„Магбет“ на Албански театар-Скопје вечер на „Охридско лето“ - Канал 5

„Магбет“ на Албански театар-Скопје вечер на „Охридско лето“

Албанскиот театар-Скопје ќе гостува вечер на 56. „Охридско лето“ со Шекспировата трагедија „Магбет“ во режија на Диана Добрева од Бугарија.

„Магбет“ на Албански театар-Скопје вечер на „Охридско лето“
Поради непредвидливите временски прилики, претставата наместо на Долни Сарај ќе се игра во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 21 часот.

На прес-конференција вчера беше посочено дека публиката ќе може да разбере зошто токму со оваа постановка на „Магбет“ театарската куќа прослави 65 години од основањето.

- Она што е многу важно е што ја запознавме Диана Добрева, нејзин беше предлогот да се работи „Магбет“ и драго ни е што како продукција го прифативме нејзиниот предлог и што таа соработка резултираше со ваков продукт, рече Анита Латифи од НУ Албански театар-Скопје.

Режисерката Добрева истакна дека нејзината најнова претстава е резултат на особениот впечаток што врз неа ја оставаат драмските дела во кои се обработуваат силни женски ликови.

- Многу интересно е да се работи Шекспир на албански јазик. Тоа воопшто не е лесно, но е мошне интересно бидејќи сметам дека албанскиот јазик е мошне магичен за сцена, дава мистериозна нишка на самото дело, рече таа.

За „Магбет“ таа рече дека е актуелен текст што бил таков уште при неговото создавање, уверена дека така ќе остане, како што истакна, до самиот крај на светот.

- Човекот за мене е апсолутно неверојатно суштество што живее во апсурдот, кое својот еден кус животен век неконтролирано го троши во некаква постојана борба за власт. Интересна ми е темата што е тоа што човекот го носи во својата природа, што е тоа што го тера постојано да води некакви лични битки само да се наметне над другите луѓе, рече Добрева, во чија претстава секој од актерите постојано го турка својот ковчег, на тој начин потенцирајќи го апсурдот на живеењето – да си смртен, а да се однесуваш како да ќе живееш вечно.

Теута Ајдини Јегени, која ја толкува ролјатa на крвавата Леди Магбет, рече дека да се игра улогата на најголемите манипулатори во историјата на светската драматургија е остварување на сонот на секоја актерка.

- За да се игра таа улога се потребни три компоненти што треба да ги поседуваш како актер - големо искуство, исклучителна ангажираност и посветеност кон улогата и, како најважно – добар режисер зад себе. За моја среќа, мислам дека ги имав сите тие компоненти, така што сметам дека испадна една добра претстава, рече Јегени, повикувајќи ја театарската публика да дојде и да ја изгледа нивната сценска изведба на големото драмско дело на Шекспир, за која е обезбеден и превод на македонски јазик. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: 150 милиони денари инвестициски циклус во Василево во патишта, училишта, спортски терени и комунална инфраструктура

Општина Василево за помалку од една година реализира и започна проекти вредни околу 150 милиони денари, во патишта, канализација, училишта, спорт, култура и комунална инфраструктура.

ВМРО-ДПМНЕ: 150 милиони денари инвестициски циклус во Василево во патишта, училишта, спортски терени и комунална инфраструктура

Се инвестира во сите населени места, а општината создава подобри услови за живот и посигурна иднина за сите граѓани.

Василево продолжува со силно темпо и продолжува со нови проекти, нови инвестиции и уште поголема динамика.

Еден од поголемите и покомплексни инфраструктурни зафати што се реализира е во Пиперево. Таму, по изградбата на системите за фекална и атмосферска канализација, во последна, завршна фаза е асфалтирањето на главната улица и изградбата на пешачка патека од двете страни на улицата.

Во Владевци сe асфалтира патот што води до црквата „Успение на Пресвета Богородица“.

Во Нова Маала се асфалтира улицата покрај ООУ „Атанас Нивичански“, а заврши и асфалтирањето на патот кон селските гробишта. Во Добрашинци се заврши со асфалтирањето на дел од главната улица. Во Едрениково е изграден мост во близина на училиштето, со што се реши долгогодишен проблем во тоа населено место.

Василево продолжува да се гради, да се развива и да оди напред со дела и со работа за секој граѓанин. Василево продолжува со силно темпо.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанија заплени два тони кокаин од јахта поврзана со балканска нарко мрежа

Шпанија заплени два тони кокаин од јахта што пловела под полско знаме, поврзана со балканска нарко мрежа. 

Шпанија заплени два тони кокаин од јахта поврзана со балканска нарко мрежа

Пресретнувањето на едрилицата што го превезува кокаинот во Атлантикот доведе до демонтирање на логистичка мрежа за трговија со дрога.

Операцијата дончела, спроведена од шпанската служба за царински надзор заедно со француските царински власти, резултираше со пет апсења и заплена на повеќе од 2.000 килограми кокаин на околу 640 километри од галиција. Со помош на американската администрација за борба против дрога, националната агенција за криминал на Велика Британија и португалскиот центар за поморска анализа и операции за наркотици, шпански патролен брод ги пронашол и лоцирал шверцерите на 400 милји од Галиција. Полицајците пронајдоа 70 бали што содржеа 2.100 килограми кокаин складирани на палубата. Операцијата доведе до апсење на четири члена на екипажот - од аргентинска, уругвајска, колумбиска и албанска националност - а осомничениот Албанец е наводно одговорен за надгледување на испораката до купувачите на балканот.истрагата останува отворена додека полицајците се обидуваат да уапсат човек во Барселона за кој се верува дека е одговорен за надзорот и логистиката на групата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИН МЕМОРИАМ: Тонкица Митровска (1948-2026)

Друштвото на филмски работници со неизмерна почит се збогува од својата долгогодишна и истакната членка, Тонкица Митровска, пионер на македонскиот анимиран филм, кој остави неизбришлив траг во македонската кинематографија.

ИН МЕМОРИАМ: Тонкица Митровска (1948-2026)

Нејзиното заминување е огромна загуба за културната сцена, но нејзиното творештво останува како траен споменик на една извонредна кариера.

Како дипломиран графичар Тонкица Митровска беше еден од темелниците на познатата „Скопска анимирана школа“ во рамките на Студиото за анимација на „Вардар филм“ и со децении го ткаеше својот талент во визуелната меморија на генерации. Соработувајќи со најголемите авторски и режисерски имиња, таа вдахна живот во повеќе од 20 анимирани остварувања, носејќи автентичност, прецизност и уметничка длабочина во секој кадар. Во својот децениски творечки опус, таа остави неизбришлив творечки печат соработувајќи како аниматор, фазер и цртач на повеќе култни анимирани остварувања, со што суштински го трасираше патот и го подигна уметничкиот стандард на македонската анимација.

За својот извонреден професионален ангажман, исклучителниот придонес и лојалноста кон филмската уметност, ДФРМ ја одликуваше Митровска со престижната награда „Златна рамка“ во 2021 година, а нејзиниот животен опус беше крунисан и со признанието „Златен објектив“ (2023) доделено од Кинотеката на Македонија.

Македонската филмска фела изгуби извонреден професионалец, предан колега и тивок уметнички генијалец чиј ведар дух и скромност беа инспирација за генерации филмски автори. Нејзиното дело останува трајно вградено во колективната културна меморија и во темелите на нашата кинематографија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер