Кос најави нови правила за проширување на ЕУ – постепена интеграција, построги проверки и нова методологија
1Кос најави нови правила за проширување на ЕУ – постепена интеграција, построги проверки и нова методологија
3Владата донесе одлука од денеска до 30 септември трговците да ги намалат цените за 10 до 15 проценти за училишниот прибор
1.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
11.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
Забава„Мајска сесија – Дојди да се преслушаме“ концерт на платото пред УКИМ по повод Денот на Европа Концерт со наслов „Мајска сесија – Дојди да се преслушаме“, ќе се одржи вечер на платото пред Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје како централен настан на Јуроп хаус по повод "Денот на Европа 2024".Концертот ќе претставува автентично музичко патување низ историјата на домашната рок и поп-антологија. На концертот, со наслов „Мајска сесија – Дојди да се преслушаме“, старите познати рефрени ќе бидат изведени од актуелните изведувачи „Фанк шуи“, „Пијан славеј“, Дина Јашари, диџеј Гоце и ЛД Пистолеро, „Sethsat“ со Марија Каева и „Ретро кабаре“, кои ќе свират свои аранжмани на песните, како одговор на едно друго време. Концертот е најавен како севкупно мултимедијално искуство, низ кое како домаќин публиката ќе ја води познатиот радиоводител Драган Б. Костиќ. Освен музичкиот спој на старото и новото во формат на „радиошоу во живо“, за публиката ќе бидат достапни и други содржини на платото на УКИМ – мини-саем на книги, поп-ап продавница за винили и др. Воедно, се најавува дека другите Јуроп хаус од мрежата ќе бидат домаќини на богати културни настани, не само во своите градови туку и пошироко во регионот. Во Битола, програмата под мотото „Ние сме тука, кај си ти?“ почна на 9 мај со осветлување на Саат-кулата, а заврши на 18 мај со изложба и настап на грчкиот диџеј Архитект во Пациото на Музејот во Битола. Во Струга, на 30 мај, под мотото „Слушај природа!“ се планира целодневна програма што вклучува откривање на нов мурал во градот, проследено со музичко-светлосен перформанс во струшкиот Парк на поезијата. Во организација на Јуроп хаус Крива Паланка, настани се планираат и во Кратово и Куманово, а главните активности се случија на 20 мај со цртање мурал во пиксел формат „Прозорот на единството“, како и концерт на групата „Фолтин“. На 28 мај, Јуроп хаус Струмица ќе го претстави биодиверзитетот на регионот преку изложба во Дојран, а на 30 мај во Гевгелија планиран е и „Концерт рок-симфонија“ во изведба на Битолскиот камерен оркестар. Јуроп хаус Велес е домаќин на интересен настан на 27 мај, кога ќе се промовираат локални винарници од вардарскиот регион и вина на земји-членки на Европската унија, нудејќи дегустации, жива музика и промоција на традициите и иновациите во семејни винарници. Europe House (поранешен ЕУ Инфо центар) е основана од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија со цел да овозможи значително зголемување на учеството на младите во процесите на одлучување и креирање содржини од различни сфери кои ги негуваат европските идеали. Во мрежата на Јуроп хаус покрај центарот во Скопје „како места за новата генерација“, влегуваат и центрите отворени во Велес, Битола, Струмица и во Крива Паланка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаКос најави нови правила за проширување на ЕУ – постепена интеграција, построги проверки и нова методологијаСветот се промени, а проширувањето мора да се промени со него. Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, ги претстави клучните елементи за сеопфатната реформа за проширување, која треба да биде усвоена на 30-ти септември. Планот кој Кос го презентирала на Конференцијата на амбасадори во Загреб, а чија содржина писмено ја објави Европската Комисија предвидува постепена итеграција, построги проверки на земјите кандидати и нова методологија. За Кос за да им се каже добредојде на нови членки, клучно е да се постигне консенсуз за четири столба, внатрешни реформи, демократски заштитни мерки, методологија на проширување и транзициски мерки. Во говорот на Кос доминираат прашањета како Унијата да се заштити од можноста една земја да ги блокира сите други или да отстапи од демократските стандарди, како искуствата со Унгарија, што сугерира на идејата новите земји членки одреден период да немаат право на вето. -Мора да бараме поамбициозни начини за постепена интеграција. Но, Прво треба да го разбереме влијанието што новодојденците можат да го имаат. А кога влијанието може да биде штетно за нашите земји-членки, мора да дејствуваме за да ги заштитиме нивните интереси. Мора да се осигураме дека нема да дозволиме да влезат тројански коњи. Ниту денес, ниту за 10 или 20 години од сега. , изјавила Кос во Загреб. Во мисија на која треба да ги чуе ставовите на сите земји членки и за проширувањето, денеска тргна првиот човек на Европскиот Совет, Антонио Кошта на таканаречената „тура низ главните градови“, на која во наредните недели ќе се сретне со лидерите на сите земји членки. Прва дестинација му беше Братислава и средба со словачкиот премиер Фицо. Поддршката за Западен Балкан, Молдавија и Украина на нивниот пат до членство во ЕУ е инвестиција во Европската, но и словачката безбедност и просперитет. Ние треба да продолжиме да работиме со кандидатите врз основа на процес на заслуги и почитувајќи ги сите подеднакво. , изјави Антонио Кошта, претседател на Европскиот Совет Во изминатиот период на маса беа ставени неколку нон пејпери, како постепено членство со одредени бенефити, пристап до единствениот европски пазар и статус на привилегиран набљудувач, во кој многумина препознаа членство од втор ред.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
МакедонијаЈанчев: Кружниот тек на Северен булевар во завршна фаза [☑️]Кружниот тек на Северен булевар во завршна фаза [☑️], објави на Фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Денес на кружниот тек на Северен Булевар се реализираа завршните активности – се обележуваше хоризонталната сообраќајна сигнализација и се поставуваа сообраќајните знаци. Со асфалтирани 5.300 м², проектот е во својата финална фаза и наскоро кружниот тек ќе биде целосно ставен во функција. Продолжуваме со работа до целосна реализација! [🏗️], стои во објавата на првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
МакедонијаВладата донесе одлука од денеска до 30 септември трговците да ги намалат цените за 10 до 15 проценти за училишниот приборВо пресрет на почетокот на учебната година, владата донесе одлука од денеска до 30 септември трговците да ги намалат цените за 10 до 15 проценти за училишниот прибор.Дополнително трговците се задолжуваат покрај новата, на производите да ја прикажат и старата цена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook