Драма во Венеција по судар на два чамца: Момче е мозочно мртво, девојката ја бараат во каналот (ВИДЕО)
2Драма во Венеција по судар на два чамца: Момче е мозочно мртво, девојката ја бараат во каналот (ВИДЕО)
3Нашиот Македон на 12 години е примен во престижната Програма за талентирани млади при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД
Технологија„Мајкрософт“ се согласи да овозможи интероперабилност со конкурентските алатки за комуникација Според ЕК, со ова „Мајкрософт“ ќе придонесе за овозможување фер конкуренцијата и ќе го отвори пазарот за други добавувачи на алатки за комуникација и соработка. Компанијата „Мајкрософт“ се согласи на измени во своите практики со цел да ја отстрани загриженоста на Брисел поради поврзувањето на популарната платформа за тимска соработка Мајкрософт Тимс со нејзините апликации Ворд, Ексел, ПауерПонт и Аутлук, преку пакетите Офис 365 и Мајкрософт 365. Како што соопшти Европската комисија, американската компанија се обврзала да ги нуди своите пакети без Тимс и тоа по намалени цени, да им овозможи на постојните клиенти префрлање на пакети без Тимс, да обезбеди интероперабилност за клучните функции помеѓу конкурентските алатки за комуникација и соработка со одредени производи на „Мајкрософт“ и да им овозможи на корисниците да ги преместат своите податоци од Тимс на конкурентски платформи. Според ЕК, со ова „Мајкрософт“ ќе придонесе за овозможување фер конкуренцијата и ќе го отвори пазарот за други добавувачи на алатки за комуникација и соработка. Извршната потпретседателка за чиста, праведна и конкурентна транзиција, Тереза Рибера информира дека со ова „Мајкрософт“ се обврзува да стави крај на неговите „практики на врзување“ што ги оневозможуваше конкурентите ефикасно да се натпреваруваат со Тимс. - Тоа овозможува конкуренција на овој клучен пазар и им гарантира на бизнисите слободен избор на производот за комуникација и соработка, што најдобро одговара на нивните потреби, наведе Рибера, потсетувајќи дека од пандемијата на корона вирусот, голем број организации во Европа и низ целиот свет во голема мера се потпираат на алатки за видеоконференции, разговори и соработка. Преземените обврски од страна на „Мајкрософт“ ќе важат во следните седум години. Тагови: Мајкрософт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУжас на Халкидики: Чакал изгриза двегодишно дете, а потоа и маж од СрбијаДетето повредено во нападот на чакал во Неос Мармарис е стабилно и останува во болница.Грчките медиуми денеска објавија нови информации за нападите на диви животни во Неос Мармарис на Халкидики и потврдија дека во двата случаи се повредени лица од Србија, пренесе Телеграф. Според денешните извештаи на грчките медиуми, 2-годишно момче од Србија претрпело повреди на главата и грбот и се наоѓа во болницата Ипрактио во Солун. Неговата состојба е добра, прима серум против беснило и останува во болницата во согласност со пропишаниот медицински протокол. Неколку дена подоцна, во истата област бил нападнат и турист од Србија. Според грчките медиуми, дивото животно го каснало по вратот или задниот дел од главата. Тој бил однесен во болницата во Полигирос, каде што му била укажана прва помош, по што бил пуштен. Од 2-годишното дете е земен примерок од генетски материјал и испратен во лабораторија за да се утврди дали е нападнато од волк или од чакал. Анализата ќе се обиде да утврди и дали постои генетска врска со волкот што нападна петгодишно дете во Неос Мармарис во септември 2025 година. Во тоа време беше организирана потрага по животното, но не беше пронајдено. Особено е загрижувачко однесувањето на животното, бидејќи двата инцидента укажуваат дека тоа целосно се навикнало на присуството на луѓето и повеќе не го покажува очекуваниот страв од луѓето - не ги перцепира како закана, туку како плен. Надлежните служби го бараат животното, а на жителите им се препорачува да бидат особено внимателни ноќе и да не оставаат ѓубре надвор од контејнерите. Како потсетување, експертите апелираат дека секое каснување или гребење од кој било цицач, особено лисици, кучиња или лилјаци, бара задолжителна медицинска евалуација. Заклучокот за сите патници и жители е да избегнуваат каков било контакт со кучиња скитници или диви животни во камповите и на плажите, како и да побараат итна медицинска помош без одлагање во случај на каснување. Иако секогаш мора да се преземат мерки на претпазливост, ризикот од беснило од кучиња и други копнени животни во Грција во моментов е на исклучително ниско ниво.Тагови: Халкидики Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НаукаЕвропската вселенска агенција лансира два сателита- ќе собираат податоци за климатските промени Европската вселенска агенција (ЕСА) денес успешно лансираше два сателити во Земјината орбита, Sentinel-3C и Flex, кои ќе собираат податоци за екстремни временски настани.Европската вселенска агенција (ЕСА) денес успешно лансираше два сателити во Земјината орбита, Sentinel-3C и Flex, кои ќе собираат податоци за екстремни временски настани, услови на вегетација и промени во морската и копнената средина поврзани со климатските промени. Ракетата Vega-C што ги носи сателитите Sentinel-3C и Flex беше лансирана од вселенскиот центар Куру во Француска Гвајана, а двата сателити влегоа во орбитата во рок од два часа од лансирањето, објави Дојче Веле (DW). Сателитот Flex (Fluorescence Explorer) има за цел да обезбеди податоци за влијанието на топлотните бранови врз растителниот свет преку следење на многу слабата флуоресценција што ја емитуваат растенијата за време на фотосинтезата. Оваа флуоресценција, објаснува DW, покажува колку ефикасно вегетацијата ја претвора сончевата светлина и јаглерод диоксидот во енергија. Податоците што ќе ги собира сателитот ќе им помогнат на научниците да го проценат здравјето на растенијата, продуктивноста на екосистемот и последиците од влијанијата врз животната средина и климатските промени, соопшти ЕСА. Се очекува мисијата од 350 милиони евра да трае три години. Сателитот ќе орбитира околу Земјата 14 пати на ден, враќајќи се на одредени локации на секои 27 дена. Сателитот Sentinel-3C ќе собира податоци за морската средина, вклучувајќи ја температурата, висината на брановите и океанските струи. Исто така, ќе го следи користењето на земјиштето и земјишната покривка, со цел оптимизирање на приносите и спречување на кризи со храна. Sentinel-3C е дел од програмата Коперник, компонентата за набљудување на Земјата од вселенската програма на Европската Унија. Симонета Чели, директорка на програмата за набљудување на Земјата на ESA, рече дека мисиите се „суштински“ за справување со климатските промени што моментално се чувствуваат.Тагови: Европската вселенска агенција климатски промени Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДрама во Венеција по судар на два чамца: Момче е мозочно мртво, девојката ја бараат во каналот (ВИДЕО)Млад Италијанец (25) е прогласен за мозочно мртов откако нивниот чамец се судрил со водно такси во Венеција, додека неговата сопруга (26), бразилска државјанка, сè уште се води како исчезната.Несреќата се случила во сабота наутро, пред изгрејсонце, во каналот помеѓу островот Тесера и аеродромот Марко Поло во Венеција. Според досегашните информации, италијанскиот рибар од Бурано патувал во мал чамец со својата бразилска сопруга кога се судриле со водното такси. 25-годишникот претрпел тешка трауматска повреда на мозокот во судирот, како и други повреди. Тој бил итно префрлен во болница, каде што бил опериран, а потоа лекуван на интензивна нега. Лекарите се обиделе да му го спасат животот, но без успех. Младиот човек оттогаш е прогласен за мозочно мртов. Неговата сопруга Габриела сè уште се води како исчезната. Досега е пронајдена само нејзината чанта. Нуркачи, пожарникари и карабинери учествуваат во операцијата за пребарување, поддржани од хеликоптер. Оштетениот и потонат чамец на младиот рибар е лоциран и ќе биде извлечен од водата, по што ќе биде темелно испитан. Истражителите се обидуваат да реконструираат што се случило во раните утрински часови. Според првичните информации, во делот од каналот каде што се случила несреќата нема камери што би го снимиле судирот. Возачот на водното такси им рекол на истражителите дека не видел други чамци пред судирот. Затоа, причината за несреќата засега е непозната. Карабинерите обезбедиле водно такси, додека експертите ќе се обидат да утврдат како се случил судирот откако ќе се извлече вториот пловил. #Venezia, proseguono ricerche donna dispersa nel canale di Tessera. Al lavoro sommozzatori ed elicottero #vigilidelfuoco. Sul posto personale dell'Arma dei @_Carabinieri_ [#14settembre 12:30] https://t.co/HVLE3d5MWb — Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) September 14, 2026 Според бразилските и италијанските медиуми, починатиот млад човек е Шон Микиели, додека името на неговата сопруга е Габриела Кверино. Бразилскиот портал „Метрополс“ објавува дека двојката се венчала пред само три месеци. Двајцата се запознале во Венеција, градот каде што подоцна почнале да живеат заедно. Габриела наводно живее во Италија околу две години, потврди нејзината сестра Марија Едуарда на социјалните мрежи. Таа моментално се обидува да патува во Италија за да помогне во потрагата по својата сестра.Тагови: венеција каналот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook