Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит лов
1Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
2Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит лов
Култура„Мајка“ на Теона Стругар Митевска ќе ја отвори програмата „Хоризонти“ на Венецискиот филмски фестивалФилмот „Мајка“ на Теона Стругар Митевска ќе ја отвори програмата „Хоризонти“ на годинашниот Филмски фестивал во Венеција и ќе се натпреварува за награди во повеќе категории, меѓу кои - режија, сценарио, најдобар филм, актерски остварувања.&nbs-Теона Стругар Митевска третпат се претставува со свој филм во официјална програма на фестивалот во Венеција, по „Најсреќниот човек на светот“ (селекција Хоризонти, 2022) и експерименталниот „Дваесет и еден ден до крајот на светот“ (селекција Авторски денови, 2023), соопшти Агенцијата за филм. Новиот филм на режисерката е инспириран од животот на Мајка Тереза, „особено од нејзината внатрешна борба да ја оствари својата визија и хумана мисија“. Продуцентката на филмот Лабина Митевска изјавува дека идејата за филмот почнала да се развива пред повеќе од десет години, за време на подготовките и снимањето на документарниот филм „Тереза и јас“, проект финансиран од Македонската радио-телевизија. -Делото што го остави зад себе оваа жена, како и нејзината духовна енергија што сè уште се чувствува во Калкута, длабоко ја допре Теона и ја разбуди нејзината авторска потреба за ново филмско истражување. Оттаму започна нејзината соработка со еден од најистакнатите македонски писатели, Гоце Смилевски, кој по години посветено истражување и пишување го создаде сценариото за филмот „Мајка“, вели продуцентката Митевска. Шведската актерка Номи Рапас („Девојката со тетоважа на змеј“, 2011) е во улогата на Мајка Тереза, актерот Никола Ристановски ја толкува улогата на отец Фредерик, а Силвија Фокс е во улогата на сестра Агнешка. Филмот е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Шведска, Индија, Босна и Херцеговина и Данска. Поддржан е од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Creative Europe – MEDIA, Данскиот филмски институт, Belgium Tax Shelter, Белгиската национална и регионална филмска поддршка, Белгиската национална телевизија, Шведскиот филмски фонд, шведски регионални фондови, Филмскиот фонд од Сараево и Индиската канцеларија за повраток на данок. Директор на фотографија е Виржини Сен Мартан од Белгија, долгогодишен соработник на Митевска. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија е Јане Ќортошев, сценариото го потпишуваат Гоце Смилевски, Теона Стругар Митевска и Елма Татарагиќ. -Селекцијата „Хоризонти“ на Венецискиот филмски фестивал, која годинава ќе биде отворена со македонскиот филм „Мајка“, е наменета за филмови што внесуваат нови естетски и изразни правци во современата кинематографија. Особено се вреднуваат дела со иновативен пристап во раскажувањето, визуелниот стил и филмскиот јазик, наведува Агенцијата за филм. По повод новото претставување на македонската кинематографија на еден од најпрестижните филмски фестивали во светот, Агенцијата најави ексклузивни информации на прес-конференција со „Сестри и брат Митевски продукција“ в петок, 25 јули, во Спомен-куќата на Мајка Тереза. Ќе говорат директорот на Агенцијата за филм, режисерката Теона Стругар Митевска, продуцентката Лабина Мативска и членовите на филмската екипа.Тагови: венеција филм Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, седум лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, Р.Џ.(27) од с.Крушопек, скопско, 16-годишник од Неготино, А.М.(32) од Чашка, Б.М.(45) од Берово, М.К.(20) од с.Драслајца, струшко и Б.С.(39) од с.Обршани, општина Кривогаштани. Двајца возачи управувале возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило. Станува збор за Ј.Б.(23) од с.Тремник, неготинско и З.Ј.(55) од Скопје. Додека, пак, А.Ц. (55) од Прилеп управувал под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит ловНа 12.11.2026 во 19:10 часот полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода М.М.(66) и Т.М.(76), двајцата од село Бистренци, демиркаписко. Претходно, од ловечко друштво „Вардар“ Неготино било пријавено дека на 10.11.2026 на простор на ловиште Корешница во село Бистренци биле забележани две лица кои поставиле недозволени предмети за лов на диви животни и ловеле во време на забранет лов, по што полициски службеници презеле мерки и активности за нивно пронаоѓање. По издадена судска наредба од Основен суд Кавадарци, извршени биле претреси во домовите на М.М. и Т.М., при што во домот на М.М. биле пронајдени и одземени предмети за лов на диви животни, ловечки патрони, ловечка пушка и месо од различни видови диви животни, а во домот на Т.М. биле пронајдени и одземени пушка, предмети за лов на диви животни и дозвола за оружје со измината важност. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: ловечко оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаМинистерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на СкопјеСо положувањето цвеќе и оддавањето почит на борците кои ги дадоа своите животи за слободата на градот, беше испратена порака за трајно почитување на нивната храброст, пожртвуваност и историски придонес.Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и претставници на институциите, денеска беше дел од делегацијата која со пригодни активности ја одбележа 82-годишнината од ослободувањето на Скопје, 13 Ноември 1944 година. По повод Денот на ослободувањето на Скопје, делегацијата положи свежо цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на гробот на генерал Михајло Апостолски во Алејата на заслужните граѓани, како и пред Споменикот на ослободителите на Скопје пред зградата на Владата. Со положувањето цвеќе и оддавањето почит на борците кои ги дадоа своите животи за слободата на градот, беше испратена порака за трајно почитување на нивната храброст, пожртвуваност и историски придонес. 13 Ноември е еден од најзначајните датуми во историјата на Скопје, ден кој ја симболизира слободата, единството и непокорот на неговите граѓани. Одбележувањето на овој ден претставува потсетник за обврската да го негуваме историското наследство и вредностите врз кои се темели иднината на градот. Со почит, Министерство за спортТагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter