Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
1Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
2Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
3 Најлоша причина за влегување во врска: „Се заљубив во неговиот потенцијал, а тоа беше само мојата проекција“
Технологија„Мајкрософт“ воведува агрегатор за видеоигри„Мајкрософт“ (Microsoft) воведува нова агрегатор-видеотека во рамките на својата „Икс-Бокс“ компјутерска апликација ('Xbox PC') за оперативниот систем „Виндоус“ (Windows).Ажурираната апликација сега ќе прикажува игри од „Стим“ (Steam), „Бетл“ (Battle) и други виртуелни продавници за видеоигри за персонален компјутер. Тоа ја прави апликација огромен извор на игри за компјутер. Американската компанија ја тестираше новата видеотека последниве неколку месеци со група избрани корисници, но сега е достапна за сите корисници на „Икс-Бокс“ компјутерската апликација. Таа е првенствено направена за новото „Икс-Бокс“ искуство на цел екран, коешто ќе биде достапно и на „Икс-Бокс алај“ (Xbox Ally) уредите и на обичен компјутер. - Кога инсталирате игра од поддржана ПЦ-продавница, таа автоматски се појавува во делот „Моја библиотека“ (My Library) во рамките на „Икс-Бокс“ компјутерската апликација, како и во списокот „Најнови“ (Most Recent) наслови во страничната лента, за да можете да се вратите на вашите омилени игри само со еден клик, објасни потпретседателот во „Мајкрософт“ - Џејсон Бомонт. Подоцна овој месец, компанијата ќе додаде и игри што може да се играат во облак и историја на игри во апликацијата. - Откако оваа функција ќе биде пуштена во употреба, побарајте ја листата „Врати се во игра“ (Jump back in) на почетниот екран на Вашата конзола, компјутер или преносна опрема за да ја пронајдете Вашата неодамнешна историја на игри и да продолжите таму каде што сте застанале, рече Бомонт. Меѓу новитететите е и делот „Мои апликации“ (My Apps), којшто им овозможува на гејмерите брзо да инсталираат и стартуваат апликации од трети страни како што се прелистувачи, алатки за игри и конкурентски продавници за видеоигри. И оваа нова функција е првично направена за преносни уреди, со цел преземање игри од повеќе продавници.Тагови: видеоигри Мајкрософт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Демократски сојуз: Бегството на Ива Михајлова бара итна истрага и одговорностДемократскиот сојуз бара итно утврдување на одговорноста за бегството на Ива Михајлова, откривање на евентуалните помагачи и кривична одговорност за сите лица за кои ќе се утврди дека го организирале или овозможиле.Михајлова беше обвинета за учество во сообраќајна несреќа со смртни последици, а со бегството стана недостапна за правосудните органи. Правдата мора да биде еднаква за сите, без привилегии и недопирливи поединци. Бараме МВР, Царинската управа и Јавното обвинителство да утврдат како било можно таа да ја напушти државата и дали во тоа учествувале или потфрлиле полициски и царински службеници. Особено загрижува што бегството се случило во моментот кога беше прифатена можноста нејзината здравствена состојба да биде проценета и од бугарски лекари. Ова отвора сомнежи дали целта била да се избегне независна медицинска процена, која можеше да даде одговор на прашањето дали нејзината состојба навистина била животозагрозувачка и дали претходните судски одлуки биле оправдани. Мора да се испита и улогата на адвокатот, вклучително и неговите наводи за постоење помагачи, како и да се утврди како Михајлова успеала да побегне и покрај мерките за ограничување на движењето и одземените бугарски и македонски пасоши. Доколку се утврди дека адвокатот учествувал во организирањето или овозможувањето на бегството, бараме да понесе соодветна кривична одговорност, согласно законот. Адвокатската професија не смее да биде заштита за незаконски дејствија. Демократскиот сојуз бара транспарентна истрага, утврдување на институционалните пропусти и законска одговорност за сите инволвирани. Бегството не смее да значи избегнување на правдата, особено кога станува збор за обвинение за сообраќајна несреќа со смртни последици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Добра вест за Македонија! Продолжуваме да градиме!12:46Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
МакедонијаВо масовна тепачка во село Баница струмичко повредени неколку лица Четворица со тешки телесни повреди по масовна тепачка во село Баница струмичко. На 11.10.2026 во СВР Струмица е пријавено дека во 22:30 часот во дворно место на куќа во село Баница, струмичко, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М. и К.М. од една страна и П.С., М.С., Т.С., С.С., С.С. и С.С., од друга страна, сите од село Баница, во која со различни предмети си нанеле повреди по главата и телото. Повредените биле пренесени во Медицински центар Струмица, каде кај лицата Р.М., К.М., Т.С. и М.С. биле констатирани тешки телесни повреди. Предметите кои ги користеле при пресметката се пронајдени и одземени. За настанот е известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, стои во билтенот на МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Добра вест за Македонија! Продолжуваме да градиме!12:46Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
ЕвропаДва патнички автобуса се превртеа во Турција, десетици повредениДва патнички автобуса се превртеле денес во Турција, а според локалните медиуми, има повредени лица. Пет лица се повредени денес во Турција откако минибус се превртел на патот Анталија-Испарта. Несреќата се случила околу 10:30 часот во близина на крстосницата Топали во областа Аксу, а причина за несреќата било масло истурено на коловозот, објави порталот „Ахабер“ (Ahaber). Екипите за итна помош што пристигнаа на местото на настанот им пружиле помош на повредените, а започната е и истрага за да се утврдат деталите за несреќата. Денес во Турција се случи уште една сообраќајна несреќа, во која патничко комбе се преврте и заврши во канал во Мерсин, при што беа повредени 17 лица, пренесува истиот турски портал. Во областа Силифке во Мерсин, на патот од Силифке кон Ѓулнар, патнички минибус излетал од патот и се превртел во канал поради лизгавиот коловоз предизвикан од дождот. Минибусот е отстранет од местото на настанот со помош на служба за влечење, а беше покрената и истрага за несреќата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook