„Macedonian Open 2025“ микс на млади и искусни тенисери - Канал 5

„Macedonian Open 2025“ микс на млади и искусни тенисери

Годинашново издание на АТП Челинџерот Macedonian Open е убава можност за напредок на АТП листата на сите присутни тенисери.

„Macedonian Open 2025“ микс на млади и искусни тенисери

Ова особено се однесува на младите тенисери, кои преку игрите во Скопје треба да „соберат“ повеќе поени.

Турнирот е од рангот „Challenger tour 75“ со награден фонд од 100.000 долари. Ова е трето издание откако во 2023 година турнирот беше возобновен по неколку годишна пауза.

- Целта на турнирот е да имаме квалитетни играчи и добри мечеви. Ние како федерација сме горди што трета година по ред го организираме турнирот и со тоа Скопје е на светската тениска карта. Турнирот е се посилен, а воедно е микс на млади играчи кои се желни за докажување, како и искусни играчи, кои имале забележителни резултати пред година – две. Она што е важно е дека квалитетни јуниори доаѓаат на овој турнир. Составот на играчи годинава е: млади (18-21 година), потоа „зрели“ од 22 до 26 години и искусни, над 26 години. На турнирот ќе играат и тројца победници на Грен слем турнирите од пред некоја година Мили Пољичак од Хрватска (победник на Вимблдон во 2022 година) и ривал на нашиот Ивановски во првото коло, потоа Дино Прижмиќ од Хрватска победник на Ролан Гарос во 2023 година, како и Николај Будков Кјаер од Норвешка победник на Вимблдон во 2024 година. Во кругот на млади играчи се секако и нашиот Калин Ивановски, рече претседателот на македонската федерација Александар Ивановски на денешната прес-конференцијата.

На турнирот ќе настапат и Лука Микрут од Хрватска, Максим Мрва од Чешка (2024 година ја заврши како јуниор број 2) и ланскиот победник од Скопје Жоел Шварцлер од Австрија. Внимание секако привлекува и носителот број 1 Хуго Делиен од Боливија, со најдобар ранг во ТОП 60 и кој имаше настап претходната недела на Мастерсот 1000 во Рим, а е и на листата учесници на Ролан Гарос. Во одлична форма со два освоени Челинџер турнири (Острава и Тунис) во Скопје ќе се појави и Жомбор Пирош од Унгарија.

На турнирот има и неколку иновации, кои ќе бидат задолжителни во следниот период.

- Почетокот на турнирот се одвива на високо ниво и веќе имаме позитивни „забелешки“ од судиите и играчите. На терените се поставени и шест камери за следење на линиите. Мечевите на нашите тенисери вчера во квалификациите покажаа дека гледачите и љубителите на тенисот сакаат да следат добар тенис, а очекуваме добри и интересни мечеви и во сингл и во двојки, секако и нашите тенисери да добијат поддршка. Воедно ова треба да претставува и добра увертира за Дејвис куп мечевите на Македонија што нашата репрезентација на почетокот на јуни ќе ги игра тука на терените на ТК Југ во Градски парк, изјави директорот на турнирот Горан Шевченко.

Турнирот ќе се одвива во текот на оваа недела, полуфиналните мечеви во двете конкуренции ќе се играат во петок, а во сабота се планирани финалните мечеви. Победникот на турнирот ќе освои 75 поени, како и награда од 12.980 евра.

Ивановски: Чест е да се игра пред домашна публика

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски оваа година ќе го има својот втор настап на АТП Челинџер турнирот „Macedonian Open“. Минатата година поради повредата на колкот Ивановски не беше учесник, а во изминатиов период имаше неколку настапи на турнири за враќање во формата.

Секако за одбележување беше настапот на турнирот во Опатија кога преку квалификациите (три кола) успеа да стигне до финалето што значи дека одигра осум мечеви и забележа седум победи. Но, настапот во Скопје пред домашната публика е секако мотив за добар резултат. Тениската и спортска публика секако ги памети мечевите кога Ивановски пред две години триумфираше на фјучрс турнир во Скопје.

Во првото коло Ивановски за ривал го има хрватскиот тенисер Мили Пољичак, осми носител, кој во 2022 година беше победник на јуниорскиот турнир на Вимблдон. Мечот ќе се игра утре (вторник).

- Драго ми е што пак сум тука, што ќе играм во Скопје. Секако чест и задоволство е да се игра пред домашната публика. Добро се познавам со мојот утрешен ривал Пољичак, тренираме во ист клуб. Што се однесува до подготвеноста, сметам дека добро сум подготвен, но едно знам дека утре ќе има добар тенис, изјави Калин Ивановски на денешната прес конференција.

Ивановски е единствениот македонски тенисер во главниот турнир, додека четири играчи беа елиминирани во првото коло од квалификациите. Во конкуренција на двојки Ивановски ќе игра со Берк Бугариќ (настапија заедно и во 2023 година), а Амар Хусеиновиќ ќе настапи заедно со Стефан Латино.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што гледаат луѓето пред смртта- научниците споредиле искуства на 50 лица

Од сите искуства поврзани со искуства блиску до смртта (NDEs), ниту едно не е толку познато како светлината на крајот од тунелот.

