гласањето на тридневните парламентарни избори во Русија, кои Путин ги окарактеризираше како барометар за поддршката на војната против Украина.Ова се првите парламентарни избори откако Русија ја започна целосната инвазија врз Украина во февруари 2022, а гласањето, кое ќе го одреди составот на Долниот дом на парламентот, државната Дума, се очекува да ја потврди доминација на владејачката партија „Единствена Русија“ во строго контролираниот руски политички систем. На опозицијата ѝ е забрането да учествува, а повеќето антивоени кандидати беа исклучени од гласачкото ливче откако Врховниот суд пресуди дека либералната партија ,,Јаблоко“ ги прекршила изборните правила. Во телевизиско обраќање до нацијата пред изборите, Путин рече дека гласањето ќе помогне да се обезбеди победата на Русија во Украина и да се демонстрира национална решителност наспроти надворешниот притисок. Кремљ вели дека националното единство е од витално значење поради сè поопасните напори на украинските разузнавачки служби и други непријатели да предизвикаат немири во Русија. Гласањето се одржува во време кога анкетите на јавното мислење покажуваат дека некои Руси станале позагрижени за тоа како конфликтот влијае врз нив. Економијата е под притисок, а некои делови од земјата се соочуваат со недостиг на гориво предизвикан од украинските напади со беспилотни летала.изборите првпат ќе се одржат и во окупираните делови на украинските региони.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Коста Трпков“ во знакот на 60 години ФМУ – младите оперски надежи блеснаа на сцената на НОБНа 15 септември, во присуство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, се одржа свечениот гала концерт „Млади оперски надежи – Коста Трпков“, посветен на 60-годишниот јубилеј на ФМУ.Големата сцена на Националната опера и балет на 15 септември беше исполнета со прекрасни вокални интерпретации, емоции и млади музички таленти на традиционалниот гала концерт „Млади оперски надежи – Коста Трпков“, кој годинава се одржа во рамките на одбележувањето на големиот јубилеј – 60 години од основањето на Факултетот за музичка уметност – Скопје. Свеченоста ја збогати и присуството на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, а настанот собра значајни гости од музичкиот и културниот живот. Концертот понуди богата програма со дела од Леонкавало, Моцарт, Верди, Масне, Чилеа, Маскањи, Дворжак, Пучини, Лехар и Гуно, во која настапија студенти, магистранти и професори од класите по соло пеење на ФМУ. Вечерта ја отвори проф. Д-р Горан Начевски со Прологот од операта „Паљачи“ на Руджеро Леонкавало, по што следуваше Моцартовата „Свадбата на Фигаро“ со настапите на Ангела Стојанова, Олја Алексовска и Суарта Мемети, од класата на доц. М-р Иван Наумовски, како и Фјола Лецај, од класата на проф. М-р Весна Ѓиновска-Илкова. Публиката уживаше и во моќните интерпретации на Теодора Пејиќ и Леотрим Зејнула, магистранти од класата на проф. Д-р Горан Начевски, како и во настапите на останатите млади уметници кои ја донесоа богатата програма на јубилејниот концерт. Еден од моментите кои особено ја одбележаа вечерта беше настапот на Иван Наумовски, кој покрај својата солистичка точка со аријата на Хомонај од „Циганскиот барон“ на Јохан Штраус, сцената ја сподели и со својата студентка Анастасија Славковска, студентка во четврта година во неговата класа. Двајцата го изведоа познатиот Моцартов дует „Là ci darem la mano“ од операта „Дон Џовани“ – изведба која беше моќна, впечатлива и полна со емоции, со одлична вокална интеракција и силна сценска енергија. Двајцата создадоа динамичен сценски дијалог кој беше меѓу запаметливите моменти од вечерта. Анастасија, пак, во текот на концертот настапи и со аријата „Io son l’umile ancella“ од операта „Адријана Лекуврер“ на Франческо Чилеа, покажувајќи сигурност, вокална зрелост и сценска присутност. Младата сопранистка привлече внимание и со својот сценски изглед. За свечениот настап Анастасија блесна во елегантна креација од Елена Лука, која совршено се вклопи во гала-амбиентот на Националната опера и балет. Софистицираниот сценски изглед го заокружи нејзиното појавување и дополнително ја истакна младата уметница под светлата на големата сцена. На сцената се претставија и други млади пејачи од класите на Горан Начевски и Весна Ѓиновска-Илкова, продолжувајќи ја традицијата на концертот „Коста Трпков“ како сцена на која студентите ги покажуваат своите вокални можности пред професионалната публика. Целата вечер беше водена од сигурната рака на маестра Бисера Чадловска, а оркестарот на Националната опера и балет им даде професионална музичка поддршка на младите солисти. „Коста Трпков“ и оваа година покажа дека е една од значајните сцени на кои младите пејачи добиваат можност своето знаење стекнато на ФМУ да го претстават пред голема публика – во друштво на своите професори и со поддршка на професионалниот оркестар на Националната опера и балет. Јубилејното издание беше уште една свечена потврда на шестдецениската приказна на ФМУ – Скопје, институција која со генерации создава музичари и уметници и остава трага врз македонскиот музички и оперски живот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаШокантен инцидент во Италија: Ученик избоде наставничкаСе обидел да го пренесува нападот во живо на социјалните мрежи.Според неименувани извори, ученик во средно училиште во римската населба Ченточеле денес испрскал наставничка во лицето со спреј-бибер, а потоа ја избодел. Наставничката добила итна медицинска помош. Иако нејзиниот живот не е во опасност, таа претрпела шок, наведуваат изворите, а пренесува агенцијата „ANSA“. 🔵#Roma Un 13enne ha accoltellato una insegnante, dopo averle spruzzato uno spray urticante. Il ragazzino avrebbe tentato di filmare la scena attraverso una videochiamata in diretta. A fermare l’aggressione un compagno di classe. pic.twitter.com/yXVh1Ab4d0 — Rai Radio1 (@Radio1Rai) September 18, 2026 Напаѓачот, 13-годишно момче, се обидел да го пренесува нападот во живо преку својот мобилен телефон, користејќи ја апликацијата „Телеграм“. Според изворите, друг ученик го спречил нападот. Извор: Б92Тагови: Италија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29