Што гледаат луѓето пред смртта- научниците споредиле искуства на 50 лица

Луѓето кои биле на работ на смртта, па дури и оние кои биле мртви неколку моменти, понекогаш опишуваат движење низ темнина, како тунел, кон портал на светлина, премин во друг свет, објавува ScienceAlert.

Сликата станала толку вкоренета во популарната култура што станала моќен симбол на крајот на животот.

Сепак, не сите преживеани блиску до смртта виделе тунел. Некои опишале огромен, осветлен простор, закривен хоризонт или чувство дека се опкружени со светлина, според студија на 50 преживеани блиску до смртта.

Истражувачот за неврофеноменологија Франс Лернер од Универзитетот во Хаифа во Израел и нејзините колеги сакале визуелно да пристапат кон прашањето, верувајќи дека тоа ќе открие обрасци што зборовите не можат, објави веб-страницата.

На учесниците им било кажано да нацртаат облик на простор што го паметат дека го доживеале и да опишат каде се доживуваат себеси во него, како се движат низ него и какви бои се сеќаваат. Потоа научниците составиле база на податоци од овие реконструкции и ги споредиле, барајќи сличности во геометријата на просторите. Откриле дека конусните простори, кои го вклучувале познатиот тунел, се повторувале често, како и широките, закривени простори како лакови.

Учесниците исто така често цртале простори кои изгледале како целосно да го опкружуваат набљудувачот, како што е внатрешноста на сфера или овал.

Од 28-те конусни простори што ги реконструирале учесниците, 22 биле црни, бели или сиви, или во светлина без препознатлива нијанса. Од друга страна, 27 од 31 широки, закривени простори биле перцепирани во боја.

Според Лернер и нејзините колеги, истражувањата за невронауката и перцепцијата веќе документирале некои слични визуелни односи.

Еден пример е тунелскиот вид, кој може да се појави кога е нарушено снабдувањето со кислород до мрежницата или мозокот, стеснувајќи го видното поле. Според неа, доминацијата на црната, белата и сивата боја во простори слични на тунел има научно објаснување поврзано со човечкиот вид.

Во услови на слаба осветленост, нашите очи стануваат помалку чувствителни на бои бидејќи клетките чувствителни на светлина одговорни за гледање во темнина преземаат контрола.

Иако истражувачите претходно идентификуваа повторливи карактеристики кај луѓе кои доживеале искуства близу до смртта, како што се тунели и светла, малку внимание е посветено на просторната структура на овие искуства или на тоа како луѓето се перцепираат себеси додека се движат низ нив.

Студијата е објавена во списанието „Frontiers in Psychology“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карикатурист е осуден на четири години затвор- нацртал карикатура на кралот на Мароко

Мароканскиот карикатурист Јасер Мунбир е осуден на четири години затвор за „навреда на кралот“ по објавувањето на карикатура од Мухамед VI, објави денес неговиот адвокат.

Карикатурист е осуден на четири години затвор- нацртал карикатура на кралот на Мароко

Судот во Казабланка, исто така, му наложи на карикатуристот да плати казна од 40.000 дирхами, или 3.600 евра.

Неговиот адвокат, Фарук Мехдауи, објави дека ќе поднесе жалба на пресудата.

Член 179 од мароканскиот кривичен законик забранува „клевета, навреда или нарушување на приватноста на кралот“, а таквите дела се казнуваат со затвор од шест месеци до две години.

Во случајот на 22-годишниот Јасер Мунбир, казната е двојно зголемена бидејќи цртежот е објавен онлајн, објави „Ле Фигаро“.

Мунбир беше уапсен во јуни откако цртал и објавил карикатура од кралот на Мароко на својот Инстаграм профил.

Мароканското здружение за човекови права (AMDH) побара негово ослободување.

Активистите за човекови права во Мароко побараа укинување на законите за кои велат дека ја ограничуваат слободата на изразување, како и помилување на осудените за објави на социјалните мрежи, пишува Фигаро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Телефоните на германските министри и пратеници на удар на шпионски софтвер

Apple предупреди дека iPhone-ите на членовите на Бундестагот и членовите на федералната влада можеби биле цел на шпионски софтвер. 

Телефоните на германските министри и пратеници на удар на шпионски софтвер

Германскиот министер за дигитална администрација, Карстен Вилдбергер, изјави дека Федералната канцеларија за информациска безбедност (BSI) им советувала на засегнатите да претпостават дека нивните уреди се компромитирани за секој случај, бидејќи предупредувањето не укажувало дали нападот бил успешен.

Според BSI, овој вид шпионски софтвер може да им даде на напаѓачите пристап до пораки, вклучително и оние испратени преку шифрирани апликации, како и повици, контакти, календари и податоци за локација. Исто така, може да го вклучи микрофонот и камерата на телефоните.

Вилдбергер изјави за ARD дека „добивме известување од Apple дека одредени уреди можеби биле компромитирани од таканаречен шпионски софтвер“, објави Euronews.

Предупредувањата до засегнатите телефони почнаа да пристигнуваат на 29 октомври, според BSI, и тие наведоа дека Apple го открил нападот користејќи „шпионски софтвер“. Министерот рече дека BSI „реагирала супер брзо“ и ги известила засегнатите, со упатства за заштита. Вилдбергер не кажа колку политичари биле предупредени или кои биле цел. Ниту „Епл“, ниту германските власти не кажаа кој би можел да стои зад нападот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер